Вода и чаеви во толкава количина може електролитен дисбаланс да му направи и верувај ми чувството на ситен најмал проблем е во таа ситуација. Пробитик си пробала да му даваш наместо чај? Или ти да пиеш компот од суви сливи и така да внесува бебето преку доење.
@Malesia Јас пиев по две тегли компот од сливи и имаше ефект уште одма. Чај и вода не сум давала се додека не воведов цврста храна.
Зошто мислите дека не бебе му е потребно вода? Па смислување начини како да пие.. Едноставно кога ќе треба ќе си бара и ќе пие. На 3 месеци вода не само што не му треба, туку му штети.
Не велам да му давам по големи количини, не ја сака оти не му е уба. Јас мислам дека му треба по малце вода оти е многу активен, се преморува од движење, постојано е во лиги што се буквално вода и не е често на цицка пошто не сака.
А како мислиш ќе си бара и ќе пие ако не пробуваш да му дадеш по малце. Од каде си сигурна дека не му треба , мислам знам јас правила но секој си го познава бебето колку и дали му треба. Дека е штетно не верувам кога се е вода. Ад го раствараат со вода , мајчиното е исто вода зошто да е штетна чиста вода по која логика?
За вода и чајче ни педијатрите немаат исто мислење...има многу истражувања исто така различни а и секое дете не е исто... темава е многу длабока
Како од каде е сигурна? Зошто прашувате прашања ако вие се си знаете? Не оди на доктор за ништо, нели се си знаат мајките. Водата може да предизвика електролитен дисбаланс. Може да предизвика хипонатремија состојба опасна по живот на бебето. Не можеш ти да проценуваш дека му требало вода затоа што бил активен. Вода не му треба ниту на доено бебе ниту на бебе што е на ад. Што да ти кажеме на прашањето како да му даваш вода, бидејќи твоето бебе ја нејќело затоа што не му била убава. Како процена ти дека не му е вкусна затоа не ја сака. Не ја сака затоа што нема потреба. Бебе од 3 месеци се раководи по потреби а не по желби. Плаче кога има некаква потреба, спие кога му се спие, кога нешто одбива значи не треба да го правиш, а не да му форсираш. Особено нешто толку опасно како вода. Ад се прави со вода затоа што ад е така специјално направено со додадени електролити за да не се дозволи да се дојде до тој електролитен дисбаланс. И со ад ако туриш повеќе вода одколку што треба можеш истата грешка да ја направиш. Хипонатремија може да е ургентна состојба и не се игра со такви работи заради измислен проблем.
Затоа што во 21 век има истражувања и докази кои велат дека не треба вода на доенчиња. Не секогаш мајката знае најдобро. Ако те мрзи да читаш по интернет, ете @Mantub ти направила сиже зошто не треба.
Сите истражувања што сум ги читала, никое не дошло до заклучок дека треба да му се дава вода, а за штетни последици и случаи можам да ти посочам колку сакаш. Дехидратација се познава по други работи, мочката му е многу темна и поретко ќе полни пелени, на јазичето има бели наслаги, плачењето ќе му биде како суво, без солзи, и баш ќе биде неактивен ако е дехидриран. Активноста не е показател дека му фалат течности, баш напротив.
Би додала дека и фонтанелата ќе му дојде до израз оти доаѓа и до вдлабнување на кожата во тој дел, и можно е да крене температура.
А тоа што се вдлабнува кога седи во транспортер, релаксатор и сл.? Тоа не е одраз на дехидратација, така?
Сигурно не потонува како кај дехидрирано бебе. Пиши на гугл sunken fontanelle dehydration - не мислиш на ваква, сигурно.
До толку не, но потонува кога седи и му пулсира, а ако го ставам во лежечка положба, се враќа во нормала. Педијатар ми рече дека е нормално и дека не е знак за дехидратација ако полни пелени.
Бебе што е на доење само не му треба ни вода ни чај. Дури и да е пола-пола, не му треба чај, затоа што со мајчиното млеко се задоволува потребата од течност Бебе што е на АД само мора да пие околу 100 мл. чај, затоа што може да дехидрира. Така ми има кажано педијатар, еве @Mantub исправи ме ако сум грешка, ти си по оваа проблематика.
Не се согласувам. 100 мл се преголема количина, толку им ce дава на 6 месечни бебиња што почнуваат со цврста храна. Исто ова од педијатар и од се што сум читала досега.
Има ли врска количината на водата со тоа колку грама каша изело? Да речеме, 100 мл вода за 120 гр каша. Моево јаде сега 80 гр каша, на почеток е со дохранава, но едвај пие вода и едвај успевам да му дадам околу 30 мл вода.