Истово го мислам и така правев. И двајцата немаа пробано вода до 6 месеци, потоа без проблем ја прифатија. Малово имаше грчеви и му давав неколку пати чај со лажилка, џабе според мене.
И јас мислев дека ќе правам така, ама внука ми ме предомисли. Сестра ми не нудеше вода до 6 месеци, па сега внука ми има скоро 9, а вода не сака да види. Сестра ми почна на крај да и ги разредува сокчињата, ама еднаш малава кога ја виде што прави не сакаше ни сокчето да го пие.
Ќе сака верувај ми, си добива во тој случај доволно течност и има некоја одбивност од вода, но ќе засака со време сигурно
моево зверче има 7 месеци и освен млеко ништо не сака да пие а јаде се и овошје и зеленчук,денес и мевце првпат проба.не ми е јасно како нема потреба од течност.постојано нудам,од прво ке се залета кога ке го види шишето а штом лизне плука или се лигави.не знам како да го навикнам?!
И јас го дојам за 45 дена сме напреднале 2 кг и неколку грама тоа е солидно, ама му давам чај од бекутан и ким грчеви има секој ден поточно 24/7 ептен. Педијатарот ми рече дека од многу количина на млеко има грчеви, а јас пијам и хипп чај божем за грчеви за него ама незнам дали делува како и емпумисан капки му даваме. Моето прашање е од колку месеци да му давам вода и дали затоплена или ладна???Чајче само затоплено му давам дали да му дадам ладно????
Мамички, совет ... Малиов не сака да слушне за вода, се сака нешто убавко, благичко, вкусно ... Сокче пие, бекутан чајче, ама вода во никој случај не сакаме да замислиме. Толку е итар што и со лажичка му давам да пие, а тој ја чува во уста и кога се завртам, таа веќе е надвор исплукана . Некоја мамичка со сличен случај?!
Не инсистирај , ке почне да пие кога почне да јаде цврста храна, во мајчиното млекце има се. Со мојот е чудно не покажува за ништо интерес освен вода, кога ке ме види дека пијам од чаша ме гледа и сака да ми ја земе да пие. Пробај со мала чаша, можеби ќе ти успее.
Камилица имате ли дадено на бебе? Извинете не ми редактира не сум пишала по колку од прилика им давате и на колку ден/два?
Ние сме на мајчино млеко и не дававме вода овие четири месеци, но планирам да воведам и цврста храна па сметам дека треба да почнам и со водичка. Бебушка моја пие вода само кога е гладна , наместо млеко, а ако и понудам вода по доењето нејќе ни голтка да голтне. Ќе треба упорност, се надевам ќе успееме кога ќе јаде солени и благи оброци па организмот сам ќе и бара! (или и тогаш тешко ќе оди ) Инаку чајче дававме периодот кога имаше грчеви, сега поретко давеме а и не ми го сака баш.
Од првиот месец и давам по неколку лажички на ден водичка, првите неколку пати не ми ја сакаше многу ама сега си ја пие и баш ми е мило за тоа, иначе на ексклузивно доење сме ама сметам дека треба по малку да се дава водичка.
Мами од кога почнавте со чај бекутан или чај од ким против грчеви? Ние денес правиме една недела и дали го дававте превентивно или го воведовте кога се појавија грчевите? Фала однапред
Плантекс почнав да давам од како почнаа грчевите некаде од 10 тиот ден но не ни помага мн.Пред два дена за прв пат дадов вода провриена со ким и имаше ефект .Имаме 19 дена
Јас сега повеке сокче и давам а до сега некогаш вода и ад млеко си пиеше а чај еднаш до двапати и дадов не ми сака исто и вода не сака многу па со сокче и разредувам.
За тие што даваат вода да си прочитаат зашто не се препорачува http://babysling-bg.com/2010/11/09/%D0% ... AojZPm1ZgE
Јас бидејќи и дојам и давам АД секогаш давам чајче и си го пие. И давам од 2 месец, пие околу 50 мл дневно. Некаде прочитав дека тие што се само на АД млеко пожелно е да пијат вода или чајче. Од денес почнав и сокче од јаболко да и давам од Хипп и супер го прифати. Испи околу 50 мл.
Ние цицаме и плус се дохрануваме со ад млеко, па ме интересира по колку водаи е доволно да и давам дневно? Инаку сме два месеца.
Ние пиевме и мајчино и ад...од 5ти месец само ад млеко...пиевме по 100 мл чај бекутан анасон дневно. Не давав вода, ама сега да сум би давала. Ако не го навикниш од почеток на водичка после можи маки да си имаш. Сега сме 9 и пол месеци и тек сега почнуваме по малку вода да пиеме..на сабалје чај 120 мл, а одручек вода колку што и се пие околу 100 мл обично. @iloveyou29 мислам дека доволно му е 20 мл наеднаш. Читав дека ако сака повеќе тогаш е гладно, а не жедно. (тоа дур е помалецко така). Јас да сум до 5-6 месеци би давала така. Неколку пати по 20 мл пола час пред или по подој.
И ние пиеме чај ким и бекутан го мешам заедно по 100мл ама не ги испие секогаш. А за водата оти е на ад сакам да и давам оти чај е чај вода е вода. Со лажиче по неколку капки и давам ама некако не ја обожава др мршти и ја плука и плаче. Успее некоја капка да сочува.