Да прашам, чајче бекутан против грчеви кога може да почне да се дава? Моево бебче има гасови и пред да се олесни така си приплакува, а некогаш и му ја вриснува, па се мислам дали да му дадам чајче , инаку уште нема ни месец дена.
Па може уште од раѓање да се дава, на него пишува доза за доенчиња, јас и на двете деца после првата недела им давав, и тоа ми го препорача и педијатарот на првата контрола, таа нели е отприлика по неколку дена откако ќе си дојде бебето дома. Досега немало несакани последици од чајчево. Позз
Јас би ти препорачала да почекаш со чајшиња,бидејќе е уште мало (така барем јас правев со малата) без ралика што ти рекол педијатарот.Би ти препорачала сируп на природна база кој е доста ефикасен јас 2 шишенца потрошив и бев задоволна,ми го препорача пријателка на тетками која е исто така педијатар и професор на факултетот за медицина во Хрватска. Го имаш во Зегин околу 450 ден можеш да му го видиш упатството пред да го купиш слободно побарај ако не си задоволна тогаш иди на варијанта бекутан.Повели слика
и ние набавивме Бекутан, ни рекоа може уште од раѓање, само дека е подобро ти да го пиеш, а бебето да го добива преку мајчиното млеко
ние пробавме секакви чеави нејќеше ништо а грцеви имаше мноооогууууу. и јас му давав colic baby и еспумисан капки. декес купив чај од шипинки читам дека е добар за имунитетот и има многу витамин Ц.топол го пиеше сега ќе видам ладен дали ќе сака.
јас му давав бекутан чајче и се давеше во него , покрај цицањето ги пиеше по 250-300 г дневно може некој не го одобрува тоа но ако му одговара на бебушот и ако сака да го пие слободно давај му помага со грчевите позз
Мене ми треба совет за ова. Ние се доиме, досега не сум дала ни вода ни чај( за грчеви ,давам капки). Пред некој ден кога бев за мене на леакр, гинекологот ми кажа да давам водичка, со 4-5зрна шеќер и две капки лимон во неа. Но, да ја давам со лажичка, а не со шише, за да не се одибие од цицање. Имам читано дека кога се дои детето нема потреба од дополнителни течности, но некако чудно ми е што е само на цицање. Ве молам поискусни мамички, дајте ми совет за ова. Да давам водичка или???
нема гајле од повеќе течности повеќе ќе мочка... ако сака да пие слободно давај по 100мл на ден вода и по 100мл чај а за шише и одбивање сметам дека нема врска.ако си има фатено ред во цицањето нема да се одбие така барем јас мислам
Да и даваш водичка ако сака, ама ретко кое бебе сака Само не знам зошто има потреба од шеќер и лимон. Цитрусно овошје не е препорачливо во првата година а и од шеќеров не гледам некој ќар. Јас на ќерка ми и дадв чајче од бекутан со шприц бидејќи не сакаше цуцла. По едноставно е отколку со лажиче бар додека е многу малечка.
Како бре нема гајле, што повеќе течности повеќе ќе мочка....ццццц : Меу не знам каков доктор е тој што те советувал/а да му даваш на новороденче вода, шеќер и лимон, на бебе што се дои нема потреба да се дава вода, шеќер уште помалку а цитрусно овошје се дава после годината затоа што може да добие осип и киселината е прејака за стомачето. На син ми тек кога почнав да го дохранувам почнав вода да му давам, тоа некаде после 6 месеца, освен ако има грчеви па и даваш чајче во други случаеви нема никаква потреба од вода, водата е штетна за толку мало бебе.
според мене мислам дека водичка или чајче (за грчеви ако има) нема да и штети а некако само на цицка ми е сумлјуво порано да докторите практикувале само мајчино млеко а сега практикуваат +водичка или чајче
Јас двете бебиња ги доев и ниту на едно не давав ни вода ни чај пред 6 месеци. Прво, секој лекар ќе ти каже дека нема потреба од вода, второ, на мало бебе ако му го полниш мешето со работи што не му требаат ама воопшто, му го намалуваш апетитот за цицање. Вода се дава кај бебиња што или воопшто не се дојат или се хранат комбинирано (доење + АД млеко). Кај бебиња кои се на ексклузивно доење нема медицински оправдана причина зошто да им се дава вода, чај или не дај боже лимон . Другарка моја така си се зафркна и рекла лекарка некоја „А бе давај му чајче ако сака, нема штета“ па прво почна помалку да и цица, после фати и проливче едно упорно и на крај (кога имаше само 2 месеци) почна да става само 100 гр некаде неделно... А педијатарот на малото после се чудел како можел некој да и каже на толку мало бебе да му дава чај или било што друго без да има медицински оправдана причина... И не знам зошто воопшто сакаш да му даваш нешто плус (ако сте само на доење). Ако се мислиш дали е жедно, не се секирај, не е, си зема со цицањето се што му треба. И не зборувам на памет, да повторам, и моите така си тераа без никаков проблем.
Лимон има на 150мл точно три капки. Водата со шеќер е за да биде веројатно како гликоза, штознам ,некоја замена за инфузија веројатно, па затоа препорачуваат. Инаку мојата бебушка е родена со понизок шеќер, нешто што било карактеристично за предвреме родени бебиња(незнам зошто така ми кажаа, кога сепак бебето е родено во 37+3)
Јас на ќерками до 6 месеци не и давав ни вода ни чајче за гасови сметав дека е премногу мала и цревната флора сеуште не е формирана за гасовите и купив термофор со париче од Зегин и немав гајле кога ќе и почнеа гасовите јас термафорот ќе го активирав и ќе и го ставев на стомачето и за кратко време и поминуваше. Со вода почнав во 6-тиот месец кога почнавме со воведување на храна инаку не пред тоа.
за лимон не а за шеќер да и мене повеќе доктори ми имат речено дека можи.моето синче и покрај сите мои напори не сака ни вода ни чај а сега пие и сок и јаде кашички и неможи никој да ме разубеди дека ако сака да пие бебе вода или чај (ако е поголемо од 2 недели) е штетно ако не го научиш кога е мало кога...мојот син има 6 месеци и не сака ништо живо се дави. точно дека во млекото мајчино има се што е потребно ама нема ништо лошо од превриена вода или чај без лимон
јас на моето бебе додека го доев не му давав ни вода ни пак чај.Ми немаше резон зошто би давала ! после 4 месец почнав да и давам разреден сок од јаболка со вода. сега кога јаде кашички после јадење и давам вода да се напие ама со лажиче иначе од шише нејќе
И јас не верувам да е штетно. И нас не израснале со водичка превриена, и моите братучеди родени 1998год така пораснаа, па еве ги зддрави прави, ништо не им фали. Единствено мислам дека разликата е во тоа што сега си има нови истражувања, па затоа и ставовите се поразлични.
Педијатри кои се попаметни и од мене и од тебе викаат а и докажале дека е штетно ама добро е ти се си знаеш Каква потреба имаш да го учиш бебето од мало на вода, која е бенифицијата од водата за тие бебиња што се на мајчино млеко???? Во водата нема никакви хранливи вредности, непотребно му се полни стомакот со вода а поради тоа помалку ќе цица и да ќе мокри повеќе ама со тоа што може и да дехидрира бидејќи не прима ништо хранливо а исфрла голема количина на течност. За шеќерот па не сакам ни да правам муабет, тој е штетен и за возрасни личности а камо ли за новороденче тоа ја нема сеуште способноста да разложува такви материи, непотребно му се оптеретуваат бубрезите а корист никаква нема од шеќерот.
Мислам дека вода треба, па мајчиното млеко е толку благо што дефинитивно треба вода, поготово за летните бебиња, па ако е бебе и тоа има навики исти како нас, да јаде, да пие, да спие.... Замисли на 50 степени бебе само на мајчино млеко, колку пати малечката на сестра ми ќе пиштеште ќе вриштеше после цицање а не сака да цица повеќе, дај и водичка и одма прекинува. Мислам дека водата не е воопшто штетна, е сега не да се замени со млеко, скраја да е, ама по маку водичка, па не е штетно, по две три голтки од шишенце, чиста водичка купечка, не од чешма се разбира. Ете обидете се вие, одсабајле не пиете вода, напите се малку од млекцето и така до следниот оброк, што ако сте возрасни, секој организам според потребите и возраста се ориентира, така ако мало бебе кое троши пет пати помалку од мајката, па и јаде пет пати помалку од неа. Сметам дека премногу ги третираат бебињата како растенија во првите месеци, исклучиво мајчино млеко или вештачко, па чајчињата можат само да помогнат, а не и да одбијат дете од цицање, дете ако е гладно итекако ќе бара цице, чајче не го најадува. Тоа е мое мислење и јас така ќе постапам со моето дете во иднина, а фала богу и внука ми израсна и со чајче и со вода, па цицаше и јадеше и машала напредна си е.
Меу ,мојата ќерка е родена точно денот кога влегував во 36та недела и ја водеа како предвреме родена затоа што јас во 9ти влегував на 7ми,а таа се роди на 2ри.Мојата е родена речиси без шеќер во крвта и 24часа беше со инфузии додека да ја стабилизираат,но после тоа никој не ми препорачал да и давам шеќер или било што друго ,а прашав и во болница и нејзиниот педијатар.Одговорот на сите беше дека заради ниското нејзино ниво на шеќер побрзала со раѓање и дека тоа веднаш по раѓањето се средува и нема никаква улога во понатамошниот живот.Инаку кај нејзе тоа беше испровоцирано од моето испитување на скриен шеќер,кое го правев дента пред да се породам.