1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Давање џепарлак на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 28 август 2021.

  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.523
    Допаѓања:
    27.673
    Пол:
    Женски
    Моето има 5 и пол години и до сега не сме му дале џепарлак. Нити планирам во брзо време да воведам џепарлак. Сега за сега учиме монети, вредности на пари, го праќаме да купи нешто во продавница (ние стоиме надвор и го гледаме од страна во маалска продавница), дискутираме дали нешто е скапо или не за да научо прво дека парите имаат вредност.
    Откако ќе сфати дека парите имаат вредност тогаш ќе почнеме со џепарлак.
    Џепарлакот како таков ми нема поента се додека детето не може само да оди и да го потроши. Тогаш ќе може да сфати дека ако го потроши цел наеднаш нема да има за друго. На пример ако купи мастики наместо вистинско јадење ќе остане гладен. Вака и да купи мастики јас гладен нема да го оставам.
    За да сфати вредност на пари играме и Монопол по дома.
    Има и касички во кои собира пари од време на време од тие пари купуваме нешто.
     
    На Kitten, cresa-jagoda, mariz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.638
    Допаѓања:
    116.289
    Пол:
    Женски
    И јас немам дете,ама ќе пишам мислење.
    Кога бев мала татко ми ми даваше по 30-50 денари 2 пати неделно.Јадев само дома,па ги трошев на друго или си ги чував и собирав поголема сума.Барав пари само кога имав потреба,а знаев дека татко ми има(и ден денес така правам).Имавме периоди со финансиски проблеми,па моите ме научија да не барам често.
    Како што растев,се зголемуваше и сумата.
    Внимавам.
    Не ги трошам безвезе.Го евидентирам секој трошок.
     
    На cresa-jagoda и gjoker4e им се допаѓа ова.
  3. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.611
    Допаѓања:
    161.116
    Пол:
    Женски
    Мене од 5то одд почнаа да ми даваат неделно џепарлак. По околу 300 ден мислам од прилика. Си купував најефтин доручек, еден сув варен ѓеврек и си ги штедев парите за да си купам некој партал обично.
    Во средно почнаа да ми даваат по појќе. Е тогаш почнав ништо да не си купувам за доручек у школо за да имам скришно да седнам на кафе после школо, да си купам обично некоја глупост, а почнав и да пушам.
    Коа разбраа моите ( за брзо ме фатија) почнаа од дома да ми пуштаат јадење за на школо ( умирав од срам ) и плус ми даваа точно пари за едно кафе у град.
    За кратко почнаа и цигарите да ми ги купуваат.
    Не успеаја да ме отргнат од тој порок.

    Памет немам како би постапувала со моето дете.
    Јас бев галена та прегалена. Генерално не сум задоволна од тој период , т.е не бев нешто "добро дете", од аспект на одговорност спрема парите а и општо онака. Не можам да кажам дека бев одговорно и "фино" дете.
    Брат ми беше чиста спротивност, т.е би сакала и јас нашето дете така да го воспитам.
    Ама изгледа не е све до воспитувањето. Еве ние имаме исти родители, исто не третираа, но тој баш умее, конкретно за со пари зборувам.
    Јас ден денес знам да се понашам неодговорно, поготово спрема своето здравје.

    Ми е страв ако детето ми штеди за ролерки од џепарлакот за ужинка дека година дена ќе седи гладно на школо или ќе јаде сув ѓеврек како мајка му
     
    На 24.07, JoyJoy, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.503
    Допаѓања:
    32.604
    Пол:
    Женски
    Уште нема т.н "џепрлак".Си има каса во која татко и и дава секоја недела железни пари.Кога престана мм да пуши и даваше по 5 евра неделно.Си има новченик и скоро видовме дека и стојат тие 25 евра што и го дал мм. Таа уште не ја знае вредноста на парите и тие пари во каса ги чува за сладолед да и купиме по градинка, ама никогаш не ги носи со себе.Исто и кога ќе и побарам да ми даде некое ситно евро ми дава без проблем.Повеќе си игра со нив. Ги вади и ги става во касата.
    Сега за сега мислам дека нема потреба да има џепрлак , бидејќи и сама нема некоја жалба за да и се купи нешто.Се и е подмирено.Кога ќе тргне здравје на школо ќе и даваме па ќе видиме како ќе се снаоѓа.
     
    На 24.07, Lianna Anna, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. dahlia_desire

    dahlia_desire Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2018
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    208
    Пол:
    Женски
    Мене исто ме учеа и ептен сум им благодарна.
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    И тоа спаѓа во учењето, на што се штеди, на што не. Плус, можеш да си одредиш за што ќе го даваш џепарлакот и за што може да се потроши. Зависи и од семејство до семејство и по кои принципи се води.
     
    На cresa-jagoda и Bubce38 им се допаѓа ова.
  7. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.611
    Допаѓања:
    161.116
    Пол:
    Женски
    Знам, знам. Свесна сум дека моите родители малку 'потфрлија' во тој домен.
    Затоа и се плашам дал ќе знам правилно со нашето дете.

    Баш ја исчитав статијата и во теорија ми се допаѓа.
    Сигурно би се обидела така да го учам од помали нозе
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам ова со џепарлаков ми се допаѓа.
    Нејзините пари и се за играчки и забавни работи. Сега, кога одиме некаде и сака нешто се мисли три пати дали да го купи. Размислува дали навистина го сака и дали ќе го искористи. Ако сака нешто поскапо и велам дека треба да си заштеди толку и толку. Ме прашува колку е нешто, па и објаснувам колку од парите треба да даде. Сама заклучува дали е скапо нештото. Ако и речам сите пари треба да ги дадеш, а нееее, не ми треба. :D
    Па знае да си одреди колку и за што да потроши, а колку да и останат и за што ќе ги чува.
     
    На 24.07, hello-kitty.90, kiki_riki и 4 други им се допаѓа ова.
  9. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Ќе се надоврзам на твојот пост во врска со купувањето.
    Мојата мала е уште нема класичен џепарлак ама си бери парички по 10-20 денари што и даваме.

    Има во веро едни големи јајца со играчки и секогаш бара да и се купат. Еднаш и кажав ако сака такво јајце пошто е скапо, а јас немам пари ќе си го плати со нејзините. Се согласа мислејки дека се шегувам. Застанавме на каса и си чекам да извади пари. Ме гледа, ајде и велам. Леле како ги вадеше едно по едно ги стега не и се даваат :) Кога виде дека сите пари си ги даде, оттогаш и нема текнато да побара такво јајце :)
     
    На mariz, RainBow, 24.07 и 4 други им се допаѓа ова.