Не и е биолошки брат. Кога Џевдет бил командант од турската страна го нашол во една визба и го однел дома кај Азизе.
Серијата оригинал има 59 турски епизоди, кај нас знаеш дека од една епизода турска вадат по неколку епизоди, моментално кај нас е 26 епизода( по турски) Инаку серијата ја има секаде(освен на јутјуб, ова ти го кажувам дека поназад прашуваше) со српски превод под името "Ти си моја домовина", ама на страните за гледање излегуваат многу вируси, најсигурна е страната Амазонке, само треба да се логираш.
Зошто Џевдет сакаше да ја задави Азизе, што пишуваше на ливчето. И дали Џевдет знае дека Али Кемал е син на Василиј?
За второто, знае. Покрај другото, Вероника му кажа дека синот нејзин имал белег на градите, и тогаш Џевдет сфати.
Не знам, не сакам ни да дознаам за да ми биде поинтересно за гледање Ако другиве девојки знаат нека пишат, ама во спојлер плс
Ама го намести Џевдет командант Василиј, дури жал ми падна искрено. Серијава од омилена, полека ми станува одбивна малку, оти не се фер со сценариото, упорно ги напаѓаат Грците и не смеат да прават ништо тие, а Османлиите смеат 5 века да држат ропства и војни Па и Леон го направија папучар невиден, си ја предаде сопствената земја и војска а онаа патриотката Хилал во очи му вели дека нема да се смири додека не ги избрка Грците, а овој телето ја поддржува, плус и со оружјето им помогна, нека војуваат Османлиите, ама Грците не смеат
Живи глупости е станато искрено. И Азизе и женскиве се занесуваат, и другиве се занесуваат. Уште је гледам за да видам каков ќе е крајот. Џевдет и Василиј ми се најинтересни, интригантни се и двајцата.
Е арно.. Потапа крај не можеле да стават. Не памтам една турска серија што завршила среќно. Зет домазет мислам среќно заврши и Сезона на црешите Све депресивно
Охооо и тоа како се занесуваат женските, бетер од машките војници се уфилмани Азизе и медицинска сестра и војник ќе стане со цела чета женски војнички Преубава ми беше серијава ама ме нервира сега со ова што му го направија на Леон и на Василиј и тоа што упорно Турците се претставени како угнетувани, поробувани и што не, како само Хелениве да биле оние лошите
Они си претставуваат како било од нивна перспектива, затоа секоја приказна има две страни Турска е серијата и затоа не ме чуди што се така претставени. А тоа дека претеруваат малку, се согласувам. Мене ми се допаѓаат заплетите и итрите потези, што не можам лесно да претпоставам што е следно. Хилал ме нервира највеќе од жените инаку, малку ко разгалена е, се занесува