Давање на водичка или чајче

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    3.548
    Пол:
    Женски

    Извуни ете допишав…брзајки.
    Ние кога сме биле бебиња ни давале вода. Ако се водиме по модерната медицина и бај д бук, бебето се дои макс до 6 месеци. После тоа е отров млекото…
    Како и да е,бебето не може да се препие со вода и да ги оптерети бубрезите и да сака човек тоа да го направи нема како едноставно. Не се глупави. И да,за жал многу бебиња дехидриралњ барем еднаш со новата медицина.
     
    На Veta му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.489
    Допаѓања:
    15.894
    Пол:
    Женски
    Според новата медицина на ексклузивно доење се 6 месеци, не се дои 6 месеци. Според новата медицина се препорачува и до две години да се дои. Примарна храна на бебе до годинка му е млекото.
     
    На MeowMeow и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  3. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.506
    Допаѓања:
    19.103
    Пол:
    Женски
    Со водата само се залажува желудникот на бебето, се заситува на некој начин. Ништо добро и корисно нема на бебе до 6м вода да му давате.
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  4. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    3.548
    Пол:
    Женски

    Млекото на мајката е најхранливо првите 6 месеци,потоа народски кажано е се повеќе токсично од ден на ден. По старата медицина е “дој го максимум колку можеш подолго”.
    Не зборувам на памет,сум учела за ова.
     
  5. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    3.548
    Пол:
    Женски

    Кога мислам на вода, мислам на некоја лажичка вода да испие во текот на денот…така ни давале и на нас
     
    На Veta му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.489
    Допаѓања:
    15.894
    Пол:
    Женски
    Како може мајчино млеко да е токсично? Која наука го докажала ова?
     
    На MeowMeow, Mumoftwo30 и Liza38 им се допаѓа ова.
  7. Liza38

    Liza38 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2024
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Објасни го токсично те молам. Моето е 2 години уште го дојам па ме интересира.
     
    На kozuf и MeowMeow им се допаѓа ова.
  8. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    3.548
    Пол:
    Женски

    Јас мислам дека добро објасмив. На прашањата прашања и потпрашања,се со цел да се развие караница, немам што да ти одговорам.
     
  9. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    3.548
    Пол:
    Женски

    Со губење на квалитетот на млекото.
     
  10. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.506
    Допаѓања:
    19.103
    Пол:
    Женски
    Врска немале, е тоа ќе ти кажам! Млекото не губи квалитет, патем.
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.489
    Допаѓања:
    15.894
    Пол:
    Женски
    Не сум поборник за доење, иако доев 15 месеци. Али поглупо нешто немам прочитано. Испаѓа сите што доеле повеќе од 6 месеци, ги труеле сопствените деца…
     
    На MeowMeow, MariaBouli, Cherry333 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.119
    Допаѓања:
    191.486
    Пол:
    Женски
    Каква црна нова и стара медицина, мајчиното млеко секогаш било главна храна на бебињата. Од самото постоење на цицачите во светот се доело/цицало. Само што денеска науката го има објаснето целиот процес.
    Ништо поглупо и по неточно не сум прочитала. Една работа не кажа што е научно издржана.

    Бебето се дои ексклузивно 6 месеци. Потоа иако почнува со запознавање на други вкусови, млекото останува сеуште главна храна. Бубрезите на бебето целосно се развиваат меѓу 4 и 6 месеци и затоа и неколку лажички вода можат непотребно многу да ги оптеретат.
    Млекото било отров. :drunk: Значи кожава ми се ежи што прочитав, утробава ми се преврте. Немаш 3 чисти што збориш.
    Млекото се живи клетки. Се создава константно од нашата крв, функционира на тој начин што обезбедува се што му е потребно на доенчето, користејќи го најдоброто од нашите резерви. Комуницира со доенчето. Преку неговата плунка, бебето пренесува сигнали кога е болно и млекото автоматски почнува да создава антитела кои ќе се борат со вирусот. Се менува од утро до вечер од ден во ден, од недела во недела, од месец во месец, прилагодувајќи се да одговори на потребата на бебето. Не постои ништо подобро од мајчино млеко. Ниту некогаш ќе биде измислено нешто ни малку слично на мајчино млеко. Млекото не губи квалитет. Природата и биологијата на тоа како се создава, што преставува, како се менува и прилагодува, како се пренесува е едноставно волшебен процес. И таа магија што женското тело ја создава, не може да се реплицира никогаш.
    Што не ќе прочита човек. |(
     
    На fragaria, MeowMeow, angel4444 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    744
    Пол:
    Женски
    Прв пат слушам некој да го нарече токсично мајчиното млеко искрено..
     
    На MeowMeow и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  14. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    3.548
    Пол:
    Женски

    Колку сте врвни… од целиот мој разговор,секогаш се фаќсте за зборот кој што ви одговара на вас и онака како што ви одговара на вас. За тоа нема дебата тука за ни една тема…