Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дадилка тепа мало бебе во Скопје

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од eloves, 9 септември 2015.

  1. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.716
    Допаѓања:
    14.520
    Пол:
    Женски
    Способноста ради годините беше on point,не мешајте емоции,нормално дека не е исто.
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  2. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Па и мене на 13 години не би ми дал некој дете да чувам (како дадилка), ама братучедиве мои ги оставале со мене.
    Чудно ми е, ти го нема мислењето ама нема врска.
     
  3. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Добро сега дете од 13 години не може ни за себе да се чува ниту свеста работи на повисоко ниво за да може да ги предвидиш сите опасности, но сметам дека од 17 години би можеле да чуваат деца на возраст од 5+ години на неколку саати, посбено од девојките од 20+. Но сепак сметам дека клучно е да се има љубов кон децата, нема секој трпение и разбирање за дете едноставно такви се луѓето и не треба да се нафаќа некој кој нема трпение. Јас лично знам жена од 64 години која чува дете со церебрална и на нозе го крена и надвор го носи и во продавница и на лулашки ( додека неговите го чуваа дома беше и во количка до 10 години дали 3,4 пати имаше излезено од дома дека немаа лифт), јас мислев дека му е другата баба испадна дека женава немала никаква роднинска врска. Така да се е е до желбата, нормално не можеш да го сакаш како твое дете, но кога си со него ако сакаш деца и те како ќе го гледаш речиси исто како твоето.
     
    На Stressed Out и candy.cane им се допаѓа ова.
  4. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Се согласувам целосно со тебе. Членката се надоврза на претходно мислење (дека жени во години најчесто не се толку способни да чуваат деца) со став дека за мајка/свекрва тоа не важело.

    Мене ми е бедно што наставнички, воспитачки или негувателки, дадилки (па и некои педагози) се нафаќаат да работат со деца а тоа не е од љубов.
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.903
    Допаѓања:
    132.729
    Абе кој сака нека е! Никој не смее да ми допре дете!!! Ни мајка ни свекрва! Апсолутно никој!! И јас не знам како се воздржуваат другите мајки чии деца биле тепани, ама знаејќи го судството нашр, јас би тепала, тепала, додека не се посере тепачката.

    И немојте дека сум иста ко нив, таа тафтологија не мене. Она е тепач на дете, јас на насилник кој заслужил. Ако и скршам рака, веќе никогаш нема да ја крене за да тепа друго.У најмала рака по скали ќе ја бутнам, да не може да каже дека е тепана, ќе речам сама падна. Ама должна не и останувам. Знаејќи кој маж го имам дома, за дете не му чука два пати, па веројатно ќе ја бранам да не ја лежи за убиство на дебилка.
     
    На Feminka22 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  6. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    @Cka не знам зошто си ме цитирала. Јас твоево го разбирам. Не знам какво е чувството да имаш дете, ама јас кога дознав дека сестра ми и најдобра другарка биле физички малтретирани во врска, посакав да ги убијам дегените. Ама не би се осмелила.
    За дете може во афект ќе реагирам, ќе мавнам ќе тепам. Планирано не верувам, овертинкер сум и знам дека можам јас да го јадам после, па детето без мајка да расте.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Да фатиш една да ишутираш убаво до болка, па да учат да не им текне да удрат дете.
    Говеда
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.