Точно, сите ние сме израснати со плус водичка покрај доењето и сме здрави и прави, а излезе нешто ново одма сите го следат тој тренд. Од едно лажиче вода нема штета сигурно, нити ќе му го преполни мешето на бебето. Инаку лимонот се става за да не биде водата блуткава на вкус. Исто ако имаат грчеви, може да се стави 2-3 зрнца ким, кои потоа се вадат нели. Мене лично мајка ми со тоа ми ги „лечела“ грчевите, ни капки ни специјални чаеви ни ништо друго.
Вода со лимон давале како превенција од соор, т.е кандидијаза која не е ретка кај доенчиња. Инаку, и јас давав вода, бидејќи син ми беше на дохрана со ад млеко покрај цицањето. Чај од ким му давав демек против грчевите, ама нас освен топла пелена или термофорче ништо не ни помагаше. И јас ја превривав флашираната, ама сега да ми е овој ум, не би ја превривала, освен ако не стои отворена повеќе од еден ден. Ајде, дајте ми реална причина ЗОШТО да превривам флаширана нискоминерална вода?!
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци А кога почнавте да давате вода? Јас сеуште и немам дадено вода, само на доење сме, а заборавив да го прашам педијатарот дали да и давам.
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци ако сте само на доење нема потреба од вода, јас додека доев не и давав на малата вода. Почнав да и давам кога ја дохранував со качишки од кај 5 месец. едит. сакав да напишам и за моево дете кое штрајкува со неспиење Конечно заспа пред еден час , се мачеше толку време а уморна ја гледам она си спиеше секој ден два пати по еден час ме чуди што не сакаше денес ,ама на среќа моја заспа
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци сакам да ве прашам дали да му давам водичка на бебушко или не, моментално цицаме ама штом се тргни од града почнува да плаче и свакам дека не е донајадено па му правам уште 30-40 мл нан, и се смирува а за какањето се какаме по 4-5 пати на ден, и тоа какушките ни се како жолтеникави со бели зрнца во нив
мене патронажната ми кажа да не и давам вода зошто прво кога почнува да цица од градата тече вода ,па масти па потоа млекото ,и исто ми напомена ако почнам да ја дојам на левата града пример да не ја тргам одма туку подолго време да цица ,па потоа да ја префрлам на другата од причина по кој редослед доага млекото нели прво водата па мастите па после погустото млеко јас така правев ама мајка ми секој ден се прашуваше зошто да не и давам по едно лажиче водичка превриена нели ,и пошто беше мн топло после една недела и давав водичка во текот на денот едно до две мали лажичиња ,често знаеше и да ја поврати ,ама вода си е вода и нема ништо штетно
Ги земав овие чајчиња од Грција овој бил од мешани билки а овој од камилица Има и уште еден ама незнам како да го најдам, само тревка е на сликата. Инаку сите се од 0-4месеци и се дозираат на 100мл 1лажичка, гранули се. Е сега ако има некој кој ги користел би сакала да знам како ги дававте цел ден 100мл или??? ДАли како Бекутанот или имаат друг начин на употреба. Целото упатство е на грчки и неможам баш да се снајдам
мамички каква вода им давате не бебушките, само зовриена или со плус шекер во неа??? нас педијатарот ни рече да му даваме вода со шекер, ама не кажа колку шекер, колку вода.. а јас досега му давав по некоја капка без шекер и ја пиеше
Јас му давам водичка и чајче за да прочисти уста,што вика мајка ми по старски, да не му се фаќало бело во устата од млекото. Прво превривав флаширана вода, а пред некој ден купив флаширана Хипп вода за доенчиња со минерали и му ја давам директно или чиста или со чајче, не пие многу ама после јадење убаво му доаѓа за плакнење и гаснење жед.Нема никаква реакција, чиста работа, без да се замарам со превривање. Знам дека има вода во млекото, ама како што му теба вода на голем човек, му треба и на бебе, и онака не пие многу.
да така е малку пијат бебушкиве сега по некоја капка, ама пак им е потребна незнаев дека имало од хип вода за доенчиња, би можеле и ние да ја пробаме по колку пати му даваш водичка? и чајче, секој ден пиете чајче?
Да има флаширана вода од Хипп за доенчиња, за пиење, за чај, за подготовка на кашички и сокови.Си пишува специјално прилагодена за бебиња. Штом се отвори првите 2 дена може веднаш да се користи, после тоа пожелно е да се преврива. Јас со таа вода му правам Хипп чајче околу 100 мл и цел ден си пие од тоа, на крај на денот скоро пола го фрлам и му правам ново. Значи во цел ден не пие повеќе од 60-70 мл вкупно и тоа обично кога заспива а веќе е најаден, му го давам за да му го смири стомачето и да му ја исплакне устата доколку поврати малку од млекото, да не му стои повратеното.Скоро цела недела како му давам чајче, нема никаков проблем. Плус водата е збогатена со магнезиум, калциум,натриум.
а зошто да не, ама пробај го прво со малку на пример 20 мл и мн. малку шеќер. Првите неколку пати давј му преку ден, зошто ако фати грчеви да ги има преку денот. И да немој да е многу јако.
ама мајка ми вика дека нането делувало смирувачки врз бебињата, полесно заспивале и грчевите му ги олеснувало, таа така ми давала мене кога сум била бебе, ама мене сепак ми е шубе се да му давам на син ми. А за чајот од нане што ве прашав не мислев на чај во филтер кесици туку на домашен, берен и сушен во домашни услови.
мене патронажната сестра ми рече дека може да му се дава на бебушко чај од нане, ама д биде слаб, само малку обоена водата... а како мала и мене ми давале нане да пијам
давај слободно ломбарди само без шекер и јас давав на мојат адомашен чај од нане без шекер тоа ти е за намалување на грчевите аи се затоплува од чајчето и се успива подобро од домашен од нане отколку бекутан или хип
Јас за нането домашено знам дека не е погодно за бебиња, од причина што не знаеме каде е растено, соберено и како е чувано, дали имало прашина и сл. Знам дека на малечки , посебно доенчиња се дава органско нане, ако веќе некој сака да дава. Го има низ аптеките и продавниците за здрава храна, а и не е скапо, помалку од 100ден е.