A продолжува... ,,кој верува во Мене, и да умре, ќе живее''.Биди храбар кога цитираш и дај го целиот цитат
Значи кажи си јасно дека не веруваш дека има воскресение за други освен за Христос,не ми мотај само како змија. Има поуки.
И што дека го цитираше продолжението на цитатот? Се смени поентата? Не. Убаво си вели продолжението на цитатот дека секој кој верува во Исус и да умре ќе живее, а НЕ ВЕЛИ дека Богородица ќе воскресне телесно 3 дена после смртта и дека никој не смее да писне збор за тоа 5 века
Ова ми удри во очи. Сериозно нема ни еден цитат каде што Исус и се обраќа на мајка му со мајко? Чудно некако
Ти одговорив во предходните постови за Богородица.А поентата на ова е што сакаше да го скриеш останатиот дел од цитатот и да ги толкуваш работите како тебе ти одговара.. немој мене тие финти од кај вашиот пастор... сум му ги прочитал книгите..
Исус и се обраќал на својата мајка со изразот ЖЕНО, тој израз кај евреите означувал голема почит кон жените.
@EvAngelos немаш потреба да ја разгледуваш, бидејќи по постовите заклучив дека не веруваш во ништо. Темата ја отвори за да ја дознаеш вистината дали Богородица навистина воскреснала, ако ти кажам да ќе ми образложуваш многу цитати во кои ќе посакаш да ме увериш дека не е така. Верувај ми, ти велам не е така како што се образложуваш со членовите тука.
Нема. Да имаше, @Orthophill , @HUNK , @Bulgarian ќе го постираа. Исус во Новиот завет и се обраќа на блажената Марија со „жено“. Верувам дека Исус во Неговото предзнаење знаел дека еден ден луѓето ќе направат култна личност од Неговата мајка и ќе ја обожаваат, ќе и упатуваат молитви, ќе и палат кандила, ќе ја нарекуваат Владичица на Небото, ќе ја прават покровителка на цели градови итн. и затоа не сакал самиот Тој да даде повод за такво нешто. А од друга страна Исус е создател на целото човештво и целиот Универзум, така што Исус е причината за постоењето на Марија, а не обратно, бидејќи Исус постоел пред Марија. Марија го нарекува Господ свој Спасител (ев. Лука 1:47, Библијата) така што Исус бил и е Спасител и на блажената Марија. Точно така, нема ништо понижувачко во тоа жената да ја наречеш жена и мажот маж. И затоа Исус им се обраќај и на другите жени со зборот „жено“, како на пример: "Исус и одговори: „Што имам Јас со тебе, жено (блажената Марија)? Уште не дошол Мојот час.”" (ев. Јован 2:4, Билијата) "Верувај Ми жено (самарјанката), дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина ниту во Ерусалим" (ев. Јован 4:21, Билијата) "Исус се исправи и и рече: „Жено (блудницата), каде се? Ниеден ли не те осуди?”" (ев. Јован 8:10, Билијата) "Исус и рече: „Жено (Марија Магдалена), зошто плачеш? Кого Го бараш?” " (ев. Јован 20:15, Билијата) "Штом Исус ја виде, ја повика и и рече: „Жено (згрбавената), ослободена си од својата болест.”" (ев. Лука 13:12, Билијата) "Тогаш Исус и одговори и и рече: „О жено (Ханенејката), голема е твојата вера; нека ти биде по твојата желба" (ев. Матеј 15:28, Билијата) Значи да, на сите овие жени, вклучувајќи ја и блажената Марија, Исус им се обраќал со жено и голема почит.
Кога коментираш нешто,прво треба истото да го познаваш(општо зборам).Он не ја нарекувал со зборот Мајко затоа што.. Он му одговори на оној што Му зборуваше и рече: „Која е Мојата мајка и кои се Моите браќа?” И како покажа со рака на учениците Свои, рече: „Еве ја Мојата мајка и еве ги Моите браќа. Зошто кој ја исполнива волјата на мојот Небесен Отец,тој Ми е и брат,и сестра,и мајка. Матеј 12:48-50. По овој пример,Господ сака да ни даде и нас пример.Кога одговорил кои се двете најголеми заповеди,втората, ,,Сакај го ближниот свој како самиот себеси" е кажано во смисла на ова погоре.Дека ние,Православните,вистинските Христијани треба да се гледаме едни со други како мајка-син,брат-сестра,татко-ќерка,сестра-сестра,мајка-ќерка итн.. а не како сексуални објекти само за блуд или да си наштетуваме едни на други..
Во претходниот пост ти рече дека имаш дипломска и дека изутринта ќе ја побараш Според ова заклучив дека ти ќе ни постираш некои аргументи во врска со воскресението на Богородица, аргументи кои што ќе покажат дека не е како што кажувам јас. И затоа те потсетив да ги постираш тие аргументи од твојата дипломска и да видиме што навистина велат тие. Ова е јавен форум и постои за да ги изложиме нашите ставови, аргументи, докази, претпоставки и да ги дискутираме. Некој трет утре може да дојде и да пише: Јас имам докторски труд на оваа тема и верувај ми дека не е така како што пишуваш ти И што сега ќе си веруваме на зборовите кој што има истражувано на темава без никакви изложени аргументи? Прости но за работи поврзани со христијанството, ранохристијанската историја не можам да верувам на форумџии кои ќе ми речат „верувај ми не е така или верувај ми вака е“. Јас Му верувам на Исус Христос, верувам на апостолите, на целата Библијата и на научните методи и техники за истражување на историјата и текстуалниот критицизам. Со години истражувам на темиве и сите мои постови се трудам да ги аргументирам со референци од Библијата или од ранохристијанската историја за да моите ставови не бидат базирани на моите мислења, туку на фактите. А секако јас си имам право да си кажам и мои заклучоци и толкувања на тие факти, а на секој од нас останува сам да си истражи кон каде го/ја водат фактите. И се разбира дека еден ден пред Бог ќе одговара доколку одел спротивно на фактите и совеста.
Овој пак си тресел зелени. Какви докази бара сега? Па нели го нашле празен апостолите гробот на Пресвета Богородица? Во што верува само тој си знае. Сака да се прави поголем од Господ. На мене така ми изгледа. По теми од секојдневието баш и не сум го сретнала. Но не му се секирам многу. Нека го. Ако искрено бара и ќе најде. Само да не се замислува дека со логиката на овој свет може да заклучува за тајните на вечноста.
Од каде ти е оваа информација дека апостолите го нашле празен гробот на Богородица? Се бараат едноставни докази или поточно некакво аргументи за да не биде апла слепа вера.
Што ако утре некој ви рече дека и Марија Магдалена и Елисавета (мајката на Јован Крстител) воскреснале и дека апостолите го нашле и нивниот гроб празен. Ќе верувате ли во тоа? И зошто не?
Аман бе дете... Ти изгледа ништо не сакаш да разбереш. Сега гледам дека не си читал житија на светиите, таму пишува дека гробот бил празен. А тоа што го шпекулираш за Марија Магдалена и Елисавета е смешно. Не е така произволно како што ти се трудиш да наметнеш. Но без гајле, ќе воскреснат и тие, ќе воскреснеме и ние.
Не постои житие на Богородица од 1ви, 2ри или 3ти или 4ти век каде што пишува дека таа воскреснала. Ако постои такво, ќе те замолам да ми посочиш некој линк од тоа житие да го прочитам. Јас добро истражив и не најдов. А што се однесува за житија од 5 века после смртта на Марија, тие не можат да бидат веродостојни. Тоа е исто како во 2500 година некој да напише дека Тоше Проевски воскреснал и дека мајка му и татко, роднините и неговите најблиски пријатели му го нашле неговиот гроб празен ама таа тајна строго ја чувале. Дури ни оваа илустрација не е соодветна, бидејќи апостолите и првите христијани немале причина да чуваат тајна за воскресение на Богородица, бидејќи тие веќе проповедале за воскресението на Исус и тоа ќе им било плус аргумент во ширењето на христијанството.
Е не, поверодостојни се твоите небулози и квази верата што очајно се обидуваш да ја шириш по форумите. Отвори кој сакаш православен сајт и ќе најдеш тоа што го бараш, само не знам дали ќе го земеш за веродостојно бидејќи некој во 20ти или 21ви век го ставил на интернет
Но гледам дека линкуваш до сајтот на мпц. Ок, на добро место си. Ако пробуричкаш малце ќе најдеш таму уште за Богородица.