Прекрасна воена и семејна драма. Сценариото започнува во 1920 година во Солун. Главниот јунак е командантот Џевдет познат по својата храброст и борбеност на воените фронтови,додека Џевдет војува дома го чека сопругата Азизе која работи како главна медицинска сестра,двете ќерки Јилдиз и Хилал,синот Али Ќемал,и старата мајка Хасебе. Иако Џевдет е храбар и почитуван војник,сепак има непријатели,негов најголем непријател е најдобриот другар Тефик,кој сака да го убие Џевдет бидејќи е вљубен во неговата жена Азизе. Османлиите се во колапс,не се способни да се борат веќе против Грците,сите во Солун се повлекуваат,само Џевдет е упорен да се бори,ама се е залудно бидејќи Османлиите им го предаваат Солун на Грците и го продаваат за три ковчези злато,а Џевдет го притвораат во затвор за да не крене бунт,еден паша ќе му помогне да избега и ќе му каже да отиде кај едни рушевини,токму на тоа место се врши продавањето на Солун,Џевдет го гледа тоа,веднаш потоа доаѓа неговиот пријател и соборец Тефик и го застрелува зад грб неколку пати,заминува од таму мислејќи дека Џевдет е мртов,заминува кај неговото семејство и им соопштува дека Џевдет е мртов,ги качува на воз и ги испраќа во Измир,каде и тој подоцна им се придружува со цел да биде блиску до жената која ја сака. Во меѓувреме грчката војска го наоѓа Џевдет ранет,главниот командат им кажува да го земат со нив да не го убиваат. Така Џевдет 7 години работи како роб за Грците,се до денот кога ќе добие наредба од истиот паша кој го ослободи од притворот на Османлиите,да почне да прави разни наводни предавства на својот народ,за да им стане близок на Грците,главниот грчки командант го зема Џевдет со себе во Измир и го прави своја десна рака. Следуваат многу компликации и тешки одлуки за Џевдет,се наоѓа толку блиску до своето семејство а во исто време толку далеку,бидејќи цело семејство му се лути,мислат дека е предавник на татковината штом е на страна на Грците,а Џевдет тоа го глуми добро само за да најде еден брод полн со оружје за да започне борба против Грците,а тој брод го крие Тефик. Вистинското име на серијата на турски е Vatanim Sensin-Ти си мојата татковина.... Во главни улоги: Halit Ergenç(Џевдет) Berguzar Korel(Azize) Miray Daner(Хилал) Pinar Deniz(Yildiz) Kubilay Aka(Али Ќемал) Boran Kuzum(Леон) и многу други. Ова е дејство од првите неколку епизоди,има уште многу за кажување,па ако има заинтересирани,повелете ќе дискутираме
Барав ваква тема пред некое време, не најдов, и сум изумила да пишам Јас ептен се внесов во серијата. Не знам зошто ама многу ме привлекуваат такви серии, каде низ главната тема и идеја се провлекуваат уште многу нечепнати приказни, забранети љубови и едностави работи кои всушност значат многу. Добро смислена серија, симнувам капа. Не е класична турска за тепање време само. Инаку мислам дека знам кој е синот на грциве (што мислеа дека е мртов). Исто така, сакам на крај да завршат заедно Леон и ќеркава на Џевдет. А Азизе и Џевдет ми се многу срцкасти, поготово Азизе. Како е заљубена, како се бори за нив, абе
Да преубава е серијата,срце не додржува и само си ѕиркам што ќе биде натаму Уфф,Леон е да го грабнеш и да бегаш,преубав е,и многу сочувствителен,не е тој за војник Инаку и јас сакам да биде со Јилдиз,многу е убава и таа,ама за жал нема да бидат заедно... А за синот на командантот,знам и јас кој е ама ќе си молчам
И јас само чекав некој да отвори тема за сериава сериава ми е лудило дури и мм го заразив со неа , дури се гледа не смее дома да се мрдне јас се превртив на интернет неможам да најдам епизоди цели само делчиња ама нова е мислам 2017 или 2018 Јилдиз ми е мн арогантна во последно време гледа само за неа да си погоде нареде , да видов и јас дека нема да се заедно и мило ми е Ами пак сестра и хилал ќе препукне од патриотизам заслепена , и упорно сама си копа дупка и тоне ,се надевам ќе се свесте за брзо ами тоа муцето нејзино како детенце е коа ќе се расплаче *За синот и јас сумњам на една личност , очигледно е *а Леон толку . Битно серијава е врв не е класична турска серија ќе се запознаеме ќе се скараме па венчаме , те тера со нетрпение да исчекуваш следна епизода , малце знаат да завлечат со некоа прикаска и да си тегнат зборови пола епизода ама не е страшно ..
Тее баш ми е криво за нив сега Доста стереотипи ќе срушеше тоа плус. А Тефик не го споменав. Тој би го исшамарала да ми е пред мене. Подол човек, ги вртка жениве, се заканува.. Ефтелија ми е исто така срцка. Итра жена, ама сепак наивна на моменти. Инаку и Али Кемал не е лош, знае да биде опасно фраерче Јас со душа ја чекам секоја епизода, нешто да се дознае повеќе, а се понапнато станува. А не сакам да ѕиркам на нет и да откривам, вака ми е поинтетесно. Како пишувам сфаќам дека сум се опседнала со серијава. Првите 4-5 епизоди сум му ги раскажувала на дечко ми до детали за да го убедам да ја гледа Тешко него до крајот на серијава.
@Luminary Спојлер Леон пак ќе биде со ќерката на Џевдет и син ќе имаат,ама со Хилал ќе биде на крај,не со Јилдиз Инаку во реален живот Хилал и Али Кемал се пар,ич не ми одат заедно,ама штом се сакаат нек се угоде
Во повеќе епизоди се спомнува тоа.Грчкиот командант и жена му го изгубиле првиот син,т.е,мислат дека го изгубиле,но детето им е живо.
Аха, готово јасно, вчера нешто гледав се навраќаше Гркината со спомените, неколку дена по ред само што ќе фатам гледам, со прекини... ама без разлика.. осеќам дека се работи за Али Кемал
Многу ми е жал што не ја „фатив“ серијава уште на почетокот. Тек после 3-4 епизоди почнав да ја гледам, ама се уклопив. И за Џевдет ми е жал дека се жртвува за државата, а уставри мора да глуми дека е од страната на Грците и да се оддалечува од семејството. А тој Тефик ми иде еден бокс да му удрам, грозно суштество. Изгледа се опседнувам, ама врв е серијата
Ја нема на јутјуб,ама ја има на повеќе сајтови :Balkanje,Saprevodom,Natabanu i Amazonke. Јас со српски превод ја гледам на Амазонке,бидејќи нема ни вируси,ни реклами за разлика од другите сајтови. @Fontana Е тој е синот да,ама не требаше да откриеш вака,требаше во спојлер @GoodGirl45 После КараСевда,оваа серија ме опседна саглам И мене Тефик многу ме нервира,исто толку ме нервира и лигавата патриотка Хилала Џевдет дури одповеќе се жртвува за државата.
Лани ја загледав на РТЛ, многу ме заинтересира бидејќи не е класична турска серија, меѓутоа набргу ја прекинаа. Сепак, сосема поинаку и стопати подобро ми е да ја слушам на турски наместо со синхронизација каде исти наши глумци ја синхронизираат секоја серија. На Сител сеуште не дошле до епизодите кои ги немам гледано така да ќе се вклучам понатаму