1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали Богородица воскреснала?

Дискусија во 'Религија' започната од EvAngelos, 28 август 2016.

  1. ЖитиСфе?

    ЖитиСфе? Нов член

    Се зачлени на:
    21 август 2016
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Bender Rodriguez и daylight им се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Ако си ти од кајгана и не ме чуди што клатиш со глава:P
     
  3. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Не е твоја кривица што си од тој пол.. ќе имаше инаку директна можност да разговараш со некои сведоци таму.. :D
     
    На meckicka, ЖитиСфе? и baba Rada им се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Да и јас го имам слушнато ова, дека наводно Богородица откако воскреснала го побарала тој предел таму од Исус само за себе и заповедала никоја друга жена да не смее да стапне таму. Е сеа само не прашувајте за сведоци дека Богородица заповедала вакво нешто :)
    И друг проблем е што блажената Марија во Светото Писмо е опишана во сосема поинакво светло т.е. многу дружељубива, скромна и понизна. На пример кога стојат жените покрај крстот, Марија е спомната заедно со уште неколку други жени. Исто така кога одат да го посетат гробот на Исус, Марија е спомната исто така со други жени. И одеднаш некој со години подоцна сака да не убеди дека блажената Марија заповедала жена да не стапне во „нејзината градина“ :^)
     
    На daylight и theowndemon им се допаѓа ова.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    па затоа и одговорот дека монасите таму живеат во строг целибат и за да не паднат во искушение ми доаѓа како најприфатлив одговор.
     
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    А да ми одговориш ти, зошто евангелистите не ја опишале средбата на светиот апостол Јаков брат Господов со воскреснатиот Господ наш Иисус Христос? Ајде ти објасни ми за тој молк! (Прво послание до Коринтјаните)
    Или пак зошто во книгите од Стариот Завет не стои дека сатаната се борел со архангел Михаил над телото на светиот пророк Мојсеј? (послание на св. ап. Јуда)
    Ако не ми ги објасниш овие молкови, тогаш признај си дека ги лажеш и соблазнуваш луѓето, како што и тебе те лажеле и те соблазнале! Нормално, ако ова што го проповедаш го правиш од искрени намери, а не само да придобиеш луѓе во твојата секта кои ќе плаќаат десеток.
     
    На Rama, Philippa, Deemy и 2 други им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Евангелистот Лука и апостол Павле имаат спомнато дека и Јаков бил сведок на воскресението на Исус:

    „Зашто, ви го предадов најнапред она, што го бев и примил: дека Христос умре за нашите гревови, според Писмата, и дека е погребан и дека воскресна на третиот ден, според Писмата; дека му се јави на Кифа, после на Дванаесетте. Потоа им се јави еднаш на повеќе од пет стотини браќа, од кои повеќето се живи до денес, а некои - починаа. Потоа му се јави на Јакова, па тогаш на сите апостоли.“ (1 Коринтјаните 15:3-7, Библијата)

    За браќата на Исус (меѓу кои е и Јаков) е напишано дека бил во горната соба каде што Исус им се објавувал претходно на апостолите, и пишува дека биле постојани во молитвата.

    „И кога влегоа во куќата, се искачија во горната одаја, каде живееја: Петар и Јован, Јаков и Анрдеј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот, и Јакововиот брат Јуда. Сите овие еднодушно и постојано беа во молитва, заедно со некои жени и со Марија, Исусовата мајка, и со Неговите браќа.“ (Дела 1:13-14, Библијата)

    Гледаш колку била дружељубива Исусовата мајка? А стотици години покасно некои православни вероучители сакаат да ја прикажат во светло на посесивна жена која си сака градина само за себе и ниту една друга жена да не стапне таму ц ц ц.

    Што се однесува за препирањето на сатаната со архангел Михаил околу Мојсеевото тело, тоа па и не е баш настан од приоритетно значење на ниво на воскресението на Богородица за да се спомнува неколку пати во Библијата. Доволно е што Јуда го спомнал еднаш и тоа го спомнал маргинално заради сосема друга цел (читај во контекст!).
    Ти можеш да прашаш и зошто Библијата молчи дека дека Мојсеј бил по голема нужда додека патувале низ пустината, ама повеќе од јасно е дека таквите обиди ти се само финта за да го избегнеш прашањето што ти беше поставено за молкот околу наводното воскресение на Богородица ;)

    хаха добар ти е овој ad hominem напад, многу класичен за луѓето што немаат ниво и култура на дискутирање и го користат кога ќе се најдат во аргументативен ќорсокак.
     
    Последна измена: 28 август 2016
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    За мене уште самиот поим воскресение нема такво значење како што се опишува во Библијата. Мртво тело кое почнало да се распаѓа не може да оживее, не затоа што Бог не е семоќен, туку затоа што тоа е противно на природните закони во кои е содржан Бог, уште повеќе, Бог е законот. Случките опишани во Библијата но и другите верски списи каде што некој „станува од мртвите„ се всушност будење од длабока кома, која во тоа време луѓето не ја познавале.

    Но постои нешто што се вика растворање на материјалните форми од страна на духовните, етеричните сили. Материјата е настана преку згуснување/огрубување и промена на етеричните форми (тоа се процеси кои започнале многу одамна и постепено преку отпаѓањето од Бога и духовните светови). Христос како Исус ги апсорбирал материјалните атоми, трансформирајќи ги во духовни. Тоа што апостолите го гледале и допирале воскреснатиот се извршувало во нивното внатрешно, еден вид духовно гледање и осеќавање. Тоа што се случило со телото на Исус, еден ден некаде во (мерено со човечко време) мошне далечната иднина ќе се случи дословно со целиот материјален космос кога тој ќе биде асимилиран повторно во прапотеклото - Духот.

    Земајќи го тоа во предвид, ниту Марија, телесната мајка на Исус, не верувам дека воскреснала во онаа дословна смисла, но дали и со нејзиното тело се случило истото како со телото на Исус, не знам, и мислам дека тоа не е битно. Мисијата на Марија била да овозможи телесно отелотворување на спасителот на сите луѓе и души и грижа за истиот додека да стане возрасен и самостоен човек. Дури и за оние кои веруваат во потполната исправност на Библијата (а јас не се вбројувам во нив) ако го препрочитаат Новиот завет ќе видат дека Марија и нејзиното евентуално воскреснување не се тема ниту има упатства дека нешто треба во врска со тоа да се прави.
     
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Монасите секаде живеат или барем би требало да живеат во целибат, апстиненција од сексуални односи. Монах по дефиниција значи самец, неоженет. Велам би требале според нивните канони и правилници, ама познати се случаи на хомосексуализам меѓу монаси, каде што некои не можејќи да го зауздаат својот сексуален нагон па се распалуваат еден со друг. Ама ај да не постирам линкови, сепак не е тоа темата.
    Мислам дека повеќето православни го држат тој став дека таа градина е на Богородица и само на неа и нема што тука сега некоја си друга жена да стапнува таму во нејзината градина. А мажи може да, мислам зошто да не :)
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Сега ти ги вадиш од контекст зборовите на свети апостол Павле, оти таму тој вели му се јави на Јакова, па потоа на сите апостоли. Значи прво на Јакова на само, а кога им се јавил на светите апостоли, тие биле заедно. Што е опишано кај Лука. Се вадиш ама тоа е, мислиш можеш да не` изманипулираш. :)
    Како што свети апостол Јуда, по 1250 години пишува за борбата на Сатаната и архангел Михаил над телото Мојсеево, така и светиот патријарх Јувеналиј по само 2-3 века пишува за воскресението Богородично. ;) Како што и Црквата, а и секташите му веруваат на свети апостол Јуда, така и Црквата му верува на свети Јувеналиј.
    А дали одел св. Мојсеј по нужда,веројатно ти треба да ми кажеш, пошто за се` бараш доказ само од Светото Писмо и од нечии прелестени умови.
     
    Последна измена: 28 август 2016
    На meckicka, Rama и HUNK им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Според оваа логика, бидејќи Мојсеј пишува илјадници години подоцна за создавањето на Адам и Ева, следува дека и денес некој патријарх да каже дека Јуда воскреснал ти ќе веруваш?
    Тоа е главната разлика, што ние христијаните што ја веруваме Библијата веруваме дека Светиот Дух им откривал вистини на писателите на Светото Писмо.

    „зашто никогаш пророштвото не дошло од човечка волја, туку светите Божји луѓе зборувале водени од Светиот Дух.“ (2 Петрово 1:21, Библијата)

    Од друга страна, апостол Јуда не рекол дека борбата меѓу Сатаната и архангелот Михаил била во горната соба каде што биле собрани сите апостоли па сега ние да расправаме зошто апостолите ја криеле таа тајна борба и да се чудиме зошто молчеле. Борбата меѓу сатаната и архангелот Михаил била духовна борба, во духовна димензија и немало сведоци кои би пишувале или би криеле тајна со векови, туку едноставно ќе ја знае оној на кого Бог ќе му открие преку Својот Свет Дух,

    Додека ситуацијата со наводното воскресение на Богородица е драстично разлина. Таму експлицитно се вели дека таа ги повикала апостолите и тие летале на облаци и сите ја виделе со свои учи воскресната. Значи тука имаме живи сведоци кои наводно ја виделе и кои молчеле, не напишале ни збор за тоа и покрај тоа што пишувале за воскресението на многу наврати. Нути следбениците на апсотолите не нашле за згодно да напишат за тоа. Хммм нешто сомнително тука зарем не?
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Значи ти можеш да речеш дека само апостолите што се опишани во делата апостолски проповедале, другите апостоли по Педесетница си фаќале риби по галилјеските езера?
     
    На Bulgarian, Rama, Philippa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не туку ја криеле тајната за воскресението на Богородица по пештерите. Ајде со ad hominem не успеа, пробај сега со цепки хумор да го избегнеш прашањето за мистериозниот молк на апостолите и првите христијани.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Ама и ти не ми одговори како свети Филип исчезнал по крштевањето на Етиопјанинот...
     
    На Rama и HUNK им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Имав дипломска за ова. Додека ја правев дипломската доста истражував околу ова прашање. Изутрина ќе ја побарам дипломската.
    @EvAngelos не е така како што кажуваш ти.
     
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Појавата на оваа легенда е тесно поврзана со оформувањето на култот на Марија. Зачетоците на легендата се во 5ти век, а и тоа неслучајно се поклопува со Ефешкиот собор во 431г. каде блажената Марија за прв пат е наречена Богородица (Теотокос на грчки), односно дека преку неа е роден самиот Бог - Христос, а не само човекот Исус како што тврдел Несториј. Интересното е што дебатата на самиот Собор, воопшто не била околу природата на Марија, туку природата на Христос. Кирил Александриски јасно во својата одбрана рекол дека тоа не имплицира ништо за природата на Марија, туку за природата на Христос.
    Но, наследниците на Констатин, тука виделе одлична прилика да тој термин (Богородица) биде употребен за пропагандни цели во придобивање на паганските маси, кои биле навикнати во паганските религии да обожуваат божици и ереста започнува да се шири под патронатот на религиско-политичката симбиоза.

    Во таа линија започнува еретичкото ширење на идејата, дека самата Марија му ја дала на Христос Божествената природа и на еден начин таа станува поголема од него. Па оттука блажената Марија полека станува безгрешна, најголема, владичица, почнуваат да и се упатуваат молитви, да и се цртаат икони на велико, и тука почнува да се оформува и легендата дека и таа воскреснала и се вознесла со многу сличности како и Христовото воскресение и вознесение.
    Доказ за збрката се и Куранските стихови кои несмасно во 8 век сфатиле дека Марија е дури и дел од Тројството.

    Но која е вистинската блажена Марија опишана во Библијата?

    Блажената Марија многу ретко се спомнува во Библијата. Девственото раѓање на Исус преку Марија го спомнуваат евангелистите Матеј и Лука, но не и Марко и Јован. Обожавачите на Марија често велат дека таа го имала клучниот дел во спасението на човекот, дека ако не била Марија, Исус немало да може да се отелотвори и со тоа индиректно го префрлуваат фокусот од Спасителот Исус кон „спасителката Марија“, па затоа и на неа и се молат за спасение. Ако беше така, тогаш сите 4 евангелистите ќе го спомнеа овој детал дури и со објаснување, а не само Матеј и Лука. На пример сите 4 евангелисти го спомнуваат Христовото свечено влегување во Ерусалим на магаренце затоа што таа Христова посета има клучна улога во Христовата пресуда на Старозаветниот храм и свештенство.

    Интересно е што Исус никаде во евангелијата не и се обраќа на блажената Марија со „мајко“, туку со „жено“.

    "Исус и одговори: „Што имам Јас со тебе, жено? Уште не дошол Мојот час.”" (ев. Јован 2:4, Библијата)

    "А Исус, штом ја виде мајка си, и покрај неа, ученикот, кого го љубеше, и рече на мајка си: „Жено, ете ти син!”" (ев. Јован 19:26, Библијата)

    И ова не значи дека Исус не ја почитувал. Неговата почит јасно ја гледаме во тоа што тој им бил послушен на неговите Јосиф и Марија како дете. Веројатно Исус во свето предзнаење знаел дека еден ден од мајка му ќе направат култ, па затоа не сакал лично Тој да даде повод за тоа со тоа што ја нарекувал мајко. Сепак Исус е поголем од Марија и Марија му го должи Своето постоење на Исус преку кого целиот свет настанал и Марија била сосема свесна за тоа и затоа не се навредувала кога Исус ќе и се обрател со жено.

    Во следниов цитат гледаме како Исус ги нарекува „мајка“ сите оние кои ја вршат вољата на Бог:
    „И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.“
    (ев. Матеј 12:47-50, Библијата)

    Во овој цитат гледаме дека Исус не негира дека Марија е блажена, но вели дека уште поблажени се оние кои го слушаат Божјото слово и го извршуваат.

    „А кога го зборуваше тоа, една жена извика од народот и Му рече “блажена е утробата, што те носела, и градите, од кои си се хранел“ А Тој рече: „Уште повеќе се блажени оние, кои го слушаат Божјото слово и го пазат.” (ев. Лука 11:27-28, Библијата)
     
    На Bender Rodriguez и Херкул им се допаѓа ова.
  17. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Што е битно толку тоа зошто не било спомнато во библијата како си отишла Богородица?
    Исто ли е значењето на воскресението на Богородица ,Илија ,Лазар ..со христовото воскресение?Да направиме само споредба на значењето на воскресението со тајната на литургијата и кој е Христос.Во името на Богородица ли се крстивме или во името на Лазар?
    Сите еден ден ќе воскреснеме и кој е тој што не верува во воскресение?
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Исус му рекол на апостолот Јован да се грижи за Богородица и тој сигурно поминал со неа многу време. Како тоа Јован заборавил да спомне за нејзиното воскресение, а не заборавил да спомне и да посвети цела глава од своето евангелие за воскресението на Лазар? (ев. Јован 11) Зарем Лазар бил поважен од мајката на Исус? :^)
     
  19. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Ти тука сакаш да кажеш дека само Христос може да воскресне и никој друг.Во библијата има запишано за воскресение на многу луѓе.Не само за Лазар или за вознесението на Илија ,запишано е дека воскреснале и многу светии на денот кога Христос умрел.Прашањето е зошто само за Лазар детално се опишува како воскреснал ,а за светиите на денот на смртта на Христос не се ни спомнуваат имиња кои се тие што воскреснале.
    Ако се одело по таа логика ќе се изгубела вистинската порака која требало да се прати со евангелието.Настанот со Лазар се спомнува бидејќи во тој настан има Христови реченици кои биле кажани кои се битни за поука.За ралика од заминувањето на Богородица или воскресението на светиите на денот кога починал Христос,каде нема христови реченици.
     
    На Rama, Orthophill и HUNK им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    „Јас сум воскресението и животот“ (Исус Христос, ев. Јован 11:25, Библијата)

    Озбилен си со критериумов? А што е со сите оние настани и случки што се спомнати во Новиот завет а воопшто нема Христови реченици во нив?

    п.с. излегувам, се читаме подоцна на темава.
    @buba4e89 , со нетрпение ја чекам твојата дипломска и да ја разгледаме заедно :)
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.