Чудно ми дојде и мене ама он ме праша колку оброци имате викам уште сме на вкусови пробување вика а треба веќе 2оброка и вика сокчина од 4м може од хипп органски се добро кажав ама не дадов секако
По колку вода давате на 6 месечно бебе? И колку чај? Деновиве е многу вознемирен, во скок, па се мислам да дадам чајче и какво?
6м сме и почнавме со кашички , дадов малце вода ама ја исплука, уште сме на доење нормално. Е сега за сокови пробав еднаш но мислам дека сепак подобро водичка, дали можеби сте ставале капка лимон малце за вкус да помага?
Не, нудев само вода додека не почна да пие, тоа беше на 7 месеци може и повеќе. Нема потреба, се хидрира од млекото доволно Ќе препие вода, не се грижи, а особено се додека цицате
11 месеци, не пропила уште вода. Не сака за жива глава, доено бебе. Фала богу барем кога има температура ми пие вода ко да не видела.. за плус хидрација, иначе со очи не сака да види. Да се надоврзам, ништо од течност не сака освен моето мајчино млеко.
И мојава одбива исто 6м сме. Или затвара уста и се трга или ќе се напие и се смее и плука. Ми спомнаа и мене за лимон да капнам ама што знам мала е уште не би ја форсирала се уште, редовно си цица
Без разлика дали е на ад или на мајчино, вода се почнува да се дава кога ќе почнеш да воведуваш вкусови.
Дали поради топлото време можам да давам по лажичка две чајче на бебенце од 3м помеѓу оброк еднаш/ двапати во денот? Педијатарот рече смеам но не многу количински да не намали во килажа па се мислам што да правам. Советот од сите од страна е давај му топло е... Ве замолувам за искуство/мислење.
Бебе од три месеци пие само млеко. Тоа е течност, нема зашто да му даваш друга течност, доволно се храни и хидрира така.
Жити педијатарот мада какви се има ништо не ме чуди на дете од 3 месеци доволно му е млеко, млекото е течност и си прима доволно преку него, какви чаеви какви бакрачи се изнервирав. Ко ќе видам бебиња околу година или помали небитно со шишињата полни со чај или сок ми се темни се тоа се шеќери кои ама баш бебе нема никаква корист ама оди докажи се.
Што е разликата од бебе и возрасен човек? Дури кај бебињата телото е до 75% со вода. Секое живо битие има потреба од вода,точно дека не им се разбиени скроз бубрезите,но самото бебе кажува колку му е потребно,онолку колку што пие. Не сум слушнала некое бебе да се препие од вода,а знам многу примери каде што бебето дехидрирало. Затоа овие бебиња модерни што се само на млеко,екстремитетите им се отечени и лицето. Млекото “има се”што е потребно…нема проблем. Сокови и чаеви не се задолжителни… ама од вода има потреба секој… не знам зошто ова се дебатира.
Е како што е разликата бе. Бубрезите на бебе и на возрасен исто ли се развиени. Има причина зошто не се препорачува вода пред почеток на цврста храна. Не сум јас толку екстремист, од 1 лажица вода ништо нема да му биде на мало бебе сигурно, ако мајката ја смирува да му даде ради жешкото, а нема ни жедта да му ја изгаси зошто не е жедно за вода едноставно, се хидрира со млекото. И чај чат пат давам, ништо страшно не гледам ни во тоа, ама чудни ми се "екстремисти" и од двете страни на спротиставени мислења.
Зашо млекото е 90% вода! И не му треба ни вода, ни чај, ни ништо на бебе до 6 месеци. Во сите можни докторски и научни трудови ви е ова објаснето, нема потреба од вода на толку мало бебе.