Јас на 8 месеци му дадов Лино смоки, Бејбилав и Хип. Јаде ама не е воодушвен. И не му се храна, онака кога е немирен му давам по 2. Не сакам да јаде такви глупости и затоа избгнувам, но ете кога одиме на гости на маса обавезно има или стоби флипс или чипс. И за да не му се даде такви глупости му носам бебешки смоки. Постарите знаат да кажат греота да гледа, машко било, и слични глупости. Па затоа морам Лино или други бебешки смоки. Мал е за стоби флипс и други со кикиритки и зачини. Планирам и кога ќе биде поголем да не купувам грицки дома и онака никој од нас не јаде. А кога ќе порасне сам нема да ги сака овие бебешките што немаат вкус на ништо.
А што ако е машко ? Женско ако гледа и не јаде нема гајле не е греота ? Леле ако одиме по ум од стари тешко нас
Не е за греота. Машко било ќе МУ паднело ми вика свекрвава. И ја прашувам: А што ќе му падне? Што да му падне, не разбирам? И ќути ме гледа, срам и е да каже?и викам за п@нисот на син ми дискутираш??? Со мене?? Се усрами не спомна веќе
А синко кога беше мал видов како му даваат да лижни кафе, демек машко било. Збеснав.... Му реков ако е машко треба и ракија да му дадам и луто пиперче па и тоа го гледа. Ако е 4 и пол години уште знаат да му дадат нешто шо не дозволувам. Сто пати му е кажано ама на кого да беше животно ќе научеше до сега.