Eve vospituvanje ne dava merki.So ubavo,so lesno zboruvanje a nema rezultat.Sto ke prezemes?A pocnuva da te navreduva,frla predmeti vrz tebe?Go prijavuvas vo socijalno ti vikaat gajle ni e tvoe dete e.Se zalat drugi majki deka tvoe dete gi tepa i maltretira nivnite deca na skolo.Kako ke reagiras?
Јас не верувам дека правилно воспитување може да биде непродуктивно, ама еве и да не е ќе го казниш, ќе му забраниш телефон интернет. Најлесно е фати и акни го од земја, што си постигнал тогаш? Ти сакаш детето да се плаши од тебе или да те почитува? А почит со ќутек не се стекнува да знаеш само.
Да, да, се очекуваше дека ќе има и такви што ќе ја бранат гнасава, иако потајно се надевав дека малку сме мрднале со размислувањата... Тепање НЕ, ни свое, ни туѓо, ни навредување, ни никаква форма на насилство! Па и примеров со 12 годишното што тепало и навредувало, ако воопшто е вистина, па уште ќотек му фали место воспитување. Вештеркава не можев да ја догледам, мкне, мава, место да игра со децава, да им го направи интересен денот, моментот. Па уште имало и такви што рекле дека бесно било детево? Срамота значи...
Ne si vo pravo za zal.Kjotekot treba da e posledna opcija no e neminovna vo mnogu situacii.Ako deteto pocustvuva slabost kaj tebe toa maksimalno ke go iskoristuva.I jas sum za razgovor i se toa ama kaj mnogu deca ne pomagaat tie metodi.
Ќотекот не треба никава опција да биде, знај дека секој шамар е пораз за твојата родителска умешност.
Нема продуктивен ќотек, насилството само раѓа насилство. За почитување на авторитет детето не се учи преку покажување сила особено не од родител кон него независно од годините на детето. А за справување со немирни или невоспитани деца има продуктивни методи кои се учат и применуваат а верувал ти или не не вклучуваат примена на ќотек.
Бриџит e скроз во право со забелешката поназад. Ваквите видеа со насилни и нетрпеливи дадилки се одвратни и разбеснуваат, целиот тој бес е со право - ама не може бе дадилкиве да би ги палеле и дереле на плоштад, а истовремено сте да про ќотек ко воспитна мерка во домот и да се исмејувате дека се модерни снегулки тие што ви се спротивставуваат. Не памтам кои сте биле со тој став во соодветната тема, немам намера ни да барам и споредувам, но факт е дека ве има со вака контрадикторни реакции општо во широката јавност. За бебе апсолутно не, ама за тодлери ко во случајот - ве имало и мајки што рационализирате во тој стил, не само машки конзервативни шовинисти ко Лансиер шо не треба да се размножуваат. Не постои ќотек со причина, посебно не кон дете. Мајка нема ни трошка повеќе право да крене рака врз сопствено дете од дадилкиве, детето не е сопственост на родителите и има граници на нормално и квалитетно воспитување кое спаѓа во право на одлука на родителите, и тоа треба да му станува појасно на општествово. Детско достоинство си е детско достоинство, насилство си е насилство.
Е вакви работи се случуваат затоа што ова прашање не е коректно решено во државиве. Не може дадилка да е било која. Англија сега мислам оти воведуваат дадилка да може да биде само некој кој има соодветно знаење, е сеа не знам дали беше во форма на курс или друг едукативен програм, ама мора да помине некаков тест за да може да работи со деца. Апсолутно го поддржувам тоа и мислам дека секаде треба да е така, за да работиш со дете, особено со мали деца треба да го можеш тоа, не е секој од улица собран кадарен за таква работа. На што личи ова, црева ми се превртија штом го изгледав видеото. Како е можно фрустрациите некој на дете да си ги лечи не ми е јасно. Имаш теретани, имаш боксерски вреќи, ако не ти иде нешто иди лупај таму, не се истурај на мало дете. @Cka мислам дека ти си правник, ако викаш дека 6 месеци се добива за ова, тогаш срамно е дури и да се пише истото. Резил. Многу повисока казна треба, ќотек на дете обавезно дава реперкусии понатаму од најразличен вид. Особено па кога се вака мали деца, кога уште формираат карактер и кога секој акт има печат врз развивањето на нивниот карактер. И обавезно сум да ја објават која е, да ја видиме, секогаш прават вака, иницијали, или го кријаат ликот. Што штитат, нека ја дознае народот која е. Сељанка глупава, хк, пу.
И одредиле 30 дена притвор. Кој како стигне дадилка, посебно постари жени. На другарка ми малото, дадилката што го чуваше се испостави дека му пуштала по 6 саата цртани, едвај прозборе... Добро е што почнаа вештеркиве вака со камера да ги фаќаат, може ќе се подигне свеста.
Kolku sto znam snimki od kameri moze da se objavuvaat samo so sudski nalog.Sto znaci deka igrotekava moze da bide tuzena od ludavaca i so dobar advokat moze da gi dobie bez problem.Inaku pokrivanje na lik i inicijali se del od postapka dur e vo tek sudenjeto.
Значи од вакви луѓе (тешко ми е дури и луѓе да ги наречам, зошто овие се животни) можат да им наштетат многу на децата. До толку да не се мисли и да не се знае за психичкиот развој кај децата? Добро кажа членката погоре, обавезно психолошко тестирање и процена на личноста на вработените кои работат со деца!
Колку паметно еееј , па и смајалЧЕ.Аплауз сакаш што си досетлив? И посакувам насилство на оваа психопатка , затоа што врши насилство врз МАЛО ДЕТЕ. МАЛО ДЕТЕ КОЕ НЕ Е СПОСОБНО САМО ДА СЕ ОДБРАНИ И НЕ Е ВИНОВНО АПСОЛУТНО ЗА НИШТО! ЈАСНО ТИ Е ? Или немаш толкав капацитет да разбереш ,кога веќе знаеме дека за продуктивен го сметаш ќотекот.
Знам, свесна сум за тоа, ама еве постручни од мене кажаа отприлика колку ќе добие казна. Излегува госпоѓата, зарем не треба да се знае која е, да ја има во некој регистар? Сигурна сум дека ако се сака, може да се изведе некако за да се вметнат во листа на престапници кои кренале рака на дете. Исто како што имаше страна за педофили со име, презиме и слика, така треба и за ова. Ќе искочи од затвор, утре ќе нагази некое друго семејство на неа. Мора менување во закон и за да можат да работат, а и соодветни мерки откако ќе искочат од затвор. Сепак атакираат највунерабилно нешто на секое опшество - а тоа се децата.
Да ми удри дете некој? Башка овие три се, ги носела 9 месеци ТРИ ДЕЦА, ги раѓала се мачела за на крај некоја глупача да млати некое од нив во сред Аеродром? Децата ѝ биле доверени на ЧУВАЊЕ и на грижа.НЕГУВАТЕЛКА-НЕГА, не ЌОТЕК.Ја би ја згазила, која и да е. Една да се дрзне еднаш да ми мавне дете толку и е. Не сум го носела и чувала и не сум се тресела врз него за некоја искомплексирана будала да се иживљава кон него, јасно ти е? Иди опрај се, или и тебе нека те потфати чим бил ,,продуктивен” ќутекот..
Дете кое се однесува така, има некоја причина. Го малтеритирале/ навредиле деца, учителки во градинка, се чувствува отфрлено од родители кои не му посветуваат внимание... До утре може да нагаѓаме. Не пријавуваш сопствено дете во социјално, и нема да ја решиш причината ниту проблемот со ќотек. Ќе бараш што е причината и ќе го решаваш проблемот. Ако не можеш сам, има детски психолози.