1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Далечните близначки (Maya Woodson) кратка верзија

Дискусија во 'Книги' започната од Kitty.Smiley, 17 септември 2011.

  1. Kitty.Smiley

    Kitty.Smiley Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    9
    Ова утро не беше како секое утро, од некоја страна се слушаше силно плачење, погледнав во часовникот беше 5 часот на утро, си реков кој може толку рано да плаче. Отидов во собата на мајка ми и татко ми, не беа тука, а денес е недела, тие не одат на работа во недела. А и во собата на сестра ми немаше никој. Ќебето беше паднало на земјата, реков да го здиплам, погледнав од прозорецот, малата Марија плачеше а сестрами и мајками ја тешеа. А таткоми зборуваше со чичко Џон таткото на Ребека.

    -Ребека, што се случи?-реков

    -Маја, оставија, не гледаш дека одвај ја смирив!- ме искара сестрами Ана.

    Таа уште две години ќе оди на факултет. Дојде еден камион од него излегоа тројца луѓе,двајцата се качија во станот а едниот зборуваше со чичко Џон. Слезе тетка Сузан мајка и на Ребека со два куфера и рече:

    - Готово, уште креветите.

    Ми текна, тие се преселуваат, а беа толку пристојно и културно семејство, ќе ми недостига Ребека нејзините сини очиња и русата долка коса а посебно нејзината уста од која излегуваше само смеење. Дојде човекот и и го даде нејзиното мече а таа без размислување ми го даде мене и ми рече:

    -Еве, ова тебе ти го давам.

    Се качија во камионот и заминаа. Јас влегов дома и одма заспав. А кога се разбудив имаше една жена во дворот кај Ребека садеше нешто. Со трчање слегов долу и ја прашав мајками:

    - Мамо која е онаа жена во дворот кај Ребека?

    - Таа е новата соседка, тетка Виолета, има ќерка по име Сара.

    - Јас ќе одам да се запознаам!- реков

    -Чекај, треба… да јадеш.

    Одма истрчав и и реков на тетка Виолет:

    -Здраво, јас сум Маја овде живеам,тука е Сара.

    -Сега ќе ја викнам.

    Ме чуди каде ли е татко и, но да не прашувам можеби нешто лошо се случило.

    Кога ја видов, беше иста како мене, како да ми е сестра близначка.

    - Јас сум Сара.

    - Јас сум Маја. – вратив.

    -Одете играјте си. – рече тетка Виолет.

    Појдовме во паркот и седнавме на една клупа. Дојде Мартин од соседната улица.

    - Здраво јас сум Мартин.

    - Јас сум Сара – срамежливо рече.

    - Ние сме единствените деца во ова маало. – дополнив.

    Сме се зазборувале па и се стемнало.

    - Ај јас ќе си одам – рече Мартин.

    - И јас – рече Сара.

    - Догледање – поздравив.

    Сара чудно го гледаше Мартин, мислам дека и се допаѓа, но да не подбуцнувам од сега. Влегов дома и тргнав по скалите за горе и мајками рече:

    -Стој, нема нигде да одиш дури да јадиш, а сварив и шпагети.

    - Еве само да се измијам раце – реков. Се најадив и заспав.

    Како ништо да не се случило станав и погледнав од прозорецот и таму беше тетка Виолета значи тоа не било сон. Истрчав долу и седнав да јадам се најадив на брзина и одма појдов кај Сара. И и реков на тетка Виолет:

    -Здраво, тука е Сара?

    - Не замина кај тоа детето… како ли се викаше… а да, замина кај Мартин! – одговори.

    -Добро, ако си дојди мајка ми кажете и дека сум кај Мартин! – реков јас.

    Гледав во земјата и кога наеднаш слушна некој дека ме вика од назад:

    - Маја,Маја… дојди чедо!- тоа беше баба ми Сузе мајката на мајка ми.

    -Бабоооо! – изивкав и се затрчав на кај неа.

    - Леле како си ослабела… јадеше денес? – ме праша, таа секогаш се грижи за мене.

    - Да, јадев ајде дојди дома. – реков јас.

    - Каде е мајка ти? – праша.

    - На работа е.

    Потоа поздраве тетка Виолет:

    -Здраво, јас се викам Виолет јас сум им новата соседка вчера се преселивме!

    -Ооо, убаво јас сум Миа, баба и на Маја. Ајде сега ние да одиме дома.

    Влеговме и како сегогаш баба седна на фотељата. И изваде нешто од торбата:

    - Еве Маја ова е за тебе, ова е стаклено ангелче, кога бев јас мала ми го даде мојата баба, а неа нејзината баба. Ова е некаква традиција и ќе те молам да пазиш само да не го скршиш.

    - Ќе пазам бабо.

    - Се јаве тетка ти Лилиет ќе си идела во четврток рече „ Да ми ја поздравиш Маја, Ана и дада Бела. Во австралија многу убаво си поминала а сега има и едно синче Роберт го крстиле. Ај ако сакаш донесими една чаша вода ми изгоре грлото одев по долг пат Лондон далеку е.

    - Сега, бабо.

    Сакав да одам до кај Сара но, не е пристојно да ја оставам баба сама па таа поминала толку дог пат до овде само да не види а сега да ја оставам сама, не! А и ми донесе подарок навистина не би било убаво.

    - Бабо, а ќе преспијаш ли овде? – прашав.

    -Не, да не ви стојам на товар.

    - Ај бабо, те молам се немаме видено од нова година навистина убаво ќе си поминеме. Мама ќе направи вечера и сите заедно да вечераме, а ќе те запознаам и со мојата нова другарка Сара ќерката на тетка Виолет – убедував.

    - На кој? – праша.

    - На новата соседка. – одговорив.

    -Ааа, е тогаш добро, ај сега ако не да си легнам, ти оди играј си надвор.

    - Добро. – реков.

    Излегов надвор и си седев на клупата си реков да не одам кај Мартин и онака веќе видов дека на Сара и се допаѓа. Уште денес и утре и ќе треба да одиме на училиште, а ќе дојди и тетка Лилиет сакам да го видам мојот мал браручед. А се уште се чудам каде ли е таткото на Сара, ќе ја прашам вечер мама можеби знае. Еве ја Сара:

    - Сарааа, дојди.

    - Еве само да си земам еден џемпер ми достуде.

    Слезе и ја прашав:

    - Сара, извина вака што те прашувам, дали ти се допаѓа Матин.

    -Да, но те молам да не кажуваш на никој. – рече.

    -Добро. – реков- ене ја мајка ми. Баба ми дојде од Битола ќе те запознаам.

    - А која ти е мајка? – праша.

    - Таа со црното палто. – реков – се вика Бела.

    - Ааа добро.

    Мајка ми пристигна и кога ја виде Сара се замисле. И некако како да не збруваше многу нешто и текна, да не си рече дека сме близначки.

    - Мамо, ова е Сара, ќерката на тетка Виолет.

    Не кажа ништо само климна со главата и и се насолзиа малку очите. Но не сакам да ја прашам.

    -Дојде баба, рече дека тета Лилиет ќе си идела во четврток и имала син по име Роберт. – реков.

    - Добро.

    Влеговме дома а баба направила вкусен ручек. Стигна и тато заедно јадевме. И потоа си легнавме а баба седна на фотељата и плетеше чорапчиња за Роберт.

    Се разбудив и слегов да се напијам чаша вода и кога поминав покрај спалната, мајка ми плачеше и држеше слика од некое бебе. Си реков да не сум јас , но зошто да плаче. Откако ја запозна Сара некако чудно се однесува.Се напив вода и видов дека и баба пак заспала, си реков што да правам и јас ќе си легнам пак.

    И сум станала за вечера, мајками направила јадење а цела вечер збор не изусти, до кога ќе биде вака незнам. Заедно гледавме филм а дојде и Сара а мајка ми одма замина горе по неа и татко ми. Останавме јас, Сара и баба.

    Се качив горе и знам дека не е пристојно да се прислушкува морав, и го слушнав следниов разговор:

    - Душо, не плачи не мислам дека тоа е сетрата на Маја. – рече татко ми.

    - Да, но види го има истиот белег на раката, а кога Виолет ми кажа дека татко и умрел некако чудно зборуваше. И кога ја заборавивме во паркот видов една слика од жена и ми изгледа дека таа Виолет лаже. – рече мајками. Се стаписав, и Сара кога рече дека ќе си оди се и раскажав, таа ми поверува и се договоривме да заминеме во полициска станица. И цела вечер не можев да спијам, мислев како можеле моите родители да ми го кријаат тоа од мене, и зошто не пријавиле во полиција, како да ја оставиле Сара намерно. Не за ова нема да им простам. Некако сум заспала, а кога се разбудив ја немаше Сара, ниту мајка и.

    Аха сега ја видов Cара како излегува од дома, излегов и ја прашав, дали сака да дојди со мене:

    -Сара, ќе одиме?

    - Нема ти нигде да ја носиш, безобразна една – ми се развика тетка Виолет – како не ти е срам така да и правиш, не ја лажи сега заминуваме а ти да не и се плеткаш во животот!

    Со плачење си заминав дома, и од тогаш не ја видов сестра ми… А не им го кажав тоа на мајка ми и татко ми.

    По една година почна карањето, мајками дозна но не знаеше дека јас го предизвикав заминувањето, а кога и кажав:

    - Како не ти е срам Маја, кажи ми можев да докажам, таа жена некаде ја однела и сега како да ја најдам. Дали не помисле дека ќе дознае и ќе ја однесе на другата страна на светот, ти не разбираш и како можеше да прислушкуваш, сега каде да ја барам, не ти беше жал што цела година плачев, туку ова ми го кажуваш сега, ќе направевме!

    - Мамо а тебе не ти е жал што го криеше од мене и ништо не превзеде, ни пријаве во полиција како да не ја сакаше Сара, каква мајка си ти нели ти е жал за сопственото дете…

    Татко ми и сестрами седеја и се пулеја, а мајка ми нема да и простам што тогаш ми ја удре првата шлаканица.

    Не добивме 9 години никаква трага, и веќе дојде време да ја барам, прашував сегде во полицијата секаде, ја немаше, и кога ми текна дека Сара го Спомнуваше Берлин, како мајка и сакала да оди таму.

    Се спакував и заминав барав и таму и ја најдов. Имала еден 7 месечен син Чарл и од тогаш не се разделивме.
     
  2. Kitty.Smiley

    Kitty.Smiley Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    9
    Мислам дека оваа книга ќе ви се допадне ја напишав цела бидејќи нема да можиде да ја најдите, купена ми е од Лондон.