Здраво мајки, Бебушот е 4 месеци на АД млеко е и досега му немам дадено вода, педијатарот ми рече дека нема потреба за вода до 6 месеци иако е на формула. Читам по форумов дека доста мајки препорачуваат. Инаку педијатарот ми кажа дека до 3 месеци е штетно да се дава ради бубрезите, тука во Холандија препорачуваат вода после 6 месеци. Се мислам дали да почнам да давам водичка. А за кашички ми препорачаа после 4 месец по неколку лажички ако не сака да не напнувам за јадење него да почекам неколку дена и пак да пробам, го приметувам иако пиее по 200мл млеко доста често е гладен. А за напредување си напредува супер дури и повеќе од нормала ваше мислење? Поздрав!
Нашиот педијатар ми кажа да нудам вода од 4+. Колку доктори толку различни ставови. Секој својот доктор го слуша и смета дека е правилно.
На овие пеколни температури се препорачува да се даде некоја лажичка вода на бебето. Отворете на јутјуб Телма амбуланта ,има емисии со педијатри што даваат совети за летен период за бебињата и уверете се дека е така.
Да, кога почна жешкото ми кажа да давам. Да се форсира цицање но и вода да се понуди. Ако сака ќе пие. А не дека ни под разно не смее вода да проба до 6м.
Здраво, каков чај давате на вашите бибиња, давам на бекутан анасон но сакам да пробам некој друг кој нема шекер
Jas ne, nie sme mali, tek dve nedeli. Znam od prvoto dete, Becutan e mnogu blag, ima najmnogu seker. Holle e eden od najdobrite, bar za mene
И јас недавам ама зедов дома да имам мали сме и ние 10 дена. Од поголемото имам трауми со грчевите па се спремам ама супер сме засега. Овој е тој на хипп?
Mojot togas bese vo kesički, ama isto e, toj e čajot. Mislam deka Holle e podobar. Zasega ne planiram da davam, si cica i po potreba davam Ad, Hipp. Pijam jas čaj za doilki isto pomaga kaj grčevite, probaj
А по колку му даваш? Јас не давав ама сега во многу топлово давам, по малку со лажиче ама гледам сака, заинтересирана е. Ако и дадам после плаче сака уште.
Па во шишенце турам 30ml ама не пие многу ми е жал и мене на топлово по малку и давам во текот на денот најсила 15ml вкупно ако испие во текот на денот