Ваквата садо - мазохистичка девијација според психологијата има поврзаност со стекнување чувство за супериорност, доминација, контрола и агресија кај садистот. Додека потчинетост, свесно играње улога на жртвеник, психолошка инфериорност (мазохистот). Има уште многу карактеристики за набројување, ама ова се основните за кои сите знаеме, а се секогаш тесно поврзани со недостаток на самодоверба, или метафорички кажано - сенката на егото. Овој феномен исто има индиректна поврзаност и со проекција на сопствените потиснати негативни емоции и комплекси, кои на ваков начин конечно добиле прилика за ослободување. Психички здрав човек нема потреба од било какви сексуални облици на насилство. Сексуално здрав човек не чувствува потреба да биде ,,злоуставуван" за време на однос, макар и доброволно. It's hard to swallow, но тоа е реалноста. Зошто дури и најмал притисок, одгриз, стегање, без разлика на кој дел од телото, претставува девијација. Секое црвенило, модрица, крварење не е сексуална игра, туку е трага или последица на малтретирање. Ако се водиме дефинициски, според одделот за криминалистика и крвни деликти насилниот секс секогаш се користи за да се маскира физичко насилство. Ако сакате да ја зачините играта, подобро барајте нови места, пози..качете се на гранка и таму изведувајте акробации отколку да се давите. И, last but not least - за да не се чудите утре што ве снашло во животот за време на секс, па наместо да го појачате интензитетот на оргазамот, да завршите зад решетки со човек на ваша совест.
Ти не гледаш порничи, ама ако добро се сеќавам не те исполнува баш ни врската во која си, така да... Пак е оној pattern, вака или онака се казнуваш себе си.
Научно е докажано дека Erotic asphyxiation не постои кај жени, само кај мажи. Затоа има и случаи кај што мажи се обесиле/удавиле/угушиле за време на МАСТУРБАЦИЈА. Такво нешто кај жени нема. А тука го гледаме баш обратното, мажи кои сакаат да ги дават жените.
Абе јас мислам дека не го разбравте девојчето.Таа сигурно мисли некој само да ја држи за врат не да ја дави.Иако јас не би го правела тоа и не е мој стил сепак таа можеби го сака тоа.
Мене прво не ми е јасно од каде заклучивме дека choking - давење е чин кој оди во корелација маж- жена , значи тоа е фетиш и сексуална аспирација која може да биде вклопена во секаков вид на пар , маж - жена , жена - маж , геј , тројки , ортгии .... не ја гледате широката слика , не разбирам зашто постојано го сведуваме муабетот на маж кој повредува жена , ако сакаме да правиме на таа тема муабет ке одиме во семејно насилство и тераме таму постови..... сево ова се сведува на задоволство и уште еднаш збориме за согласност од двете страни без трајни повреди - постојат начини на кои се регулира интензитетот на физичиот контакт , затоа и претходно напишав , ОК е да се информираш само зависи кој сака да го направи тоа .....
Ни мене не ми е јасно, постои во сексуален живот на секакви парови и во секакви правци. Едноставно дел е од сексуален живот на некои луѓе.
Некогаш правите ептен overthink на некои работи. Ако и на двајцата партнери и е убаво нека си се дават. Ако е присилно од едната страна,другата нека го остави. Ако се тера со сила choking тогаш и други работи се присилни во врската. Не знам што се има во порно филмовите и не ме занима. Ама,има секакви фетиши денеска и ништо чудно и ова да му прави задоволство на некој. Што има врска приватниот живот на членките со тоа што им прави задоволство во кревет. Секој со своите желби.
Едно е обично фаќање за врат во налив на страст друго е садо-давење за време на секс/свршување правете разлика , постојат ризици и примери во кои се завршува фатално, останатото @Nigredo Odor одлично го објасни за психологијата позади https://www.theguardian.com/society/2019/jul/25/fatal-hateful-rise-of-choking-during-sex - Breath play, the risque new sex practice gripping millennials,” offers Flare. On elitedaily.com, one sex educator was quoted as saying anyone stuck in a sex rut could read up on “how to choke your partner safely”. - Gail Dines, the feminist thinker and CEO of Culture Reframed, believes strangulation has been normalised via two main routes. “For the men, it’s pornography and for the women, it’s in women’s magazines,” she says. “And both of these media genres legitimise it as a form of ‘play’.” She describes choking as a “number one standard act” on porn sites and says women look to porn to “see what men want and they see choking”. - Erika Lust, one of the world’s only female porn directors, agrees that strangulation and choking scenes now dominate porn. “Face slapping, choking, gagging and spitting has become the alpha and omega of any porn scene and not within a BDSM context,” she says. “These are presented as standard ways to have sex when, in fact, they are niches.” - When a direct threat to life is slowly normalised, “it means that a woman whose partner chokes her might not report it – and if she does, it might go nowhere,” says Edwards. “It means that if a woman dies this way, judges and juries feel ‘this is how people have sex now’ and questions aren’t always asked.”
Moже животот да им заврши во рок од половина минута, ете затоа има врска. Понекогаш мора да се интервенира, но не заради душебрижништво, туку за да се зголеми свеста за опасноста при вакви навидум ,,безопасни" игри. Дури и давењето да е доброволно, повторно е облик на насилство и садо - мазохизам.
Многу сте интересни вака со "приватниот живот" Што ако ја тепа дечко ѝ? -приватен живот е нема што да се меша некој од страна Што ако ја силува? -приватен живот е нема што да се меша некој од страна Што ако ја претепал до смрт? -приватен живот е нема што да се меша некој од страна Што ако ја малтретира психички? -приватен живвот е нема што да се меша некој од страна Сѐ е приватно, ако така гледаме. Имаме право да реагираме на практики кои произлегуваат од желба за повредување или водат кон повредување.
Со твоето претерано бранење на жената во секоја ситуација не и правиш многу услуга, пошто ја ставаш постојано во улога на жртва дури и кога тоа не е. Ако јас сакам давење и плескање и болка и кубење и се тоа ме возбудува, фала ама не ми требаш ти да ми кажеш како сум малтретирана ама не знам. Ваљда знаеме сите што е присила а во што доброволно се впуштаме. Толку е тешко да се поверува дека нормални луѓе без дијагнози уживаат во малку погруб секс понекогаш?
Доброволно насилство и понатаму е насилство Бриџит, жалам. Не пробува Ејнџел да ја центрира и претстави улогата на жената како Исусов жртвеник на крст, туку статистиката говори така. Жената е стварно огромна жртва на општеството, и на сублиминално и на суприлиминално психолошко ниво. Твоето хипотетичко уверување дека е во ред да бидеш плескана, давена и кубена не е производ на твојата лична имагинација туку е ефект од психолошките отпори кои си ги искусила и поттиснала во минатото, како и механизмите на порно индустријата која е диктирана и финансирана од машка рака. Тоа се факти. Секако, можеш и имаш право да реплицираш бунејќи се, но тоа и понатаму нема да ја промени ситуацијата со која секојдневно се соочуваме. Нема да ги избрише сите жртви од списокот чиј пол верувала или не..е женски.
Не филозофирајте, мајку му. Форензика ја направивте темата, како и секоја до сега, впрочем. Можда ЈАС сакам и гризење и кубење и плескање и не може никој да ми каже дека сум жртва, пробувајќи да си ги излечи фрустрациите кои што ги има кон машкиот пол. Зборите за психологија, применете ја малку и на себе. Од кај таа омраза кон спротивниот пол?
Кои факти ти мене можеш да ми ги презентираш за мојата психа? Ниту знаеш за која мерка на груб секс збориме, ниту знаеш нешто за личноста или односот нејзин со партнерот...Прочитала нешто на нет и за факти ќе ми зборува. Така со другарки по дома. Надраснати ми се овие муабети.
Одлично за тебе уживај (само не премногу да не се оладиш ) Кажи ми во која категорија би ги сместила ти овие случаи што се завршиле фатално(смрт) во линкот што го поставив во мојот пост -доброволни жртви ? И одлично што на форумов има и зелени дечишта што ќе те прочитаат тебе горда на себе па ќе помислат дека се е кул,супер и наивно и секако oh so sexy and hot. Повторувам по не знам кој пат моето мото е Live and let live не се мешам во ничиј живот нити наметнувам мој начин на други но во оваква ситуација кога с/е во прашање живот/и дефинитивно е потребно повеќе дигање на свест.