Не сум му дала сеуште смоки. Не ни планирам во скоро време да му дадам. Пријателка на своето 4 месечно бебе му дава смоки. И кога и кажав дека јас не му давам на малиот, ме погледна чудно... Секоја мајка знае што е најдобро за нејзиното дете.
јас на моето му дадов само да проба инаку не му давам да јаде смоки мислам дека не е здраво и уште е мал,инаку се што јадам јас му давам да проба а не да јаде тоа што мислам оти не треба да го јаде
Моето има има три и пол години смоки и давам од 6 месеци,како што беше слаба,ситна,немав млеко,вештачкото не го пиеше,смоките ме спасија. сега се знае дека не бог знае колку,ама онака. сега си јаде пак понекогаш,знае да побара да и ги направам со јогурт,па фала богу не е ни некоја болежлива па да ја барам вината во вакви или некакви ситници
Симона, немој да ми замериш ама јас сум сторго не за вештачки произведената храна за возрасни па камоли за деца, па уште смоки од 6 месеци за да добие на килажа?! Неубав пример даваш за неискусните мајки, во ред да, се знае секоја мајка знае што е најдобро за свето дете, ке речиш еве ја пораснала добила на тежина, да ти е жива и здрава и голема да расти, ама овие болести на нашот век, не се дојдени од нигде никаде, таа вештачки прозиводена храна полна со адетиви емулгатори и конзерванси е наголемиот причинител на ракот и болестите на денешницата. Жалосно е сеуште лугето да се слепи на оваа индустрија за перење на пари.Тоа што го дала мајката природа - овошјето и зленчукот се најдоброо нешто што можеме да му го дадеме на организмот. Така да мајки добро размислите и одбирајте им ја храната на вашите најмили,вкусовите на кои ние ке ги научиме ке ги пратат цел живот, дајте им го најздравото, кое впрочем е и најевтино, не ги трујајте и не им ги полнете џебовите на прехрабрената индустрија која и впрочем е наголемиот штетник на земјава.
DeMelo овие болести на денешницата се дојдени од прочуените вакцини, не од вештачката храна. Храната не може да предизвика поголемо заболување освен нормално ако не дојде до труење. Или во ретки случаеви проблеми со хормоните и резистенција на атибиотици. И кога веќе спомна перење на пари, постои ли поголемо перење на пари од вакцините? ...
Смоки и јас не давам, ама затоа свекрва ми... секој ден со малиот си јадат... колку пати сум рекла да не му дава, ама не, жената си тера. Намерно го носам најаден за да одбие, ама тој не одбива смоки, си јаде. Со убаво кажано, не бива, не сакам да се карам за глупости, ама еве и мажот ми и кажа, таа пак си тера по нејзино. Порано ме слушаше, ништо не му даваше без да знам - ама сега... Инаку, јас му дадов еднаш или два пати колку да проба, чисто јас да си знам дека нема реакција. Што се однесува до штетноста на смоките - нема ништо хранливо во нив, само дебелеат, затоа и педијатрите ги препорачуваат штом бебето почне да јаде (некаде од 6 месеци), ако не сака зеленчук и овошје. Мене ова не ми е логично, ама ете, има и такви педијатри. А вакцините се сосем друга тема...
Искрено верувам и јас дека вакцините се штетни и затоа ќерка ми нема повеќе да прима, ама ни храната не е толку безбедна колку што се мисли. Прво, ниту водата е чиста како некогаш (со самиот пораст на индустријализацијата + се` понови хемии и отрови), ниту почвата е чиста (заради водата нели). Ниту индустриски производените овошја и зеленчуци се во ред - во нив има таква страшна хемија, да повеќе не ни имаат вкус на вистинскиот производ, сите се перфектни на изглед, а од внатре носат страшни отрови, кои го трујат и разболуваат организмот долгорочно, за да фармацевтската индустрија после стапи на сцена и не` „лечи“. Вакцините се примаат периодично, не велам дека немаат лош ефект, меѓутоа ефектот што го има вештачки обработената храна (со адитиви, емулгатори и 300 глупости кои не се ни наведени) е далеку полош и континуиран. Тоа е, фармацијата мора да се оддржува константно, од најситни глупости (Аналгин за главоболка), преку настинка (антибиотик за црвено грло), до најтешки - цитостатици и слично. Спојлер Отидовме надвор од темата, ама морав да искоментирам за безбедноста на храната.... На темава - немам дадено, и не ни имам намера да дадам смоки. Прво, ниту јас ги јадам (значи не ни е пракса дома), ниту сакам мало детенце да ги јади - нема ништо, ама АПСОЛУТНО ништо хранливо во нив. И кога ќе прочитам вака совети од педијатри ( ) кои свесно му наштетуваат на толку малиот организам, не можам а да не се запрашам - Дали тоа намерно го прават, за потоа да имаат повеќе пациенти -----> повеќе рецепти -------> поголем профит на фармацијата -----> поголем % за нив од секоја рецепта??
Смоките не смеат да бидат замена за оброк. Кај дете на 1-2 годинки, вкусовите за храна сеуште се диференцираат. Смоките се соленки и многу зачинети. Е сега, ако на малото му давате често смоки, нормално останатата храна ќе му биде блуткава, невкусна и ќе ја одбива. Со тоа вие му го намалувата прагот за дразба за солено. Кога ќе потпорасне ќе јаде уште посолено, итн. Општо е познато дека преголемиот внес на сол во исхраната е главен виновник за покачен крвен притисок и срцеви заболувања. Значи треба да се размислува долгорочно, здрави навики во исхраната се создаваат во детството. Ако не јадете вие, и ако не купувате смоки или слични грицки и тоа нема да бара. И не мислам дека тоа е фрустрирање на детето. На демешно време кога има буквално се, со малку имагинација и труд, здравата храна може да се направи да му биде допадлива и интересна.
i jas licno sum protiv davanje smoki na mali bebinja ili deca, prvo mnogu se stetni za organizemot. imam 3 decinja 5, 3, i 8 mes. na golemite im davam samo kopga se kajnekogo oti kade i da odes prvo sto se dava na deca e smoki, togas ne im zabranuvam no doma smoki i nemam i e golemo NE. gi podrzuvam majkite koi ne im davaat na svoite deca smoki, a na oni majki koi im davat smoki na svoite deca bidejki ne sakale decata da jadat, podobro smokite zamenete gi so Banana hranliva i dosta vreme hi drzi decata, a e i mnogu zdrava.
smoki eptem epten retko jade no retko i kupuvam.grickite gi zamenuvame so indiski orevi,bademi,semki..em vkusni em zdravi
Не давам воопшто а и што ке и се полни со сол,зачини.ништо корисно во нив.свекор ми често ги конзумира па зема една две од тањирот негов и тоа е се.Но има пет и пол год.ако питаш за твоето верувај на 6 месеци сте премали за вакви глупости
Jas prv pat i dadov otkako napolni 8 meseci,I nadrobiv nekolku vo kiselo mleko.Znam deka vo niv nema nisto hranlivo,no sepak ne gledam nisto stetno vo nekolku smokicki.Pa ne jade po edno paketce dnevno,treba od se da proba,da se naviknuva na razni vkusovi.
Првпат и дадов на 7 м и ронев по 2-3 смокички во кашичката но и имам дадено и во рака и сама си ја грицка но избегавам може еднаш до два пати најмногу во неделата да и дадам.
Прв пат проба на нејзиниот прв роденден,ама малку а сега за сега и давам издробени со јогурт. Гледам да ги избегнуваме,ама па кога ќе посака (ретко бара нешто,што и да е) зошто да и го ускратам тоа и само половина пакетче.
Незнаев кај да го сместам прашањето, па ајде овде да прашам поискусните. Наидов на поделени мислења на гугле па ме интересираат и ваши искуства. Синко е 9ипол месеци. Кога може да се дадат смоки т.е. кога сте дале вие ( ако сте дале ) ? Да напоменам дека прашувам за давање онака 3-4 да грицне меѓу оброци. Никако замена за оброк, пола пакетче или како што наидов на некој кој давале како оброк со јогурт или к.млеко! Значи да се даде како некој вид на занимација како што давам и по 1дна бисквитка некогаш. Да напоменам дека до сега немал проблем со ниедна намирница, нит црвенило/осип ( на доење е сеуште ) а сум јадела и јадам буквално све. Во фамилија блиска и подалечна алергии немаат.
Сакаш Стоби Флипс да дадеш? Оти има смоки за бебиња, пченкарни и несолени на БејбиЛав во ДМ. Јас после годинка почнав да давам од тие, а Стоби Флипс не сум дала, многу се солени, мене тоа ми е поголем проблем отколку кикириките. Големиов проба првпат после година и пол, и за малово исто ќе почекам. Додека ми ги јаде овие од ДМ, ок е. После година и пол ќе видиме. Реално, и од кикирики ми е страв, пошто се голем алерген, ама немаме никој во фамилија, башка кај нас наголемо се тамани путер од кикирики, па не сакам малово да е исклучок, па верувам дека наскоро ќе проба и кикирики. За смоките, изборот е твој. Јас како што кажав, ради солта не би дала пред година. Оти кога ќе научат за такви вкусови, малце е проблем со оброците бидејќи не ги зачинуваме толку. Што не значи дека ќе биде така, јадачите обично немаат проблеми.
@sofi2107 јас не давав стоби флипс, исто поради солта ама и страв од кикирите. Имаше случај сега брзо со мајка на чие бебе без да знае дале смока, испадна алергично на кикири и имаше реакција голема. Имаше на лино бебешки смоки само од пченкарно брашно, такви грицкаше мојот ко помал, ама ги нема повеќе. Барај ги тие на БејбиЛав ако сакаш да пробаш.
Фала ви на одговорите. Ги знам тие од Дм има и во Тинекс, Веро и Рамстор исто за помали смоки. Ги имам за внук ми зимано ама па ич не ги сакаше некако тврди беа. Знам дека се Стоби Флипс солени ( јас ги јадам многу ) . Баш ќе идам сега до ДМ па ќе земам за проба, па ако не ќе дадам и 1дна и Стоби Флипс да проба. А може и да почекам уште некој ден па таман од 10+ не е зорт некој ден да се почека. @Annath ако ти се верува една тегла путер од кикирики за два дена го јадам. Дали со доењево некако многу благо јадам ( а никад не сум јадела ) и путерот од кикирики буквално со лажица го јадам. Ама ете немало никаква реакција кај него ( го дојам ). И искрено некако немам страф за дали ќе има реакција поради тоа, мада и не би дала за прв пат повеќе од 1-2 смоки за да не ми е шубе. Немав намера да давам којзнае колку или оброк да заменам, онака за занимација некад. Зашто сака да грицка и џвака, но еве сум давала и брокула, карфиол, морков све обарено и нејќе у уста да ги стави ги пљука и као нагон на повраќање да има ( изводи ). Па само леб, банана, бисквита, тиква печена/варена, јаболко ( на пара ) е такви работи сака да грицка/џвака, а зеленчук не бре нејќе. Ајде ќе размислам и ќе се посоветувам и со педијатарката пред да дадам. Фала ви сепак
На моите после година им дадов смоки. Само колку да пробаат. Ги сакаат смоките. Избегнувам колку што можам да им давам. Иако се веќе големи. Ќе излезат надвор и ќе видат како децата јадат, па бараат и они. Многу се трошат Лино смоките.