Искрено внука ми или детето некој да ми го малтретира вака и ја ќе објавам, оти казна ко казна, ќе помине, она не е некоја престарена, за 10 години, колку што е максималната казна, ќе излезе и до умирачка ќе си живее живот, никому ништо, а вака сите да ја знаат од опкружувањето, па и пошироко. Прво се противев да погледам, ама кога ја видов снимката срце ми застана. Се сетив на внука ми и на времето кога беше болна, срцето ми се искина на милион парчиња. Се надевам ќе си добие казна ко што треба, долго време ќе се зборува за овој злостор.
^ Мене ми е по безвезе тетката да ја објавува снимката на фб, ама ете, секој си има право на свое мислење. Малку ќе биде да се објави по портали и да се споделува ете да речеме и преку фб, ама не бе, морала тетката да објави специјално. И зошто да се дознае, зошто мора детето да живее со жиг на челото, да биде тема на муабети по луѓето, да биде покажувано со прст, да биде сожалувано. Тоа е емотивен притисок за детето, немало потреба од толку откривање, иако ќе се дознае од самите родители или роднини, ама не требало толку да се излегува во јавност. Некои работи се забораваат за три дена ама некои се памтат цел живот. Оваа ситуација ја вбројувам во втората група. Сите сме сведоци на разни приказни кој што направил пред 15-20 години, работите не се забораваат, луѓето ги паметат и зборуваат за истите. Мислам дека ќе биде дополнителен шок за детето утре да слушне муабет дека некоја го тепала така крвнички (а родителите не го дознале тоа на време, па може да се случи и да ги обвини зошто не се грижеле повеќе за него) или да ја види снимкава кога бил тепан како бебе. Еве тргнете од себеси како би се чувствувале, не мора да размислуваме општо, ставете се во кожа на детето.
Детето можеби нема да се сеќава конкретно на настанот, но дефинитивно нема ваков стрес да помине без последици. Се’ остава трага во потсвеста, и настаните од раното детство се манифестираат на еден или друг начин низ цел живот. Карактерот не почнува да се гради откако детето ќе почне да разбира и долгорочно да памети, туку од самиот почеток.
^^ Зошто детето да биде покажувано со прст, сожалувано, зборено по луѓе? Аман од овие малограѓански комплекси. Од такви муабети силувани и тепани девојки и жени се кријат и ќутат оти утре требало пред народ да излезат. Жртвата нема од што да се срами. Ако го израснеш во човек без стравови и комплекси, ќе биде благодарно и гордо на своите родители што јавно го обелодениле ликот и делото на вампиркава и ја пријавиле. Оти и да не е на фб цела Македонија да знае, цел град или барем роднини и познаници секако ќе разберат што и како се случило кога ќе ја осудат. Значи пак треба со срам да шета детето по своите блиски и по својот град оти некој како мал го малтретирал? Нема логика.
детето нема да е покажувано со прст тоа сигурно, ама нјезината фамилија е обележана за цел живот. Сега ќе биде, ја знаештаа што тепаше дете и отиде во затвор? таа на видео што ја имаше? Е тоа е нејзина ќерка, син, внук, внука, снаа зет.. Сите се обележани. А со оглед дека Скопјево е едно големо село кај што секој се знае на некој начин тешко нив.
^ Дали се малограѓански комплекси не е битно, тоа е факт, така е едноставно и без вреѓање. Јас не реков да не се пријавуваат и да не се казнуваат сторителите, туку реков дека не мора да се открива идентитетот на жртвата кога е мало дете, за да се поштеди од дополнителни стресови. А тоа ако некоја е силувана, покрај тоа што ќе пријави во надлежните служби, на своја волја може и да истапи пред јавноста со својата приказна. Ама тоа ќе го направи разумно и свесно. А детето е најмалку криво за настанот, па уште и да се открие идентитетот и да живее цел живот со тоа. Тоа е исто како да се открие идентитетот на сексуално злоупотребено дете.
@Abeja се согласувам со тебе, ама да не се објавеше видеото не ќе се направеше толкава фама. Видеото оди во корист и на другите родители кои сега ќе бидат повнимателни кого одбираат и плус дадилките ќе бидат повнимателни во смисла како се однесуваат кон децата. Жртва мора да има. Пу пу, некој да не постапи вака со мое дете, ама јас сигурно нема да го споделам на социјални мрежи. Посебно не пак детето на сестра ми. Ама тоа е, нож со две острици.
Се согласувам со тоа дека децата ги сакаат оние кои трчаат со нив и се валаат по подот. Моето братучедче најмногу се радува кога ќе ме види мене, бидејќи секогаш заедно трчаме, скокаме и играме. За случајов, само ќе кажам дека постојат секакви болни луѓе на светот, жално за бебето, за вакви работи како кој ќе ти го чува детето мора да се посветува максимално внимание.
Мене па не ме изненади до толку видеово. Никако не оправдувам вакво нешто, ама секакви психопати има. Поготово ако не ги познаваш кои се, што се. Мада и да ги познаваш, не знаеш позади затворена врата како се однесуваат. Пред некоја година излезе слично видео на ова (не од нашава земја), каде дадилка го лупаше од земја бебето и му влезе ептен крвнички. Навистина е жално и мајките треба да се запрашаат убаво кај кого си го оставаат детето. Не дај боже може полошо да заврши отколку со шамари.
кога го погледнав видеото се запрепастив. страшна работа да е мое дете и така да му направи на мое дете јас лично би му пресудила не би требал судија и затвор
Секоја чест на тие родители што се воздржале, јас не би се воздржувала, газење се додека не осети дека нема точка по телото што не ја боли и така како таа што се лади со ладалото,а детето го покрива преку глава и се дере да спие, неа во една убава сауна да не може да дише. Не ми се верува што се има на земјава ама на бебе бре е, нема милост за таа.
Epa takvite na takvi imaat sila sto ne mozat da se odbranat,da kazat ma neka umre tamu us vo sudnica do sega ne sum kolnela ama ova cudoviste go mrazam neka mi prosti gospod
А во градинка што мислите што им прават?! И таму има вакви психопати.Нашиот внук бил физички казнуван од неговтелката,ни кажаа другите родители,па сестра ми го пријави случајот во труд.
Јас не го догледав видеото, немав срце, Ама морам да кажам дека колку сум згрозена од овој монструм, толку и се зачудив на агресијата кај луѓето. Од просто убивање, до секакви одвратни сценарија, вон секаков разум отидоа коментарите. Можам да разберам дека се страшно изреволтирани, ама кога ги читам како да сме се вратиле векови наназад, без никаков систем да функционира, сами ќе носиме правдина. Јас да бев ќе ја убиев, ќе ја згазев, ќе ја запалев, и многу погрозни работи, ко божем нешто би постигнале со тоа. Само би оставиле едно и така гревно душиче на кое му треба сета љубов без родител. Дали вреди? Или лесно е вака да се силиме преку нет, јас да бев, јас да бев, само да се разгоруваат тензии. Се надевам дека родителите се оградиле од читање на секакви коментари и мило ми е што не дејствувале избрзано, да направат нешто за што ќе жалат подоцна.
А каде виде то вреѓање во мојот пост? Тоа што реков дека скопје е едно големо село го реков во контекст дека секој со секого се знае.
Срамота за таа невоспотана таа не е добра со паметот да беше арна до сега ќе немаше на ова кутро мало бебенце да му се деси ова она треба да лежи 15години затвор
Нена јас на Bridget и одговарав ама ти си пишала пред мене па испаѓа како на тебе да ти пишувам. Мислев на "малограѓанските комплекси" 5-6 месеци не се мал период за да родителите не приметат со каква жена си имаат работа. Мене на прв поглед ми изгледа како некоја исфрустрирана, некултурна и злобна жена. Жена за чување дете не се наоѓа на улица или преку оглас. Половина од вината е кај родителите. Вакви психички нестабилни работат и по градинките. Намерно ги настинуваат децата за да не ги праќаат во градинка а оброкот они им го собираат. Намерно ги оставаат боси, намокрени со отворени прозори на промаја. Па и ги тепаат. Ова треба од корен да се смени, да треба да полагаат тестови за да добијат лиценца за нега на деца. За тоа треба психички здрав човек. Нека ги снимаат една недела тајно по сите градинки и ќе се уверат какви луѓе вработиле.