Jas od 6 meseci morav da go ostavam sin mi na dadilka zasto mi kazaa ili ke se vratis ili posle rabotata nema da ti e zagarantirana deka ke ti stoe...da i jas kako i sekoja majka sakame da sme so bebceto ne do negovite 9 meseci tuku dodeka trgni na uciliste no pari se vo prasanje za da mu ovozmozis na toa dete podobri uslovi,podobro zdrastvo mora da imas pari,a so toa mora i da se raboti.
Нека ја пуштат на слобода. После тоа мајката и таткото на плоштад нека ја изнесат да видиме како ќе се оправда пред народот,да добие од секој по еден удар,бидејќи судот нема веројатно да и изречи казна што ја заслужува , ма она заслужува повеќе и од смртна казна, психопатка.Или што сакам во затвор другите затвореници да си го истурат гневнот на неа,бидејќи колку што имам слушнато ваквите најмногу ги мразат и по затворите.Да удираш мало невино бебенце,најневините суштества се бебињата,мали нежни, така и треба да бидат одгледувани со љубов , внимание , некој животот ќе го дава за ништо да не му се случи и да биде здраво изгледано а оваа на туѓо ќе удира.Немам свои деца сеуште сум млада,ама мене и туѓо дете ме стра да го земам во раце,мислам со само што го држам во раците би го повредила од што е нежно, а не пак оваа што го удирала , ох греота за бебенцето ,колкава траума има претрпено.МОНСТРУМ бабускера!нека гори во пеколот.
^ Законот е веќе променет, погоди кој го менуваше. За жал веќе ги чуствуваме последиците од лошото менаџирање на власта, и за жал трпат невините, децата. Женава законски може, а и со добар адвокат да биде ослободена, или да помине со парична казна, затоа што нема тешки телесни повреди, а и нема сведоци дека таа го тепала детето. Снимката е апсолутно невалидна, ама што знам, кај нас се е можно. Ете посакувам судот да постапи спротивно на законот и да ја осуди. Родителите ако побарале да им дозволат да снимат во својот дом, со сомневање дека ова го малтеритра детево ќе помине многу време, па дали и ќе и дозволат затоа што пропишано е кога ПИМ се применуваат, така да морале на своја рака. Женава е за осуда, гневен е цел народ, ама време е да се запрашаме како живееме, какви закони имаме, дали не штити некој нас и нашите деца.
Па кога му вика на бебето: Де бе само плачеш, знам дека ти растат заби, те чеша и те боли ама што да ти праам? Извини, праша што да му правиш? А да пробаш да не го акаш од земја, да не му маваш шамари, да не му ја притискаш главата, да не му се дереш??? Нему баш сега заби му растат и многу е нервозно, му треба посебно внимание а од неа не смее да плаче...нема сила да плаче...душиче Се надевам вештеркава одвратна ќе ја затворат 10 години во затвор, нека скапе и нека умре таму. Кучка глупава. А да бев на местото на мајката одма сега ќе дадев отказ, и цело внимание ќе му го посветев на бебето....мислам на секој родител најважно треба да му е детето, а после кариерата. Да ти се плукнам во кариерата ако детето вака го малтретираат секој ден.
Каква кариера. Треба да се плаќаат сметки и да се јаде. Мила горе даде еден личен пример од секојдневието.
Друга страна на приказнава...колку да се размисли! Ако се посомневам дека некој накриво ми го погледнал детето тој веќе нема да му се приближи. Мене лично ми е нелогична постапката на родителите; бебе има модрици тие место одма да и го прекинат работниот договор кој предпоставувам дека го потпишале (а не ја вработиле на црно со што направиле кривично дело) чекале да ја фатат на дело... Тој последен ден на тепање е на нивна совест затоа што знаеле дека нешто се случува а сакале доказ, пу јазк. Па замисли да се изнервирала малце повеќе па да земе да го тресе толку што на детето му се поведи рбетот или го утепа??? Тогаш за што ќе им е снимката.... А инаку има и мајки, баби, тетки итн кои ги кршат децата од ќутек ако не сте слушнале. А женава што е монструм за тоа збор нема. И еднаш гледав на телевизија една емисија која го разглобуваше феноменот дека децата ги учиме да се пазат од непознати а реалноста е дека најчесто децата се повредувани (психички, физички и сексуално) од личности од поблиското семејство или лица од доверба. Нека му е со лесно опоравувањето на детето
Море,ова некој на моето дете да му ги направи,со голи раце ја давам. Сега го изгледав и уште не можам да се соземам. Кога син ми направи година,решив жена да го чува за јас да се вратам на студии.Ама неможев да го оставам со некоја непозната,ми беше страв.Со баби,тетки,се снаоѓав некако и на крај жена земав.Се погоди ама сега гледајки го ова си мислам среќа сум имала.После одеа во градинка.Исто и со ќерка ми. На никого не му должам да објаснувам што имам дома.Ако сакам ќе ставам и камери И ако некој ваков болен ум ми го повредува најсветото,јас ќе му судам.Па уште и го пцуе,серијата турска да не ја пропушти. Видеото стои сеуште на фб профилот на тетката.
Секогаш кога родителите решаваат да остават дете на жена ( непозната ) мора да се осигурат дека е во добри раце и секогаш треба да има камера, сепак го оставаш детето на туѓ човек. Треба ли вакво нешто да се случи па не дај боже и полошо , за тие да стават камера и потоа да "откриваат" од каде и зошто детето имало модрици.
Обично кога ќе налетам на нешто вакво или слично на ова.. "made in" странство.. некако ми се чини.. далеку и нереално... ама затоа сега сум во шок. Не можам да најдам соодветен збор да ја опишам старата вештерка.. дури мислам дека и "монструм" е преценет за неа. Капа им симињам на родителите што останале смирени во тие ужасни моменти. Немам деца, барем не сеуште, ама хипотетички, ова да се десеше на мое дете или внуче.. да беше она помлада веројатно со сопствени раце би и ја извадила матката за да спасам будуќи деца од неа, а вака она како исфрустрирана старка.. не ми паѓа ништо конкретно на памет ама сигурна сум дека би било болно и крваво. Па нека ја лежам во затвор после, знаејќи дека сум поштедила и други деца од неа. Среќна сум што бебчето нема никакви сериозни повреди и е доволно мало па нема да има у сеќавање ниту трауми. На младите мајки и на идните мајки би им кажала да си го сфатат овој случај озбилно. Не се сомневам дека секој родител го праи најдоброто за своите деца ама ете некогаш е потребно екстра внимание. Ова сигурно не е единствен случај кај нас, само е единствен кој стигнал пуплицитет. Чувајте се и вие и вашите деца.
^ Првите месеци, години, се многу битни во развојот на едно дете. Ова не е само еден ден туку го гледала 5 месеци, претпоставувам на ист начин како на видеото. Последици не може да нема, не е исто бебе гледано со љубов и нежност во првата година од животот и бебе малтретирано како во случајов. За жал има многу баби и дедовци па и родители без нерви кои на сличен начин ги гледаат децата ама кој да ги види или кој да ги пријави. Се гледа на детето во каква атмосфера е растено, и повеќе од очигледно е. Во овој случај да, се дознало, ќе се превземат мерки, ќе се посвети повеќе внимание на бебето, ќе се заборави. Жал за многу други бебиња и деца на кои им е секојдневие живеење со психички лабилни особи.
Жал ми е за детенцево.Особено потресна е случката каде го тресе како партал и удира по релаксаторот,што се можело да му се случи на ова невино душиче.Го чувал Господ. Мозокот на толку рана возраст не е убаво оформен и поради тоа можело сешто да биде .Потресно е и плескањето и зборовите во најран детски развој,кога него му е потребно толку љубов и внимание.Прочитав таткото го забележал ова,ја начекал еднаш па сакал да ја сними.Не сакам да грешам душа,но што ако нешто му се случело на детето баш тој ден кога сакал да има доказ, а не ја исфрлил веднаш оваа стара магарица?Од друга страна ова многу ќе ја подигне свеста на родителите кои можеби немаат друг избор па се приморани да најдат дадилка.Не ги осудувам толку родителите,којзнае во колку тешка ситуација се наоѓала мајката штом морала да се врати на работа и да го довери детето на оваа жена која имала добра маска очигледно.Исто и јас мислам дека ова не е единствен случај за жал.Исто е жално,не дека ги ставам во ист кош,кога детото е малтретирано од мајка,баба или друг член од семејството.Има еден пример на жена без живци која живее во моја близина и кога плаче бебето му се дере да замолчи,му вели што ти е,што ти е,ама така без живци што е болно кога го слушам тоа па макар и рака да не крева врз него,а исто е бебе,што разбира тоа. И толку е бучно што не мора да си надвор да слушнеш, се слушаат викотниците и кога си дома..Потресно стварно, а тоа вришти ли вришти.Не е за секој дете дефинитивно.
Верувам дека оваа жена ќе ја стигне правдата затоа што никој судија, обвинител не би останал имун на вакво малтретирање на толку невино и кревко бебенце кое со месеци трпело и било изложено на трауми и насилство па колку сака добар адвокат да има и и да ги изземат сликите како недозволен доказ затоа што иако бебенцето не може да зборува сепак очигледно е вознемирено и има трауми од такво малтретирање, верувам дека вакви слики никој нема да ги игнорира ниту заборави. Реално ниту една казна не би била доволна за да се казни оваа жена освен и неа телесно да ја мачат. Верувам дека ќе добие максимална казна затвор од 10 години па во затвор да ја мачат неа да види како е! До сите родители апел дадилка не ви треба никој не може да го гледа вашето дете подобро до вас ниту баба, ниту дедо никој се знае мајка си е мајка. Јавна тајна и се знае млада дадилка ќе ви го расипе домот, бракот додека вакви старици кои изгубиле нерви или се нездрави нема да ги чуваат соодветно децата. Не е лесно да се изгуби работно место затоа што барате трудничко боледување но и затоа има закон и ќе си ја барате правдата затоа што ви следува дури постои и боледување кое може да го земе таткото. Нека не ве плашат работодавците на празно. На крај бебенцето е поважно од се. После ова што го доживеа ова невино бебенце што е важно што монстуров ќе оди во затвор или ќе изгубат неговите родители работа ако бараат трудничко боледување за да го чуваат кога се знае бебенцето минело низ маки. Се надевам неговите родители ќе успеат со својата неизмерна љубов да ги избришат траумите на бебенцето.
За лудачава ни 10 години затвор не е доволно, тукуда ја камшикуваш и тепаш додека душа не и излезе. Немала нерви да чува мало бебенце? Зашто онда воопшто се пријавила да биде дадилка? Не може да трпи плачење на бебе, па ај тепај го. Беобразна! Што и направило тоа мало душиче? Башка на толку мала возраст не се мозокот и черепот добро оформени, можела трауми да му остави Од еден ден се гледа што му прави, којзнае што трпело сиротото цели пет месеци. И за снимката - не била законска? А што требале да напраат родителите бе? Ќе стаат камера и ќе и речат, -да знаеш има камера, пази како се однесуваш со бебето. И она знаејќи дека ја снимаат, ќе се однесува најнормално, сигурно нема да си дозволи да ја изгуби работата. И освен тоа во НИВНА куќа снимаат. Прочитав и дека не бил доволен доказот од доктор. Е ај ќе чекаме или лудачава да признае, или бебето да каже. Судииве ако работат според закон, законски е да малтретираш мало бебе? Ама секако не е битна содржината нели. Тоа е, оваа наша чудесна земја
Пред недела читав за една мајка која убила 7 новороденчиња бидејќи мажот и после 3тото дете не сакал повеќе деца. Излезе после 10 год. затвор. Во Германија. Уствари секој ден читам за вакви случаеви. На жалост не е само Македонија чудесна а децата се најголемите жртви.
Адвокати изјавија дека снимката е легитимна како доказ. Не е во прашање работњн однос туку поделикатна е темата зошто морало да ае чува детето од дадилка и не би сакала да ширам овде.
Срамота и греота значи! Од каде и даваат работа, леб да јаде и одозгора вака, плус на мало детенце, стварно немам зборови за вакви само претепување.
Кои адвокати?! И ако не е потребата да се чува детето додека се родителите на работа, која е?! Иначе, судот нема да ги прифати како доказ, ама може да ги разгледа. Пресудата ќе ја донесе врз основа на лекар, кој ќе оцени дали имало модринки, сведоштво на родителите и други лица кои можеле да знаат (комшии, роднини, претходни родители чие дете го чувала), и ако е можно со психијатриска оцена на детето, ама тешко оти е мало, можда има начин, како и по потреба полиграф. Така што, може да се донесе пресуда против вештеркава и без снимката. ЗНаете колу кривични дела се случени без камети и има пресуди? Има и други докази, нема така да остане. И ве молам, адвокатот бил ваков - таков. Му требаат пари и слава, има деца за гледање. Ич не го боли ниеден адвокат за ништо друго, освен за парите. Да, да беспарицата е крива оти дадилка работи, не аргатка. Мислиш сите од љубов работат? Мислиш сите сакаат странки кои плукаат, им паѓа вилицата кога зборуваат, смрдат, прдат, веѓаат, дошле да изгубат време? Не, ги мразиме, ама сме фини и викаме, фала, извинете, гопоѓо, гоподине. Не ги тепаме по улица или преку шалтер. Идиот си е идиот, уште ќе ја жалиме, немала пари, па морала да го тепа детето. Ужас, барајте и оправдувања.