Почни со вода кога ќе почнеш со вкусови. Не постои такво нешто како "навикнување" на вода. Ако обидите биле неуспешни, значи не била спремна. Кога ќе е спремна, ќе биде успешен првиот обид. Нема потреба од вода штом е на ексклузивно доење.
Обичната ја користам исти се со бебешката. Си има декларација нс обичната дека е да приготвување храна за доенчиња А чај каков имаш дадено што не ти го сака и какви вкусови од што?
Синко кога беше новороденче пиеше вода и чај. Сега не сака ни вода ни чај. Се трга плаче. А, за некој ден полни 7 месеци.
Вкусови уште немам дадено ,а чај Бекутан ,ама она не сака ни капки ни пробиотик ни цуцла лажливка ,ни шише ни ништо освен мајчино млеко,за ротата војна водеше затоа мислам дека треба некое време за да се навикне на вода.
Земи од чајчето на Хип над 4 што е пробај тоа може не му се свиѓа бекутанот тие се со јаболка и благите каши од јаболко се многу вкусни за вкусови Ќе почне да сака лека полека Јади и пиј оред неа нека се интересира нека гледа
Колку притисок прави околината значи. Бебето кака еднаш во недела, само на доење е и е 4 месеци. Знам дека е нормално до 10 дена, а и не и прави проблем, само се искакува пообилно. Ама коментари леле многу малку е, чајче давај, зошто не даваш чајче... И тоа баш обвинувачки како да не сакам да и помогнам. И вчера купив, среќа не и дадов. Сум читала дека не се дава вода, ама ете кога толку луѓе ќе ти преречат. Ги исчитав коментарите овде и чајот оди во канта.
Секогаш ако се препорачува чај или вода, треба да се објасни и зошто не треба да се даваат, а потоа нека си одлучува кој како сака. Но пожелно е да се слушне и другата страна. Не е само да се советува ајде земи чај/вода, баш тој притисок од околината што спомна @SkarletOHara. Сигурно тие што те советувале да даваш не ти кажале колку и зошто не треба да даваш.
Земи чајче и пиј го ти штом сте на доење тој што е бебешкиот камилица и анасон Или пиј си нане мислам може за доење јади Што пиеш ти и бебето нели ем нема во глупа ситуација да те ставаат да се осеќаш ко намерно да не даваш
На почеток секако кашите се прават многу течни за да ги прифатат полесно и со тоа ќе ја внесе потребната количина на вода. Вака, нема да и биде јасно зошто и нудиш вода кога таа си цица и не верувам дека ќе успееш да ја навикнеш. Има бебиња 7-8+ месеци кои сеуште одбиваат вода, така да мој совет почни со вода кога ќе почнеш со храна. Јас за готвење користам Јана, а за пиење Хип.
Ако сакаш ќе дадеш ако не не твое право си е да немаш коментари од страна кажи дека секој ден кака и не им се замарај што помалку знаат тоа подобро и нема да те тормозат
Здраво мајки Бебушот веќе ми полни 6 месеци , ме интересира што чаеви им дававте на вашите малечки од типот на камилица, нане и сл.
Јас колку што знам такви чаеви се даваат после година. Имаш некоја причина да му даваш или информативно прашуваш? Вода е сосема доволно.