Ќерка ми(17мес) не гледа цртани,не ја интересираат и да види на Тв,се врти само по детски глас на реклама,или ако види бебе/дете знае да се израдува.Ги имаме повеќето книги и сликовници на Биби и Боби,ја позна и на Тв ама мене гласот ми е малку иритантен па сменив Ама,како пандемиско дете,плус во странство,комуникацијата со блиските ја поврзува преку телефон,односно камера.Барем два пати дневно знае да го земе тел,ми го става во раце и ми кажува кого да бараме,баба/бато/чичо..па уште кога слуша тииит веќе е насмеана. Ок сум со тоа,новото нормално Два пати ме спасија и песнички пуштени на моб,сакаше да стане од седиште и беше баш борба,па ова ми се виде како помало зло од држење во скут на автопат. Штознам,некако премногу се демонизираат екраните,свесни сме за штетноста,но не сметам дека е лошо погубно дете кое е веќе прозборено и разбира да погледа избрана содржина со ограничено време. За песнички сум секогаш за,плус не мора да свети екран за нив.
Ништо против песнички немам, ни против екрани како такви (ваљда). Интерактивноста е проблем, ко ќе почне само да чепка и да забегува, јер тоа е свет дизајниран да те вовлече и проголта, и како возрасен а не пак за дете.
Ќерка ми за еден месец полни 4 години и има нејзин таблет. Таблетот е исклучиво наменет за деца и возрасен не може ништо да прави со него. Има апликација јутуб и игрички детски со хранење животни, па има една со кокошки па тие несат јајца и треба со прстето детето да ја носи кошницата за да не се скршат јајцата, па има една со јагниња кај шо јагнето сака да носи накит и слики затемнети има и детето треба да го препознае соодветниот накит... Детски се баш. Ама ретко ги игра. Јутуб гледа, да, ама не гледам дека некако негативно и влијае па затоа ја оставам да си гледа.
Важи мила ќе пратам кога ќе стигнам дома. Не знам каква марка е од причина што сосе футрола е за потпирање и никогаш не сум ја извадила. Попладе ќе прикачам слика тука
Јас не сум дала телефон, ниту таблет. Едно време мислев да почнам по пола саат, ама едноставно не ми се допаѓа да зјапа во телефон. И така сега си гледа цртани на тв, не на јутјуб. Мислам дека прерано им се дава технологија на децата, тоа не им бега, а можеме додека контролираме да одложиме колку се може.
Ние дома имаме временско ограничување за гледање во екран. Пола саат во работни денови, саат време во викенд. За викенд може и подолго да биде ако сите заедно гледаме филм. Тој пола саат е за сиоте екрани далие телевизор, таблет или мобилен не е битно. Мериме со тајмер зашто инаку има расправии колку вреем поминало и слично. Она што се гледа е одобрено од нас. Е сега на школо и во маало учи од други деца за глупости што ги има на youtube, tik-tok и слично. И секако кога оди кај баби и дедовци гледа повеќе и веројанто тоа што сака. Ама не можам да се борам против тоа зашто тие не разбираат каква негативна услуга му прават.
Имаме таблет и таму најчесто гледа во ситуации кога ‘мора’. Кога тргаме на пат го држиме така најдолго што може и кога ќе му здосади и ќе почне да станува тогаш му пуштам. Дома, кога треба да го бањам или заспивам бебето, а тој е напорен инаку скриен е и бараме други занимации. Гледа на youtube kids, филтрирани се видеата, можеш да банираш канал и најважно има тајмер. Му местам колку минути ми се потребни да седи мирен и после ‘полицаецот го гаси интернетот’. Засега супер функционира, понатака сигурно ќе се зголеми времето, ќе видиме. Ова најчесто е зимно време, иде лето и ни самиот не бара, поинтересно му е надвор.
dali moze predlog z adetski tablet od koj sto ste zadovolni bez ,nosenje na sevis redovno ,link ako moze i da ima youtube i play store kako mob da funkcionira ...fala