Едно видео не ја развива свеста. Кој вели за дадилката монструм дека таа сама не ги бира. За вакви профили знам што зборам и не ми кажувај што да споредувам, точно знам што правам. Никој не спомена ништо за детето, а жена од 60 год сиг има веќе возрасни деца така да никој не стави тука нејзино дете во уста. За вакво дело нема оправдување. Го сакаме ликот и името на фирмата за да осудиме и да знаеме каде да се обраќаме и со право не знам што не ти е јасно? Сакаш да кажеш дека некоја жена ако е истепана е у реду зошо сама си го одбрала мажот побогу? Ама ај да не навлегувам во други теми.
Види како ги измеша работиве,ти објаснив дека кога бираш дадилка сам го правиш изборот,ете нека има регистар во полиција па секој може да се информира,насилникот,педофилот и сериоскиот убиец те бира тебе,секој е потенцијална жртва,дали ме разбираш? Си има институции,ете најдена е жената,ќе и се суди,фирмата може да се обелодени,ви се билда егото со коментари од типот,би ја задавила,би ја згазила,би ја запалила,итн итн,постигнавте нешто со тоа? Да,тоа што спомнав погоре. Со обелоденување на ликот се разви повеќе свеста? Како? Има видео,има инфо дека е во притвори дека ќе и се суди,енде.
Прво жената ја избрала дадилката, а не децата за така таа да се однесуба. Да ти одговорам шо се однесува до моето его нигде не напишав коментар од таков тип ниту со навреда, дали тебе ти се крева егото глумејќи финоќа? Добро, 100 стапа на туѓ грб не се ништо. Мајката си знае... Второ збориш глупости тие другите регистри ги поништија ќе имало регистар на дадилки... супер ако веруваш во тоа. Па и во градинките вработуваат луѓе што не се осудени и со лиценци па имало случаи и јас сум била сведок на тоа однесување. И знаеш што се случило? Ништо, уште си работат таму. Значи ако викнам чистачка дома и таа ме искраде или ми натепа деца не треба да се осуди? Да имаше институции немаше ова да се случува, голема работа ако ја нашле за кратко ќе излезе и се ќе се заборави, а и ќе ја најдеа сигурно да не беше јавно објавено ова мхм.
Како прво јас не те цитирав,ти си ја ишкаш мувата,не барав погоре да видам дали си пишала погрдни коментари или не општо констатирав,второ не реков ништо за видеото,трето не зборувам глупости,регистри треба да има.Четврто,првата реченица не ти ја разбирам,петто,не глумам финоќа само пробав да видам подалеку од носот.
Па ме цитираше кога праша дали ни се полнело егото. А јас те цитирав не затоа што си ја ишкам мувата ( тропаш глупости, членовите во темава знаат дали вреѓам) поготово пред луѓе што не ги познавам, туку затоа што најголемиот дел од народот во мк се прави као за се објективно гледа и далеку од носот, а кога се работи лично за нив е друга песна. У никој случај не поддржувам насилство ни од една страна, но затоа што е дно дна од систем треба да се објави јавно. А тоа дека мајката сама си ја избрала дадилката па нормално од нејзини икс причини, но тоа не дава право таа така да се понаша со нејзините деца. Да затвора нос и уста на деца нормално дека ќе биде најсурово критикувана. Ако некоја си го запише детето во училиште и наставничката го малтретира и никој ништо не и може треба да ќути наместо да ја објави јавно затоа што мајката одбрала детето да иде во тоа училиште? Па ќе објавам и нема да ми е гајле дали некој погрдно збори, а не дај боже да се работо за дете, затоа што знам луѓе од блиска средина кои по "прав пат" тргнале да решаваат слични случаи и на крај биле сметани за ненормални додека другиве си продолжуваат со работа, а некои и се'уште со деца. А од др. страна ако некој на форум пише дека не знам требало да се обеси па еве гледам и ја обесија бог да чува. Женава постапила како монструм и народот со право ќе ја осудува. Дете убија па уште никој не одговара не па регистар за дадилки ќе има ајде ок. Од сите што гледаат подалеку од носот тапкаме у место, али у реду е.
Ок не заглавувај deeper pls,кај реков дека мајката е крива што си ја одбрала дадилката? Кај реков дека е проблем што видеото е јавно? Те цитирав на претходниот коментар бидејќи ти ми реплицира,а јас ги осудив тие со погрдни коментари,ај сега кажи кај се најде повикана воопшто да ми реплицираш?
Мајката ги добила децата на 41 година со ИНвитро после многу маки. мажот и работи во странство, а таа работи овде. Затоа земала дадилка. Ој вие мајки за медаља олабавете малку, туку поплукајте си во пазуви, да не ви дојде на глава. Полека малку со осуди. Само тоа знаете. Каде живеете не ми е јасно па мислите дека со една плата може да се живее и дека мајката треба дома да седи за да ги чува децата нели, оти не дај боже да оди на работа да земе дадилка, она не е мајка!! Како бре не ви е срам да пишувате дека мајката е крива. Ајде само уште тоа извадете го и да завршиме со простотилокот.
Нормално, кога пола форум во друга тема се изјасна дека ги дава децата другарки да им ги чуваат, ќе ја осудуваат оваа што нејќе да замара блиски туку си плаќа. Тоа што налетала на погрешна особа, јбг, секому може да се деси.
Не знам зошто се наврте муабетот на мајката. Жената не знаела каква личност е дадилката.Кај ќе знае кога е на работа? Битно,ја притворија дадилката и сега останува да се надеваме дека ќе биде соодветно казнета.
Дај жити се, не се прави мајка Тереза. Да се деси на твое дете сигурно не би бирала зборови према злоставувачот. Не ни треба да бираш. Плус што ако помине со зборови добро ќе е. Да е на моја сакана особа сторено вакво нешто, има да посака да се нема родено уопште. И тоа е сосема ок.
Реакциите се нормални. И не значи дека ако некој рече дека би ја истепал дадилката,дека може да го направи тоа.Понекогаш тие зборови се само резултат на нервоза поради ситуацијата. Ама и секој би применил различни методи за да ги одбрани или заштити своите.
Не бе. Срцка е таа жената. Го тепала, ма од љубов е тоа, го гушела со рака, ма неее му бришела уста. Море најстрога казна за овие. По закон.
Ако се надоврза некој на мојот коментар дека нонстоп ги гледав со женава, не ми беше намерата да посочам на мајката дека не поминува време со нив, ете ќе се корегирам дека обично во попладневни часови ги хледав кога јас сум дома. Нит ја знам жената нит знам што и колку работи. Може лошо се изразив, сакав само да кажам дека толку време ги гледам со неа, очигледно е дека не бил само овој пат, сакав да кажам дека сега ми е појасно зошто за жал секогаш беа мирни како војничиња.
Што муабет ти свртив бе ? Велиш да не сме користеле погрдни зборови за дадилката,ради децата нејзини, можеле да прочитаат. Прочитај го сега пак мојот пост и кажи ми што спинував.
Вашите отровни и погрдни зборови немат да допрат до женава пошо очигледно не е добра со мозокот. Вие со вашите погрдни зборови ќе превенирате во иднина ваква ситуација? Демек утре некоја психопатка ако добиет нагон да малтретира дете ќе и текнит дека ќе ја ругате вие на интернет па ќе се премислит? Жената е најдена,притворена и ќе одговара пред закон,вакви случаи имало и ќе има,не само кај нас туку низ цел свет.
Си слушнала за револт и огорченост, што треба да се бираат зборови кога ќе се деси ваков ѕверски чин?? Еве јас кажувам, мое дете да беше у прашање немаше да чекам да дојде до приведување, ќе и' пресудев на мој начин.
Овие изјави се малку лековерни. Нормално дека не би направил ништо зашто ќе треба да си го оставиш семејството и истрауматизираното дете на кое и те како ќе му бидеш потребен. Да, во бес се кажуваат вакви работи, ама тоа се само зборови. Друго е реалноста. Женава е монструм и тоа е тоа. Децата нејзини не се одговорни за нејзините постапки. А мајката секако дека не е ни најмалку крива. Направила како што мислела дека е најдобро. На повеќето децата се во градинка, не дај боже таму да се малтретирани, ќе се сметате ли себе за криви или тој што ги малтретирал?
Реин женава не заслужува никакви добри зборови после тоа што го направи, а за лековерни изјави не знам, детето ни го знам ни го познавам па кога го гледав клипот се изнервирав до даска. Не сакам да помислам што би се десило да е мое..