Наредниот пат кога некоја ќе ми каже во стил на некоја кариеристка/феминистка: Ауууу не ти е срам дома да седиш сопругот да те рани, а седам дома да си ги гледам децата, ќе и го пуштам видеото и нема потреба да се објаснувам зошто седам дома со децата. Го пуштив само неколку секунди видеото и повеќе не можев да го гледам, немам зборови за монструмката, па јас имам три мали деца па глас не сум и повишила а не па рака да кренам, така да нервите не се оправдување за ваквото однесување, едноставно или си психопат или не си, ниедна нормална личност вакво нешто не би направила.
Не ми се верува. Што и да се каже малку е.Греота за тоа малечко злато што доживеало од тоа животно,од тој монструм.За ваква не треба затвор туку смрт.
Тушла невидена, права лудача.За греотка бебенцето. Не можам да замислам тие 5 месеци што му има правено видеото е од еден ден:/ Ко нема да ја фатат по то затворите да ја шибат по то нозиштата дебели И во градинките не се поарни тоа воспитувачките, една што имав абе милина спијај или шамар е ај со сила спијај.... Жално но вистинито и многу мајки по заостанати вака се однесуваат со нивните деца,ги тепаат за ништо тоа не разбира па плачи, па тепај оти плачи....
Јас не го догледав видеото, премногу е. Па денес читав и за детево од Хрватска, што почина поради родители кои лечат со помош на Гугл и исцелители, ама друга тема е тоа. Имам дете, знам колку боли, мене вака да ми удира дете, леле не знам дали воопшто ќе се контролирам. Денес паметот ми е само во детето, абе затоа е најубаво до 3 години мајка да си го чува детето. Ама мора да се работи. Епа затоа, бактерии, вируси, ама градинка си е градинка. Барем не ги малтертираат вака. Инаку, за адвокатот, ако нема пари, ќе и додели државата. Што е нормално, и што му судите нему, па тој си ја врши работата. Има адвокати кои бранат криминалци и имаат рејтинг на добри адвокати. Впрочем кривичарите се едни од најскапите адвокати и претежно ги ангажираат криминалците, а целта им е што помала казна. Нему не му е гајле дали клиентот е виновен или не. Законски, снимката е прибавена незаконски затоа што жената не знае дека ја снимаат и оваа не важи на суд. Јас знам дека кај секој од нас постои револт, ама мајки, законот е таков. Можеш да поставиш камера во домот или дуќан, ама мора да нагласиш дека просторот е под видео надзор. ПИМ се користат кога постои основано сомнение дека лицето врши криминални дејствија, и тоа е законски пропишано кога и како се употребуваат. Во овој сличај не станува збор за Посебни Истражни Мерки. Единствено може да послужи како доказ извештајот од лекарот, видливите модринки и можеби поради големиот притисок на јавноста да биде осудена. Вака не би ме чудило и да ја ослободат, нема валиден доказ, за жал.
И јас прво од сабајле ко отворив фемина го видов видеото, не успеав да го догледам целото искрено, бебено е облечено исто како што има и моето синче, и цело време ко својот син да го гледав. Уште кога со ќерќичката се породив имаше вака едно видео за мајка на 4 месечно бебе кое го трескс од ѕид и го шамари зошто не престанува да плаче Згрозена сум од вакви работи, самите зборови кои ги употребува..... Само ќе кажам дека за жал има и родители кои ги родиле и вака им прават.... Благодарна сум што можам да си ги одгледувам јас децата и да ги подигнам во љубов, пеење, гушкање.... немам доверба во никој
Приметил некој дека од ФБ е избришан целиот пост од видеото што беше споделуван? Видеото од тетката на бебето.
по барање на адвокатот. Многу видеа се тргнати од многу портали и фцата на идиотот и е замаглена. Ама џабе вчера сите ја видоа.
Ццц како не и е срам бе на олку мало бебенце, што и направило тоа невино мало суштество. Кога го видов видеото солзи ми протекоа по очите, како може да го мава бе немилосна една. За ваквите само смрт треба безобразна една глупачка крава не знам како да ја наречам некултурна една. На ова 100 спапови да и се удрат и е малку ренде синила да ја направат и тоа и е малку само смрт за ваквите само смрт. Господ да им врати на таквите тие за нив да и сочекаат така за внуците да дај боже, ама и тоа не е правилно, што е бебето криво. Бебето да беше мое идам дома и ја газам под нозе ја, ја давам и в затвор одма. Уште еднаш ќе речам тешко на ваквите дечиња многу ги жалам
у п.м. ми се приповраќа кога го гледав... абе ја боље ќе го чував тоа дете бе ејјј!!! ццц! страшно, жално и греота. се надевам дека фамилијата е добра, а женава дека ќе ја снајде казна затвор. ццццццццц. имаше еден оглас за дадилка по овие пазар3, реклама.. гласеше нешто вака, бараме дадилка со високо образование, возачка, јазик, без криминално досие, со искуство и уште мал милион работи бараа, прво се чудев зашто, ама сега ми е дефинитивно јасно. не можеш бе на некоја отидена со нервите и паметот да и оставиш дете. не знам што да кажам повеќе...
Добро, не знам што ви е со овие грозни видеа што ги споделувате, како: ајде сега сите ќе гледаме и ќе бидеме погневни. Грдо е бре, не знам како ви се гледаат такви работи. Дека снимката е незаконска, е незаконска, но не можеш да и судиш на родителите. Не знам што ќе се случува на суд и дали се' ќе оди во нивна корист, но после видеово женава нема да најде работа никогаш. А пак, да не зборуваме за јавната казна која е најстрашна. Цел ден вчера Македонија гневот на неа си го лекуваше. Да се надеваме дека нема многу нездрави како оваа, а ако има дека ќе се средат по оваа видео. Плус родителите сега ќе бидат многу повнимателни. Инаку, како на друг начин ќе се свртеше вниманието на јавноста и оваа општа игнорантност ако не беше објавено видеото.
Ако не е законски да се снима во сопствениот дом, не ми е јасно на каков поинаков начин можат да се заштитат родителите кои најмуваат дадилки? Ете забележале модрици па решиле да снимат. На кој друг начин да докажат? Ако само пријавеле со модриците, ништо не може да докаже дека е таа. Што требало да направат, само да ја отпуштат и таа да продолжи да тероризира други семејства? Како може да се законски камерите во продавница кои докажуваат дека некој украл, а ова да не биде? Па и овие коментари на адвокатот дека сега немало да ја коментира содржината туку начинот на кој е прибавена снимката затоа што нели, така не’ научи судската пракса овде... ми доаѓа да скршам нешто.
da potpisele dogovor za rabota(za cuvanje dete) vo koj kje bilo navedeno deka kje bide snimana dadilkata vo rabtono vreme,kje bese legalna snimkava. dadilkata so potpisuvanje na dogovorot kje iskazela soglasnost da bide snimana.
Законот е таков, за жал. Во дуќаните мора да стои, а и стои знак во кој се дава до знаење дека е има камери. Значи за да биде легална снимката, мора да знаеш дека те снимат. Реков друг начин освен со лекарско уверение и вештачење дека детево е удирано, друг валиден доказ нема. Само за споредба, и снимките од прислушкуваните разговори се незаконски, односно немат правна сила. Адвокатот се повикува на оваа судска одлука. Ви смета изјавата дека не го интересира содржината на снимката ами начинот на кој е снимана. Значи, оваа со свој камен по своја глвава. Не е негова изјавата, превземена е. Еве сега премиерот нека каже шо правиме со снимката каде јасно се гледа дека го тепаат детето. Нека објасни. Или не е битна содржината. Истото се однесува за сите вие кои цело време повторуваате од каде се снимките, а не ви беше битна содржината. Што ќе правиме сега,м? Дете е малтертирано, а снимката според законот е невалидна?
Стомак да го гледам видеово - немам. Се сеќавам лани мислам беше, дадилка во Русија тепаше дете: http://www.dailymail.co.uk/news/art...-father-child-suffered-damaged-vertebrae.html па уште ми е некако „свежа“ сликата од ова видео.
По ова мислам дека треба да се спроведе иницијатива за менување на законот. Во свој дом секому треба да му биде дозволено да снима со цел да се заштити. Не гледам друг начин. Eве да речем сакаш да се заштитиш од крадци. Дома ќе поставуваш знаци дека се снима просторијата? Лекарско уверение не значи ништо, како ќе се докажело дека таа го удирала? Еве родителите останале трезвени и го пријавиле случајот, сега сигурно се каат што не ја зеле правдата во свои раце. И мене ме интересира како сега го оправдуваат тој аргумент со нелегални снимки на кои не им е битна содржината. Ако ова не се смета за доказ на суд, не знам кој би бил начинот. Еве да поднеселе барање за да ја снимаат, ќе требало да поминат уште неколку дена терор за малечкото додека пројде процедурата. Нели законот треба да не’ штити? Ако не легне во затвор жеништево затоа што според судот нема валидни докази, што треба да прават родителите? Кој ќе плати за штетата на нивното дете?
Ова е навистина хорор, се стресував додека гледав како го удира бебето. Нејзе треба само да ја убијат! Туку сакам да прашам бебето сега има 9 месеци, така? А таа го чувала 5 месеци, значи почнала да го чува кога бебето имало 4 месеци? Нели мајката треба да биде на породилно отсуство од работа додека бебето не наполни 9 месеци?
Тоа прашање постави им го на властите затоа што во многу приватни фирми ти викаат да се вратиш што е можно побрзо за да не си го изгубиш работното место. Е сеа бидејки ние нели сме рај на земјава според Шител анд компани, па работни места никнуваат како печурки, мислиш дека имала избор мајката дали да се врати на работа порано или да седи дома без работа а има две деца да рани? така да тоа прашање кај била мајката зашто го чувала 5 месеци а има 9 месеци бебето не го поставувајте ве молам!
Мене не ми е јасно само зошто се нафаќаат на тоа да чуваат деца ако не сакаат. За пари, пари ќе си заработиш на друг начин ако ти смета плачењето или непослушноста на детето и ако со нив не можеш да се справиш. Damn.