1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Далечинско гледање

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од witches, 27 јули 2018.

  1. witches

    witches Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Е вид психички феномен сличен на астрална проекција/луциден сон. Најдов нешто на нет за далечинското гледање пошто тешко е да се објасни.
    Далечинско гледање (Remote Viewing - RV) се однесува на обидот да се дојде до информации од далеку или за нешто што не се гледа во моментот, со употреба на паранормално или вонсетилно восприемање. Од „гледачот на далечина“ се очекува да даде информација за предмет кој е скриен од неговото видно поле или е на некоја голема далечина.

    На кратко- едноставно е способност да се гледа и лоцира нешто и покрај тоа што гледачите може да бидат илјадници километри оддалечени од таа локација.

    Се верува дека ЦИА го држеле ова во тајност и не сакале јавноста да дознае.
    Може да се усоврши со медитација,бинаурални звуци и друго.

    Има видеа на јутуб каде што се збори и се објаснува како да се постигне овој феномен.



    Имам читано дека гледачот може да посети одредена личност,каде се наоѓа во моментов,како е облечена, што има околу неа и така натаму.

    Што мислите за далечинското гледање?
    Не е доста познато и не се збори баш за оваа тема. Колку е битно еден човек да ги познава и да ги развива своите психички способности?
    Дали некој има доживеано далечинско гледање?