Најстрога казна за дадилката. Али и родителите да се преиспитаат малце, се остава ли дете на 65 годишна жена на чување? Сигурно бабата на детето е помлада од неа...
цццццццц не ми се верувааа, ова малце ли е. Мало сонценцее. Нека е ова твое дете и пиши после што преувеличувате.
Видеото не можев да го изгледам, го пуштив само 30 секунди и доста и беше, многу ќе се разбеснам. Луѓе, вака не се однесува некој што не сака деца, туку некој психопат, нервно болен на кој би му помогнале само психијатриска болница и јаки лекови за смирување. Има разлика од тоа да не сакаш, односно не умееш со деца и да си ваков психопат. А и малку ги обвинувам родителите, дефинитивно треба многу повеќе да се проверуваат дадилките и сите оние што ги оставаат децата со нив. И во градинка да го носам, убаво ќе испитам кои се учителки/учители, а не па дома да и го оставам.
Човеку се гледа дека ти поминало времето за лечење. И не, нема да ти ''посакам'' истото да му го прават на твоето дете за да сфатиш што всушност е ова и како ќе те боли. Да го родиш и да внимаваш да не му падне влакно од главата а други да ти го малтретираат? Ако ти одговара тоа тогаш стварно немам зборови... и да, родител како родител нормално ќе крене рака ама не на оваа возраст и се разбира со причина, ама оваа дотичнава е таа која што има најмало право на кревање рака врз туѓо дете и тоа без причина колку да си го истури бесот некаде. Време е за бан.
@MacaLove и јас сакав да го пишам истото во однос на проверувањето на жените за чување, но прочитав дека тие ја знаеле жената од претходно, па претпоставувам дека познавајќи ја, имале некоја поголема доверба во неа. Но, додека некој не ти влезе дома и не почнеш на некој начин да „живееш“ со него, никогаш нема да му го дознаеш наравот. Така да, секогаш важи онаа старата добра - Боже, чувај ме од пријатели ...
Страшно и жално за кутрото бебенце,што се претрпело.Ова е психопатско однесување,женава е пореметена тоа е сигурно. Мене ме чуди фактот како цели 5 месеци родителите не насетиле со каква особа си имаат работа.Па уште во првите неколку секунди од видеото се гледа дека женава не е нормална.
Јас сум човек што е против секакаво насилство и врз животни и врз мажи и врз жени и врз работиници итн , Ама ова хах, ова е нешто што толку ме вознемири а не го догледав до крај само многу кратко што секакви пцости ми идат на уста и секакви работи да и направам на оваа краветина смрдена , ако сакате да видите ова е ѓаволот луѓе a не тој црниот , оваа к*******а !!! . Се надевам дека малиот убавец е во ред и јака им душа на родителите што не презеле ништо во свои раце , а некои што мислат дека ова не е сериозно не се поразлични ништо од старудијава !
А има ли некои новости, што е превземано од полицијата на овој случај? Што ќе направат со оваа вештерка?
Видеото не го гледав и не планирам. Не сум способна за тоа. Сакам да прашам, дали ќе и следи на оваа соодветна казна? Ќе ја има ли на суд?
Леле не ми се верува. Дали го видовте најновото видео кое излезе од бебиситерка во Скопје како тепа 9 месечно бебе. Се тресам. Страшно. Ќе ја платиш за да се изживува со децата. Не знам како родителите се воздржале да не ја задават со голи раце.
Со оглед на тоа што обично се земаат со препорака овие жени, страшно да мисли човек колку деца вака чувала а ги фарбала родителите. И без плескањето е страшно, тоа за неа лулање било, како го тресе. Додека не знаат да зборуваат и да кажат сум викала секогаш, деца не се оставаат со никој сами кој не ти е прва крв, а и тогаш има резервации. Доволно грозно ама и полошо има од ова видео што им се дешава на деца во туѓа нега.
Го гледав видеото и не можев да поверувам како може планетава да држи таков монструм. Мислам дека имаше слично видео каде во породилно, сестрата која ги чувала бебињата, истепала едно кое исто така плачело. За такви како нив смртна казна би одредила јас. Тоа не се луѓе! Монструми без трошка чувство, грижа и човечност во себе. Навистина мора да си таков за да кренеш рака на едно мало бебе, едно невино суштество. А за такви како женава нема место на земјава.
Со овој монструм во иста населба сме живееле, недај боже да ја ослободат јас би ја нашла и би ја казнила така како што заслужува, полека и бавно измачување како што она му прави на кутрото бебе и на многу други бебиња што ги чувала
на портал пишуваше дека е веке во притвор и дека може да биде осудена на од 1 до 10 год затвор. Мислам дека 10 се таман за ваквите, кога веке не може повеке.
Кога го видов видеото помислив дека е прво монтажа, дека не е возможно во Мк вакво нешто. Ама кога го изгледав.....шо да кажам. Сигурно е болна женава. Само незнам како родителите се воздржале самите да не ја казнат вештерката. Греотка детенцето, што чекале 5 месеци. Како порано не ја откриле. Се надевам нема да има детенцето последици. А очигледно има и на темава болни во мозокот.