Но за Евангелос е одличен текстот бидејќи ги потврдува неговите илузии. А нему му е мошне важно да биде во право. И да "докажува" сенешто, но еве ќе се повикам на Библијата и ќе речам дека секој дух што не признава дека Исус дошол во тело не е од Бога. Еве доказ дека некој не ја почитува Богородица и нека не се облекува во јагнешки кожи. Те познав дека си волк.
Не само што тресеш зелени, туку и не ги уважуваш мислењата на членовите. Нели прочита што напиша Ортофил? Или бараш, наоѓаш и пак во калта се валкаш? Ах, Евангелосее..
Погледнете го потписот на @korisnichka (веднаш над овој пост): Пресвета Богородице спаси нè И споредете го со следнииве библиски стихови: „Нема спасение ниту во еден друг, ниту има друго име под небото, дадено на луѓето, преку кое мора да се спасиме.“ (Дела 4:12, Библијата) „Зашто Бог е Еден , и Еден е Посредникот меѓу Бога и луѓето: Човекот Христос Исус,“ (1 Тимотеј 2:5, Библијата) Ова е една од последиците на правење култни личности. Откако ќе ги накитат со митски елементи и ќе ги издигнат на ниво на божество, потоа им се молат и бараат спасение од нив, наместо од Исус Христос. А ѓаволот си се смешка и си вика „добро завршена работа, паднаа на финтата“.
А кој вели дека Пресвета Богородица може да не` спаси без Синот Божји и Нејзин? Спасението и откупот на гревовите (за кои говорат цитатите од протестантскиот проповедник) доаѓаат од Христовата Крстна жртва, од Христовата пролеана Крв на Крстот. Он со Својата Крсна жртва е Посредникот преку Кого Отецот ни овозможи простување на гревовите (првородниот грев и сите гревови до тој миг со светата тајна - крштение, а сите следни гревови со светата тајна - покајание и исповед). Ние бараме молитвена помош од Пресвета Богородица, Божјата Мајка и нашата Мајка, и ја добиваме како што ја добиваме светлината од Месечината. Месечината без Сонцето е обичен Земјин сателит, кој не зрачи светлина, ама има моќ да ја рефлектира светлината од Сонцето. Така и Пресвета Богородица, дури не ја исполнила Божјата волја и му вратила на светиот архангел Гаврил: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!“, била обична жена, која иако немала свои гревови го носела првородениот грев на непослушноста на нашите прародители Адам и Ева, ама откако со своето послушание и со своето смирение, се сложила со зборовите на архангелот, Она добила ослободување и од првородениот грев и постана Мајка Божја. Ако Христос не примеше Тело од Дева Марија, тогаш ние немаше да ја бараме молитвената и секоја друга помош од Нејзе. Оти Она ќе беше немоќна, како што Месечината е темна, ако Сонцето не грее. Сега Го имаме Христа Бог, ја имаме и Неговата и Наша Пречиста Мајка. Како што Отецот Христов е и наш Отец, така и Мајката Христова е наша Мајка. Интересно е кога се цитираат во негаторски контекст на Пресвета Богородица цитатите: 1) А Он им одговори и рече: „Мојата мајка и Моите браќа се оние, што го слушаат словото Божјо и го исполнуваат.” 2) А кога го зборуваше тоа, една жена извика од народот и Му рече: „Блажена е утробата, што Те носела и градите, од кои си се хранел!” А Он рече: „Да, но блажени се и оние што го слушаат словото Божјо, и го пазат.” (Некои преведуваат: А Тој рече: „Уште повеќе се блажени оние, кои го слушаат Божјото слово и го пазат.”; трети, за да соблазнат раскажуваат: Тој и одговори: „Уште поблагословени се оние што ја слушаат Божјата порака и ја спроведуваат во дело!“) Оние кои ги цитираат овие стихови за да ја унижат нашата Мајка, поучени од својот татко - Сатаната, забораваат дека не постои ниту еден друг човек на земјава кој го слушаше Божјото слово и го исполни како што го исполни Пресветата Владичица наша Богородица и секогаш Дева Маријам. Затоа преку Неа ни дојде нашиот Најсладок Господ Иисус Христос! Затоа ние на Пречистата Дева И` се поклонуваме и милоста Божја преку неа ја бараме. Пресвета Богородице спаси не`! Господи Иисусе Христе, Сине и Слове Божји, не ги заборавај хулите на оние кои ја споредуваат Твојата Пречиста Мајка со блудница, ни на овој век, ни на оној, а особено не во часот кога пак ќе дојдеш на светот да му судиш!
Навистина не ми оди во глава тогаш зошто би се молиле преку Богородица таа да не спаси, ајде ете не буквално, ама зошто воопшто Богородица да ни биде посредник пред Господ кога Самиот Господ Исус кажал дека порано, во Стариот Завет, доаѓавме пред Бога преку свештеник посредник, ама сега директен посредник до Таткото е тој самиот, Синот? Тогаш по која логика би се молила на некој од светците кога можам дирекно на Господ да му се обратам? И ако може да ми посочите каде тоа во Библијата Господ ни кажал да се молиме на Свети Петар, Павле, Богородица (со сета почит кон овие Божји луѓе) или било кој друг, освен директно на Господ?
Што знам, јас се молам и на Св.Богородица и на Св.Петка и на Св. Недела... Зарем само на нашиот единствен спасител и Бог да му се молиме? Кога е празник, еве сега беше Успение на пресвета Богородица, нели сите се молеа? На кого се молеа? На Богородица нормално. Нели рекоа дека жените кои не можат да зачнат треба да се молат на Богородица да им даде рожба? Во Кичево во манастирот Св.Богородица Пречиста има икона на мајката божја која се смета дека има исцелителна моќ и многумина од разни краишта доаѓаат и се молат тука. Не е молењето само за нашиот Бог Христос...
Значи и тие имаат моќ и сила од небото да ти ги услишаат молитви? Нели животот и смрта е во власта на Бог, зошто да се молам на човек тогаш? Сите тие биле луѓе, грешни, ја вршиле Божјата волја и се наречени светци. И зошто да се молам на икона, дрвото направено од човечки раци, како тоа да може да ме спаси. Мислам навистина, настрана и доктрини и теологии ама ова не можам да го прифатам. Верувам во Бог, Троедин а еден во целина, ама колку пати досега читав и размислував на истото и едноставно ниту најдов исправност ниту убедување во истото. Кога се молам, се молам на Господ, еден и единствен кој ми е потребен и кој ме познава и знае, личен Створител. Сум благодарна за сите оние кои Му биле послушни на Господ и биле благослов на човештвото на овој или оној начин, ама Бог е Бог и Бог е еден.
Пред секој од нас постои слободен избор дали ќе го водиме нашиот христијански живот согласно Христовите заповеди и Библијата или пак според традицијата на луѓето околу нас. Сепак слободната воља подразбира и лична одговорност. Секој од нас треба да биде свесен дека на Судниот ден кога ќе се појави пред престолот на славата, на тој престол нема да седат селаните што ја одобрувале нашата вера, ниту ќе седи попот, ниту архиепископот, ниту папата, туку ќе седи Господ Исус Христос пред чие лице ќе замолкне цела вселена и секое колено ќе се поклони. Таму Исус нема да биде во улога на Спасител, туку во улога на Судија. И тогаш Исус нема да ни рече зошто не ги следевме преданијата на старите, или зошто не правевме како што рече попот или архиепископот, туку ќе ни рече: Зошто не го вршеше она што јас ти го заповедав? Посочи ми каде бев нејасен кога ти реков на Бог да му се молиш? Посочи ми каде бев нејасен кога реков дека само јас сум патот до Бог и дека нема друго име под небото кое луѓето можат да го повикаат за да се спасат? Каде бев нејасен кога ти реков само Мене да ми се молиш? „И зошто Ме нарекувате: ‘Господи! Господи!’ а не го правите она, што го велам?”“ (Исус, ев. Лука 6:46, Библијата) „А Тој (Исус) им рече: „Добро пророкуваше Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ‘Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене; напразно Ме почитуваат, учејќи науки, што се човечки повелби.’ Вие ја оставате Божјата заповед, а го држите човечкото предание. Вие добро ја укинувате - продолжи Тој - Божјата заповед, за да го држите вашето предание!” (Исус, ев. Марко 7:6-9, Библијата)
Е мило ми е што ги цитираше овие два цитати затоа што овие не се однесуваат на Христовата,Православна Црква која он ја оформил пред 2000 години туку на вас,од луѓе создадени квази-цркви. Види го болдот прво.Ти рече на Протенстантските цркви припаѓаш така? Протестантската црква ја формирал смртник или Христос? Овие Адвентистиве,ги формираше Елена Вајт и Милер или Господ Исус Христос? Јеховините Сведоци,Христос или некој одпаднати како овие? Значи како прецизно ве опишал Христос во Библијата........... уште вашите пастори да ги кажел со име и презиме во Библијата и тогаш тоа би било КАПАК.Слава му што не предупредил за такви... квази-цркви.Си даде автогол со овие два цитати
Во ред, моли се ти на Бог, ама овде напиша дека иконата е обично парче дрво направена од човечки раце. Само толку? А како ќе ги објасниш тогаш чудата што се случуваат во светот каде од икони течат солзи, крв, каде во пожари се' гори само некоја икона останува сосема здрава, имаше и случај каде пчели си направиле саќе на икона од Христос ама неговиот лик го оставиле да се гледа. Како ти ги објаснуваш овие чуда ако е тоа обично парче дрво? Да ги негираш не можеш бидејќи има докази дека се случиле.
Убави романтични илустрации даваш, можеби некое девојче ќе падне на ваквите романтики, но романтика кај Господ не поминува. Во Светото Писмо има стотина молитви. Повели најди една молитва која била упатена до некој светец или до било кој друг освен Бог. Зошто никој не ја искористил оваа можност, еве на пример некој од апостолите да се помолел до свети Илија или свети Авраам или свети Мојсеј или свети Јован Крстител - за кого Исус кажа дека никој од родените од жена не се воздигнал повеќе од него? Зошто сите молитви во Библијата се упатени до Бог и само до Бог?
Битер-свит, повеќето од тие „чуда“ се фејк, лажни, рекла-казала, а некои и јавно разобличени. На пример во Индија имало една статуа која го претставувала Исус од која наводно течело вода од раните на Исус. Луѓето оделе се поклонувале, ја бацувале статуата и ја пиеле водата. Подоцна еден индиец покажа дека водата до статуата всушност доаѓа од некоја тоалет блиску до статуата http://www.bbc.com/news/magazine-26815298 И сега црквата таму сака да го пикне во затвор затоа што ја објавил оваа вистина Значи не само што не го признаваат ова фејк чудо, туку како во времето на инквизицијата сакаат да го осудат оној што го разобличил. Забегана работа.
Сакаш да те запознаам со луѓе кои биле излечени од истите тие Светци ? Ако сакаш пиши ми порака,само имај храброст да се сретнеш со нив.Дека нели,милиони чуда што се случуваат во Православните цркви и кај Православните верници се фејк.Па да слушнеш со свои уши дали се фејк а се надевам дека ќе те удостојат да ти покажат и медицинска документација
@Bitter-Sweet , а исто така имај предвид дека и ѓаволот може да прави чуда/трикови и тоа во Откровението експлицитно пишува дека антихристот ќе прави чуда со својата икона. Единствена икона што е спомната во целиот Нов Завет е иконата на ѕверот и тоа неколку пати и таа е чудотворна икона која ќе прозбори и ќе ги убива луѓето што нема да и се поклонат. „Тој ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот, велејќи им на жителите на земјата, да направат икона на Ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив. И му беше дадено да вдахне дух во иконата на Ѕверот така што иконата на Ѕверот да прозборува, и да направи да бидат убиени оние, кои нема да се поклонат на иконата на Ѕверот.“ (Откровение 13:14-15, Библијата) До сега сум чул за еден куп фејк чудотворни икони и за некои легенди за чудотворни икони кои наводно правеле чуда во далечни времиња, времиња кои не може да се провери дали навистина правеле чуда или луѓето им измислиле чуда. Но до сега не сум видел икона со ваква чудотворна моќ да прозбори и да убива. Верувај дека на таа икона нема да биде насликан црвен ѓавол со рогови, рокчиња, опашка и гребло во раката. Таму ќе биде насликан убав светец/светиња и многу луѓе што ќе веруваат дека се побожни ќе се поклонуваат, а вистинските христијани ќе бидат прогонувани и убивани затоа што нема да сакаат да се поклонат.