Многу едноставно: ако некој мрази деца и нема трпение да работи со нив - чувајќи ги, воспитувајќи ги, хранејќи ги - никако не би требало да се нафаќа на работа со деца (бејби ситинг, образование, негување и сл.). За жал уште од поодмана со такви професии се бават понекогаш и луѓе кои едноставно во дадениот момент не нашле друга работа.
Плачев и јас тогаш @M&M https://mms.mk/106202/дадилката-што-тепаше-дете-земала-плат/ Еве пишува дека мајката ја најмила преку агемција заради претходно лошо искуство
Ма најмал проблем е лиценца, мислам за некои 400 ден се плаќаа и биле некои тешки глупости. Со не знам и саат време нека трае "тестот" кој може да оцени дали некој/а може да биде негователка, дадилка и тн. Системот е тиња. Нека се објавува вака јавно да знаат што ги чека ако вака се однесуваат. Нека затвора вакви да ми извините на израз "срање фирми", а ги има многу од приватни центри за едукација на деца, приватни игротеки, дефектолошки, логопедски центри до свашта... што вработуваат секакви луѓе кои работат со деца. Па ќе видиме дали нема да размислам 100 пати пред да препорачаат некој/а. А и државно 60% исто катил луѓе без трпение и професионалност. Искрено стално си размислувам дека најтешко е да исчуваш дете во нашава земја, затоа што со ништо и никаде не е сигурно. Не може да се има верба во институции.
Сега ќе ме осудите, да дадилката е за бесење, едвај успеав да го изгледам видеото, заслужува се најлошо па дури и да ја претепат на улица. Ама пак мајката, толку ли работи секој ден по цел ден да не може да одвое време за децата да ги изнесе во парк да помине време со нив, туку цело време да се со таа монструмка. Луѓето никогаш децата не ги виделе со мајка им се со дадилката. Греота какви трауми доживувале.
Незнам дал си мајка ( ај не е битно) засрами се од коментарот. Уште додади дека сама си го барала (и тоа прочитав негде )
Очигледно дадилка се зема кога нема кој да ги чува, мајката веројатно работи. Што не е јасно? Ако имала време, ќе си ги чувала таа. Колку да се напише нешто. На крај мајката ќе испадне крива, ајде ви се молам.
Којзнае колку вакви случаеви има а не се откриени. Жално е што и ова чудо за три дена ке помине. И во градинка се гребат, се удираат, паѓаат, се касаат и еве како да откријам дали воспитувачката го мактретирала или меѓу себе се повредуваат? Така и мајкава - три деца се, не е воопшто чудно ако трите се затепаат.Жената коректно преку Агенција си изнајмила дадилка и чесно си плаќа без да знае што се случува дома.Плачките на децата често ги поврзуваме со скок во развој или разгаленост, па и неможе точно човек да оцени. Спојлер: Случка Иначе пред 4-5 години имаше случај во Кисела Вода кој не се дозна во јавност, дадилката (пријателка на пријатели, жена од доверба) на детето му давала наутро апчиња за спиење за да не и досаѓа во текот на денот, а таа си носела ,,муштерии,, дома за дополнително да заработи.На родителите им станало сомнително, детето било постојано мамурно и многу мирно, па решиле без никој да знае да стават некој ефтин апарат за прислушување. Имале што да чујат.Секој ден различни мажи во нивниот стан.Додека детето спие, таа си заработува од сексуални услуги. Ја избркаа и не дигнаа ,,џева,, зашто биле пријателка на пријатели и ако се обелоденеше што таа прави ќе ја избркаа и од дома. Сите ние го сакаме најдоброто за децата, ама не секогаш излага така.
Случајов зборува за тоа колку ни е бедно општествово. Колку се без врска тие лиценци кои ги воведоа, а ги положи секоја будала. Колку агенциите не водат сметка кого вработуваат. И во градинка има вакви случаи, но ете може се тешиме дека е институција. Ама, баш пред некој ден една мајка ми кажуваше како детето стекнао трауми од градинка. Зашто тие стручните воспитачки ги избркае, ставиле други со некое безвезно средно и положена лиценца. Еве јас имам образование за работа со деца, постојано читам литература за тоа, барам на нет игри за развој ама работа таква не можам да најдам. Еднаш ми понудија, ама кога видоа дека немам партиска книшка, се фатија за тоа дека немам лиценца и не може. Па напикаа со средно жени и со лиценца. Ене ми ги материјалите, она се учи и напамет ама треба да знаеш да го примениш. Треба да имаш живци, треба да знаеш детска и развојна психологија.Детенцево колку што видов сакаше да се пушти по лизгалката, ама лудачава не го пушти. Нека си одлежи и затвор ма мислам дека поголема казна од тоа што ја објавија јавно со име презиме и слика, нема. И малку и е. Нека врти сегде сите да ја знаат и плукаат. Родител има право да го искара детето, ама некој што му плаќаш да го чува вака да ти го мава, страшно.
Добро бе луѓе, има ли некој психолошки тест што им го прават на дадилките пред да ги вработат?!?!? Ова е скандал од големи размери! Душава и срцето орев ми се направија кога ја слушнав веста. Видеото немав сила да го догледам до крај.
За да се изведе психолошки тест треба посебни услови за ако сакаме резултатите да бидат веродостојни, но и тоа не е доволно. Во странство тинејџери за да заработат пари чуваат деца па ова не се случило. Туку кај нас народот нема свест, системот е срање, не се плаши од многу работи затоа што и нема правен систем, се' се заборава брзо. Луѓето се полакомуваат по пара затоа што може не можат да си најдат работа по струка илк слично, па дај шта даш. Многу нервозен народ сме секој трети е на антидепресиви. Порано на педагошки се запишуваа луѓе што сакаат деца, сега се запишуваат најслабите ученици, а и некои беа тешки бараби во средно... така да се е испревртено. Рибата смрди од главата.
Браво Вајлд. Читам цело време како сите загрижени за децата,а не мислите дека и оваа е нечија мајка,дека нејзиното дете ги чита по интернет вашите одвратни коментари како ја ќе ја палите и бесите? Скроз сте лицемерни,нека има регистар за вакви дадилки,секој што сака да најми нека оди во полиција и нека се информира,ама вие како ќе ги задоволите вашите трачарски потреби. Хипокризија скроз!!!
Дали си сериозна дека после гледање на сцена како малтретира дете треба да се запрашаме за нејзините деца??? Па и сериските убијци и педофили и тн. имаат фамилии и мажите што малтретираат и претепуваат жени или деца и тие се нечии деца. По форуми сите глумите као имате осет, чувства и ги жалите другите, а у реален живот едвај да се најде некој таков човек што останал. И да треба јавно да се објави таа, треба да се знае што прават и до каде се оди. Треба да се срами за тоа што го направила, а да имала свест немало ни да го направи ова. Нека биде памет за другите што ќе се осудат да дигнат рака на некој. Ако немаат нерви нека работат друга работа.
Добро де со видеото се разви свеста,ама вие сакавте ликот да го видите за да сте ја плукнеле wtf,за форум и реален живот speak for yourself вие сте полни со небулози на темава,не ми споредувај сериски убијци и педофили,за нив секој е потенцијална жртва,дадилката сам ја бираш и ја носиш дома. И да ако сте така фини и грижливи ќе се замислите што е детето криво што има мајка монструм,ама не за некои работи подалеку од носот не гледате.