Никој не коментираше за семејството на дадилката,туку за дадилката. Човек кога ќе се изнервира кажува и работи што не ги мисли. А,и полицијава наша не е многу делотворна,па затоа на некој му паѓа на памет сам да се пресмета.
Јас те разбирам дека си се изнервирал. И мене солзи на очи ми навреа. Ама, сакам да ти кажам лесно е да се каже нешто во бес, ама друго е кога имаш човече што зависи од тебе и си му потребен. Не можеш да си дозволиш да направиш нешто што би било на штета на детето. Зашто тоа тебе ќе те изгуби. Тогаш би сфатил дека колку и да сакаш да ја фатиш за врат детето е најважното нешто. А за жената и погоре кажав, се согласувам дека не заслужува ниту сомилост ниту пак за нејзе да се бираат зборови. Нејзиното семејство и да чита не е одговорно за нејзините постапки.
Мајката побарала копија од договорот,но ја одбиле иако барањето било по налог од обвинителството. Инспекторите биле на терен.Вработените во агенцијата најпрво негирале дека истата се наоѓа во таа зграда.
Е токму за ова зборев! Секогаш негираат секогаш се извлекуваат. И што ќе направат ќе ја затворат фирмава ќе отворат друга со друго име и опет! Како со Кемаловски што беше. Море прво таму нека претресат, па после др. А и да, голема работа ако има пријава или нз шо докторон што ја лажеше жената дека е бремена не избега во странство? Колку сменија имиња и презимиња и одново имаат извадено и пасоши и киднато. Него сите глупави да се правиме.
Значи прочитајте добро, не ја обвинувам мајката, Бог да чува, никој не ни смее да ја обвини. Дадилата е за бесилка. Од претходни постови и коментари онака прочитани, се збори дека децата никогашне биле видени со мајка им сите ги гледале секојдневно децата, но мајка никогаш. Клипот е трауматизирачки сеогаш кога и да се присетам врз основа на коментарите дека децата никогаш не биле видувани со мајка си го поставувам прашањето, толку ли не забележала душичките како се мачат, значи ми е криво 2 годишни деца секој ден ќотек, и си поставив прашање толку ли многу работи па постојано децата да се со тој монструм, солзи ми навираат кога ќе помислам колку се мачени душички. И читајте убаво никој не ја обвинува мајката!
Врз основа на претходни постови и рандом коментари, дека децата постојано биле со дадилката. И читајте убаво никој не ја обвинува мајката. Само ми е жал за душичките какви трауми секој ден доживувале, сиротите биле мирни, бидејќи секој ден добивале ќотек од онаа проклетница.
Ама сериозно, врз основа на рандом коментари од луѓе кои воопшто не ја познаваат ќе носиме заклучоци? Како жени на чешма. Ајде ти се молам, на крај краева што ти е тебе гајле дали и колку време поминувале со мајката? Воопшто не е за тоа темата. Како мајката си ги гледа сопствените деца не е наша работа.
Има луѓе, повеќето впрочем.. што со насилство би го 'решиле' проблемов. За да не биди така, за да не биди како на Дивиот Запад, постојат закони и концептот на институционална правда. Не го бранам однесувањето на дадилката, уште помалку го оправдувам. Ама не сакам ни да биде истепана. Знаеш, имам пишувано повеќе пати по форумов, дека сум била силувана, и пола од репликите биле: Испрати му некој да го истепа. Не сум му испратила, и никогаш нема да му испратам. Моја грешка е што не тужев, и немам право 'да ја земам правдата во свои раце'. Не сме многу 'фин' народ, па да се потпираме на тоа: Доволно е да се знае, за да се пазиме од 'нејзе'/ 'него'. А за обелоденување на лик кој е веќе осуден, секогаш сум ЗА.
Како ќе заплашиш Вајлд некој со институционална правда, кога тој некој не верува во институционална правда ? Тој верува во ќотек а за таквиот кој верува во ќотек, дај му материјал за верување.
Се сложувам со другото, но Вајлд далеку сме од народ кој решава со насилство нешто, насилството е присутно само кога има некој послаб (жена, дете, послаб маж), инаку се останато е само на зборови. Зошто тие што ти викале така не го сториле тоа? Затоа што најлесно е со зборови. Затоа и не ме потресува кога се пишува така за некое морбидно дело зошто тоа е само искажување на гнев кон таквите и кон системот. Веруј ми истражувањето и праксата ми зборуваат дека кога човек сака некому да наштети не го пишува тоа, туку го прави. А таквите навреди кон женава се најмалку што може да осети, зошто не е прв случај да зема некој толку пари, а да малтретира деца. Што се однесува до фамилијата нејзина не е одговорна за ништо.
Не знам... јас мислам дека има доволно насилство, за да не додаваме причини за нова можност. Статистички.. и еден да е истепан, е премногу. Иначе, иако нејзината фамилија не е виновна за ништо, знаеш дека ќе биде остризирана од околината. Социјално однесување е, кое е присутно секаде во светот. Луѓето се по природа такви. Guilt by association е популарна метода..
За семејството знам затоа што имаше случај кај нас каде што сестра на педофил ја избркаа од работа и никаде не сакаа да ја вработат само ради тоа што му е сестра и тоа беше една од неколкуте причини да се укине регистарот. Иако треба државата да апелира да не е така, но за која држава правиме муабет? А што се однесува за насилство да ти кажам по природа сме најненасилен народ, освен тук тек као меѓуетничко препирки на тинејџери кои ескалираат. Во други земја да има ваков случај искачаат одма со транспаренти на улица и тоа зборам за земји кои имаат строго утврден правен систем. И не само за ваков случај туку за се. Агресија во земјава има само кон послаба особа како што кажав и како што имам информации собрано при соработка со неколку центри.
Сепак мислам дека не треба да се објавуваат слики, лични податоци, на луѓе кои се осомничени. Innocent until proven guilty ... и тие работи. Иако знам дека секаде во светот, првото 'судење' е по медиумите и социјалните мрежи, а после во судница.
http://skopjeinfo.mk/privedena-ushte-edna-skopska-dadilka-i-taa-tepala-bliznachinja Ова језиво станува веќе, не знаеш на каков монструм ќе го оставиш детето...
Го видов. Веќе станува јасно дека фразата барам девојка за чување деца не е старосна дискриминација туку рационален критериум. Сега знам дека мојата идна дадилка треба да биде студентка а не пензионерка.
Ахам. Дур дреме на фб и децата ти глеат цртани.. Ако веќе имаш кеш за дадилка поарно дај ги за приватна градинка.