Davav cajce ne mnogu cesto skoro do 4 meseci potoa go prekinav i davam vodicka,a mlekceto na toa ostanavme uste inace sega sme 6 meseci
Кога се почнува со вкусови колку вода се нуди? Со лажиче ли, или од шише? И отприлика колку би пиело оптимално преку цел ден?
Не се препорачува вода до 6 месеци (освен во исклучителни ситуации кога е потребна рехидратација со електролити). Има во млекото сѐ што му треба.
Зошто не смее да пие вода помалку од 6м? Што може да биде ако пие малку водичка? Онака чисто ме интересира.
Водата нема нутритивна вредност. Преку неа бебето не би внело ништо и непотребно ќе се преоптовари неговиот желудник и бубрези.
Бебе 11 месеци не сака да пие вода, многу малку од чашка или со лајче, инаку уште го дојам. Пробав и сокче да му дадам исто не сака
И моето не сакаше да пие ништо освен млеко, пишував во темата… по некое време почна сам да си бара. Најинтересно му беше кога заедно пиевме од иста чаша и наздравувавме цело време само трпение… земи му некоја интересна чаша или со цевче.. а во градинка му разредуваа млеко со вода за да пие кога беше прежешко за да не дехидрира.
Од што препорачувате на 6 месеци да почнеме вода да пиеме? Чашка со клунче,цевка, цуцла или пак тие магични чашки?
Со клунче јас на томи типи давав тоа го прифати. Бубрезите се развиваат на 6 месеци дури. Тие што се на адаптирано млеко се прави со вода но во самото млеко е се избалансирано. Имаш на нет пишува зошто не се препорачува не е само заради бубрезите. И тоа на 6месеци се дава минимално за да се навикне организмот пополека.