Да, има врска. 30 мл се одлично. Водата се воведува полека бидејќи секако бебето ги добива течностите кои му се потребни од млекото кое сеуште го пие и ако сега почнувате со дохрана, 30 мл се супер затоа што кога се почнува со дохрана само неколку голтки се доволни. Ако ја одбива водата, не се секирај, не е жеден, нема шанси да одбива ако е жеден.
Затоа што твојата логика е истата логика на нашите баби и мајки, кои верувај врска немале што прават. Детето незнае, ама ти знаеш. Иначе компарација ад и вода со ова другово благе везе нема. Ова секоја мајка знае најдобро одамна ми нема смисла.
@0ли Нема врска количината на вода со количината на каша, има врска со степенот на развој на бебето. До 6 месеци не се дава ни капка вода ни чај. Бебето нема развиени бубрези и можеш сериозно да го зезнеш. До 6 месеци, бебешкото стомаче е адаптирано исклучиво на млеко, или формула која самото име кажува дека е адаптирана за нивното стомаче. Од 6 месеци до 1 година се дава контролирано, до 500мл во потоплите денови. Од 1 до 4 години се смета дека детето внесува преку течности и храна околу 800/900мл што му е сосем доволен дневен внес.
Јас секогаш велам бебето знае повеќе од мене. Бидејќи бебето се води по инстинкт и кај бебето нема прашување Дали ова го сакам или ова го сакам, а кај нас има прашување Дали ова е правилно или не. Ако бебето одбива нешто значи дека има причина зошто го одбива. Бебе и дете нема шанси да одбива вода ако не е доволно хидрирано. Храна ќе одбие поради било каква причина, вода не.
Има врска со количината на каша затоа што кога е на почеток на дохрана и јаде помала количина каша, му треба и мала количина вода затоа што сеуште пие млеко.
Добро тогаш, си реков да не треба повеќе. Му давам и океј е со тоа на почеток, па после почнува да ми 'ржи и да се тегне, претпоставувам дека така прави бидејќи не сака веќе.
Ако прави така и нема никаков друг знак на дехидратација значи толку му треба. Не се води по книга затоа што гледај. Има некои ги цицаат само до 6 месеци, почнуваат дохрана уште од 4 месеци, па на 6 месеци кога ќе им го тргнат скрос млекото, лесно стигнуваат до 100 мл вода. Ова се бројки за едно деноноќие односно 24 часа. Да, има бебиња што на 6 месеци пијат 100 мл, ама зависи од други фактори, зависи колку течности примаат во друга форма. Бебе што уште цица или пие ад, што уште има кашички направени со млеко, а почнува дохрана, обично бара по неколку голтки. Како што ќе ги намалуваш оброците со цицање или ќе почнеш да му даваш кашички без млеко, така ќе ја зголемуваш количината на вода. Ако си пие водичка, па после некое време веќе одбива, толку му треба, не се грижи.
Ама тебе не ти е прашањето како да ја даваш, се знае како да ја даваш ко што си пробала и досега да ја даваш, тебе прашањето ти е како да го убедиш бебето да не ја одбива, а ние ти викаме си има причина зошто ја одбива затоа што бебињата се многу паметни за своите потреби
Па не знам искрено дали некое бебе пие повеќе на почеток. Знам сите што ги читав овде вклучително и јас се жалевме дека едвај по неколку голтки пијат на почеток. Сосем нормално е да се зголемува количината со време. Да. Препорачана доза е до 400, според германски студии. Мене педијатарката ми рече до 500 може да се толерира летно време, кога е претопло, водата и брзо испарува кога се потат посебно. Мојата летово најмногу ноќе пиеше. И чував чаша до неа, и таа ноќе кога се будеше одма ја фаќаше чашата ама никогаш не испи повеќе од 260 мл. Остатокот го пиеше дење. Ама ова до 500, значи најмногу толку, а не да се форсира. Ако испие 30мл, 50мл или 100 мл е пак во ред, толку му се пиело.
Што ако за возрасни е правилото 2 литри во денот да испиеш кога јас повеќе од литар не можам. Два пати пробав да пијам по 2 литри, умрев од болки во бубрези и двата пати. Значи тоа правило мене не ми одговара, а немам никаков знак на дехидратација со 1 литар. Штом бебето вели дека е во ред, сигурно е во ред
Не бебето ја одбива затоа што не му е вкусна, зошто пример не одбива чај благичка така му е убава и си пие. Може дават вода купечка, каква, со шприц со лажичка времето кога ја даваат како ја даваат. Не зошто него како.
Јас не давам педијатарот за моево ми кажа или чајче или зовриена водичка со 2-3 капки портокал... одбрав чајче
Еве јас ќе ти одговорам. Купечка, изворска давам. Со лажичка или од чаша, додека јаде каша и после кашата. @Malesia Озбилно портокал?
Затоа има педијатри и педијатри. Има доктори што цела држава ги знае. Има доктори што ќе ти речат килибарно ѓерданче стави му кога вади заби.
Да, педијатарот е жена во години со квалитетна кариера позади себе па применувам совети...а од порано им давале во лажиче портокалче две три капки или лимон
Многу се кисели тие овошја, желудникот едноставно не може да се носи и треба од година натака да се даваат. А поради која причина портокал или лимон, со каква цел?