Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дадилка тепа мало бебе во Скопје

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од eloves, 9 септември 2015.

  1. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Не можев да го изгледам видеото. Гледав 10-15 секунди како го удира и тресе додека го преслекува, и не можам повеќе. Едноставно се вознемирувам.
    Не дај Боже ова да се случи на мое дете. Не гледам ни совест, ни закон, ни морал... Би ја убила во истиот момент. Не би имала време да ја пријавам во полиција. Мојот мајчин инстикт работи побрзо од разумот.
    Во однос на тоа дали децата да се оставаат со непознати би рекла само дека понекогаш тоа е морално.
    Имам веќе пишувано за тоа дека пред искусна жена бирам девојче кое не е уморено од секојдневните обврски околу чување деца. Не дека е мерило ама според мене е многу побезбедно така. Син ми имаше годинка кога го оставив со девојче. Дете со дете. Буквално... Лазеа заедно по подот... Се тркалаа... Заедно заспиваа на троседот. Можеби нивото на одговорност беше помало. Дадилката не можеше да сфати дека јас не сакам син ми да седи на плочките во WC па секогаш кога ја оставав машината уклучена заедно ја чекаа центрифугата седнати на подот. Ма ич не се замарав додека гледав дека детето ми е среќно. Кога ќе си дојдев од работа двајцата беа крајно расположени што е знак дека си поминале супер. Се случуваше,син ми да не сака да дојде кај мене.
    Не дека сакам да осудувам или да се правам паметна ама не ми е јасно како родителите не сфатиле што се случува. Како детето одело кај таа жена? Со плачење? Сигурно не одело со драга волја. На седум месеци децата се опираат и не одат кај луѓе кои не им се допаѓаат. Плус имало и модринки.
    Понекогаш и родителите станувваат слепи поради потребата за пари.
     
    На Lella, Mr. Right, tessie и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Едно Чупе

    Едно Чупе Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2015
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    1.067
    Пол:
    Женски
    И на српски портал го објавија бебето беше цензурирано а ништо чудно и пошироко да стигна
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.405
    Допаѓања:
    38.338
    Пол:
    Женски
    Дадилката наводно им била роднина. :| Не ми е логично нешто во цел случај како да има нешто повеќе од што се кажува, прво мислеле братчето му ги прави модринките, па ја видел таткото како го удира ама не бил сигурен... Не знам може јас немам доверба во луѓето ама уште на првата модринка ќе се посомневав во неа, па и роднина да е, а тие дури се решат да превземат нешто 5 месеци поминале.
     
    На vitamina, Nausicaa, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Нена не ти го разбрав постот. Биди попрецизна те молам
     
    На kim.k му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Се ќе разберам само тоа дека не смее да има адвокат нема да ве разберам.
    Секој е должен да има бранител пред законот и пред судот без разлика на тоа дали е крив или невин.
    Адвокатката испадна крива на крај што го зела случајот, тоа и е работа, некој мора, посебно ако и го доделил судот што да рече, не си ја работам јас работата зашто така сакам?

    Грозоморен е настанот се согласувам, ама секој кој малку знае од право и закони одма ќе знае дека снимки на суд не поминуваат. Незаконски е прибавена и не може да биде веродостоен доказ. Не е само нашиот закон таков, и во многу поцивилизирани држави ова е исто вака уредено. Зашто треба да се изјави најдобро оној што го пишувал законот и професорите на правен.
    Не ја сфаќам само реалната потреба за постирање на видеото на фејбук кога веќе било и се преземени правни дејствија против сторителот. Се манипулира со јавноста на некој начин па да и со судијата и поротата. Темата е доволно чувствителна за да се долева масло на оганот.

    Реалноста е таа невино дете страдало и сторителот ќе биде казнет. Не верувам дека има судија кој сосема ќе го занемари фактот на сите докази, како лакарски наоди и фактички докази како модрици по телото.
    Само јас лично се воздржувам од коментари со навреди, и расфрлање со смрттни казни. Си има реална и доволна казна за какви дела.

    И за крај за тоа дека пет месечно бебе го чувала дадилка а не мајка му или татко му. Не знам зашто суште ве чуди фактот дека родителите на две деца треба да работат во оваа безпарица. И да не им било дојдено до тоа леб и млеко и сметки,секој родител си има право да заработува за иднината на своите деца, и својата секако. Несреќен им бил само крајно изборот на жената. Не ги кривам,никој не може да претпостави дека ова се случува. Само требале да играат помудро со камерата и прет ова да се консултираат со адвокат или МВР. Но што е тука, битно детето е надовор од животна опасност. Последици нема да има, смешен беше коментарот на страната кога го прочитав се надеваме нема да се сеќава на тоа. Детето немада се сеќава на ништо, ама за жал родителите ќе се сеќаваат и веројано ќе се обвинуваат, што исто е реално многу болно и уништувачки.
     
    На kukla21, Lella, crimson и 9 други им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.351
    Допаѓања:
    249.522
    Има право @Hipster, во повеќе законодавства снимките се ирелевантни на суд, затоа што ако гледаме вака секој секого ќе почне да снима и ќе има општ хаос. Но од друга страна, кај нас во нашето законодавство има доста пропусти во делот на неприкосновеноста на домот. Што сакам да кажам, на пример во САД да ти влезе крадец во куќа можеш слбодно да го убиеш штитејќи го домот и семејството, кај нас треба да докажуваш дали постои реална опасност по животот, штетата која би ја предизвикал, па дали било нужна одбрана, крајна нужда, воопшто овие два института верувајте исто и како да не постојат кај нас.
    Значи ете имаме случај дома жена ти го малтертитра детето, а ти не смееш ништо да и сториш затоа што ти ќе одговараш.
    Прво добар адвокат ќе оди на тоа дали жената е пријавена, второ пушта во промет незаконски прибавена снимка која е дел од истражна постапка. Женава може нив да ги тужи.
    Снимката правнички гледано никако не смееше да се пушти во јавноста се додека трае постапката, а потоа нека ја пуштат ете со цел да се предупредат родителите да бидат повнимателни, иако во цивилизирана држава тоа ќе го стореа надлежните органи така што без лиценца за работа не смее никоја жена да биде дадилка. Најстроги критериуми.
    Вака народот ќе се полни со гнев, два - три дена, и ќе се заборави. А тоа дека некој потфрлил во многу сфери, па ете ти последици, ќе си остане така до следниот сличен случај.

    И ми падна во очи @anina со девојчето. Колку е во право. Син ми е луд по тетка му баш поради тоа што заедно лазат, заедно лежат на подот, заедно се валкаат, заедно прават се. Посреќен е со нејзе.
    Да, девојките се може понеодговорни, може детево ќе го пресоблекува по сто пати на ден, ама секако ќе биде посреќно и подобро чувано од некоја баба.
     
    На Hipster, Lella, imelda и 6 други им се допаѓа ова.
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Добро
    @Cka не ми беше намерата да си карам само си напишав мислење. И не, не ја оправдувам дадилката, знам дека сите сме гневни и никој не работи зошто сака туку дека мора и знам дека ништо не се решава со насилство и пак ќе кажам не ја оправдувам само си напишав мислење, толку.
     
  8. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Како може да постојат луѓе како девојката на првите страници што пишувала дека не било ништо трагично ова. :x Јас скоро бев на Матка и видов маж што два пати ја удри жена му и тоа пред нивни пријатели, шамари јаки. Кога почнав да се тресам цела и солзи да ми течат, а не можеш да вратиш ништо на такво горило.
    Самото тоа што малтретираш некој што не може еднакво да ти врати, те прави монструм. Абе ја сум се тресела братучетка ми кога сум ја држела случајно да не ја притиснам малку повеќе.
    Значи не ми е муабетов веќе само за бебиња, муабетов ми е за сите невротични мајки што ги гледам како ги влечат децата по паркови дур маливе плачат и ќе му ја залепи една. :@ Па стоко една, ако не си за чување дете, бркај кариера, прави нешто друго. Не ти е законски пропишано дека мораш да имаш дете. И земјава ни е толку очајна што луѓево мислат дека секој може да биде келнер, продавач или бебиситер. Не можеш да послужуваш ако четири чаши не знаеш да однесеш, не можеш да продаваш ако не можеш да се снајдеш во поголема гужва, и не можеш да бидеш дадилка ако си невротична будала или во случајов психопат.
     
    На kukla21, m.i.g, Mr. Right и 4 други им се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    322.769
    Секој коментар е излишен
    Сите сме нервозни, секој на свој начин.
    Знаеме да подвикнеме на дете (нормално кога 7/24 си со него, башка цело домакинство водиш), но едно е родител да подвикне кога тој смета дека треба а друго е НЕКОЈА СИ која ја ПЛАЌАШ да ти го пази детето да го малтретира
     
    На samovila.red., mami blue и Petar80 им се допаѓа ова.
  10. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.078
    Пол:
    Машки
    Се согласувам со Референтка вреди ли ова да се коментира, искрено незнам во момент што би и сторил на ваква жена кога би видел што прави на моето дете, искрено не ми доаѓа здрав разум само лоши мисли. Каде е човечноста човечките манири, мајчинството, чуството за човечност.
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.165
    Допаѓања:
    112.945
    Пол:
    Женски
    вака така може на лош начин ама им се даде лекција на жениве што чуваат. Па сега и на сите им е во коски страв да не ги снимаат. Само детето да си помине без трауми а неа да ја стигне казна.
     
    На samovila.red. и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  12. The Saturdays

    The Saturdays Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.888
    Пол:
    Женски
    Gnasa neka skapi vo zatvori, se tepalo edno preslatko nevino bebe
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Јас па помислив дека нешто не е во ред со мене кога почнаа да ми доаѓаат лоши мисли. Среќа не сум била сама. :tmi:
     
  14. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Следете го текот на настаните. Таткото забележал ама не бил сигурен дека жената го тепа бебчето. Затоа поставил камера. Снимката сигурно ја гледале во нејзино отсуство. Било кој родител во таква ситуација би ја фатил за врат, ама не била тука. Седнале, оладиле глави и виделе што е најпаметно да направат.
    Дали е снимката легитимно набавен доказ или не за суд е помалку битно. Ја виде цела Македонија, па и пошироко. Под притисок на јавноста не верувам дека било кој судија нема да ја обвини барем со минимална затворска казна, освен ако не проработат телефони, врски. И така да е, моралната осуда е поважна од судската. Таа жена веќе не може да излезе на улица без да наведне глава.
    Од друга страна со ова им се отворија очите на оние кои ангажираат жени за чување на нивните деца, сигурно ќе бидат повнимателни во изборот, ќе се бараат дадилки со докажано искуство и препораки.
    Инаку кога спомне некој ќотек ми се крева косата на главата од трауми од детството. Иако сум порасната во време кога се велеше " ќотекот е од рајот излезен" никогаш не сум била удрена од страна на моите родители. Ама една слика нема никогаш да ја заборавам. Со брат ми одиме во комшии кај едно другарче од маало. А тој легнат на стомак по гаќи, грбот сиот црвен со траги од каиш а татко му над него со каишот. Имаше околу 8 год.некаде. Зел пари од дома без прашање. Избегав толку брзо колку што ме држеа нозете и цела вечер се тресев во прегратка на мајка ми. И ден денес се стресувам од помислата. Има и родители што малтретираат деца, се надевам во денешно време што помалку. Ама не треба да затвораме очи пред таквите случаи, да велиме не е наша работа, треба таквите случаи да се пријавуваат посебно зашто се работи за мали невини душички.
     
    На Bozica1980, Lella, okcenzi и 4 други им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.351
    Допаѓања:
    249.522
    Има и родители што вака се однесуваат со децата, иако не верувам дека некој ќе тепа 9 месечно бебе и ќе му се дере, од причина што не разбира.
    А на поголеми деца, ви читам коментари, не судете од еден настан. Сте виделе мајка како му се дере на детево во парк и го пласка, а сте се запрашале ли што сторило тоа.
    Важам за мајка која има доста трпение со детево ми, ниту го удирам, ниту му се дерам, ама, ама, има моменти кога ќе му викнам, ќе повишам глас и види еднаш, двапати и третиот пат се смири.
    Колку пати во парк се дере, плаче без причина, се тегне, еј сум неможела да го смирам. Доста е темпераментен, некогаш неможам да го фатам од што ми бега. Колку пати сум му викнала во центар. И тоа ме прави невротична.
    Мислам дека мешате работи.
    Ова е буквално малтертирање и не споредувајте со мајка која му се „дере“ на детето во парк. Некогаш се мора. Нема да има трауми не грижете се.

    За останатите случаеви, сеедно дали тоа го прави родител или дадилка, мора да почнат да водат грижа Центрите за социјална работа.
    Видеото отвори очи, ама отвори и многу прашања и проблеми, па затоа ситуацијата нека е и прчина да се мрдне од местото и конечно да се поведе грижа за децата.
     
    На Hipster, katalina, MilaP и 7 други им се допаѓа ова.
  16. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Го делам истото мислење со @anina во однос на возраста на дадилките. И јас мислам дека помлада многу повеќе обрнува внимание на детето, отколку повозрасна жена. Секако дека нема правила, и таму и таму има исклучоци, само сметам дека девојче кое не сака деца не би се нафатило да го работи тоа.
    Помладите повеќе слушаат и се придржуваат на советите на родителите, без разлика дали е во однос на исхраната, шетањето, гледањето телевизија, занимација или било што друго. Имаат повеќе енергија и волја за едукација и интеракција со детето.

    Јас исто така имам чувано дете пред да створам мое семејтво...На почеток одев како „на пракса“ затоа што мајката немаше доверба во некој што немал свое дете. Потоа, кога се увери и направи споредба со нејзините пријателки на кои децата им ги чуваа повозрасни жени, го смени мислењето и ми понуди ако планирам да се занимавам со тоа понатаму да ме препорачува и кај други мајки. Сега и јас имам дете и ако дојде до тоа да морам да ангажирам некој, искрено би се одлучила за помлада девојка.

    Сега верувам дека немилиов настан е поука и за родителите, но и за дадилките.
     
    На eloves, cresa-jagoda и anina им се допаѓа ова.
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Не го догледав видеото :x
    Ама на место на родителите, јас прво би ја измлатила вампиркава со шамари, кубење коси за да не може да докаже дека е тепана, да не знае кај се наоѓа, па дури потоа ќе ја предадам снимката на полиција.
    Зошто морала тетката на бебето да објавува снимки, доволно е официјална снимка само да се објави и да се прикрие идентитетот на детето. Зошто морала јавно да се издава по фб, доволно е што ќе биде погледнато видеото преку медиумите. Мене па такви ме нервираат, гзот ќе си го продадат за да бидат први на фб, да им се коментира по страните, да се лајкнува што повеќе, да се споделува. Својот мочан фб профил го става пред внукот. Утре сите ќе знаат кое е детето, и познати и непознати, уште еден шок за него.
    Треба да постојат фирми кои ќе најмуваат дадилки, претходно проверени со здравствени и психички тестирања, досиеја и тн. Не треба да се бара дадилка по оглас. И треба сите да постават камери во својот дом додека дадилка им го чува детето но со известување дека објектот е под видео надзор. Така ќе се избегнат ваквите немили настани.
     
    На bella.s, eloves, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.405
    Допаѓања:
    38.338
    Пол:
    Женски
    @Abeja имаше напишано тетката дека од полиција добиле совет да ја објават снимката.
     
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Да, ама да ја објават анонимно преку медиум, или мвр службено да ја пушти преку медиумите, а не тетка му преку фб профил да ја објави и сите да дознаат за кое дете се работи. Вака можеби ќе претпоставиме дека детето нема да се сеќава на тепањето, но, со оглед на тоа дека веќе веста се проширила и идентитетот се открил, тешко да се очекува дека детето никогаш нема да дознае.
    А детето можеби во моментот нема тешки телесни повреди и последици, но ако континуирано и силно е удирано во глава, само Господ нека го чува од компликации.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    ^
    Малку е безвезе во ваква ситуација да мислиш дека тетката го направила тоа што го направила за популарност низ нетов. И што ако се дознае кое бебе е? Ниту бебето утре ниту родителите нема од што да се срамат или кријат. А случките се забораваат за три дена, после години и години веќе се ќе се заборави, па и да види снимка како возрасен не гледам проблем.
     
    На cresa-jagoda, anel и kim.k им се допаѓа ова.