Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали Богородица воскреснала?

Дискусија во 'Религија' започната од EvAngelos, 28 август 2016.

  1. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    И да - Богородица воскреснала.
     
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  2. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    А кутриот Ев немаше за што да се фати, па го зеде потписот :D
     
    На Bulgarian му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Искрено, не верувам.
    А не верувам бидејќи не барам спас и одговор на молитви во такви работи.

    Доволен ми е Господ и на него директно му упатувам молитви и добивам одговор.
    Зошто би воопшто правила такви работи? Да имаш потреба од помош зошто би одила на некој си трет извор да бараш решение и водство, кога можеш директно од Самиот Извор тоа да го направиш? Нели е и поедноставно и поефективно?

    Друго, многу сум скептична кон такви работи и "чуда".
    И Ѓаволот има моќ и сила на Земјата, така да не сите чуда ме привлекуваат.
     
    На worrieddd му/ѝ се допаѓа ова.
  4. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    А кој навистина сака да прочита за Богородица нека повели:

    Она нѐ научи што е (Кој Е) смислата на нашиот живот. Она нѐ научи што е (Кој Е) вистинска вера. Она нѐ научи што е (Кој Е) апсолутно послушание. Она нѐ научи што е (Кој Е) одрекување од овој свет. Она нѐ научи што е (Кој Е) крајно туѓинување. Она нѐ научи што е (Кој Е) небесно смирение. Она нѐ научи што е (Кој Е) непрелестно кружно движење на умот во Бог, односно благодатна умно-срдечна молитва. Она нѐ научи што е (Кој Е) љубов. Она нѐ научи што е (Кој Е) совршена заедница со Бог.

    Она е совршен сад на Божјото Предание. Она дозволи да се воплоти Единородниот Син Божји во Неа – од Светиот Дух. Она Го роди нашиот Господ, Богочовекот Исус Христос. Она пострада неволно под Крстот, како никој од човечкиот род – кога било. Она, од сите нас, прва воскресна. Она е граница меѓу несоздаденото и создаденото. Преку Неа го добиваме секој дар Божји. Секој наш дар на Бог, Он преку Неа го добива. Она е Црквородица. Она е нашата Мајка, а ние сме Нејзини деца. Она е нашата Владичица Богородица и Секогашдева Марија.
     
    На Bulgarian и Rama им се допаѓа ова.
  5. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Остатокот го има на интернет, кој сака лесно ќе го најде.
     
    На Bulgarian му/ѝ се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Да би сакал да се сретнам со човек кој ќе ми го докаже чудото со медицинска документација. Патем, и јас би донел цела папка со мојата медицинска документација за тоа како јас бев излечен од рак со помош на медицина и молитви кон Бог и само кон Бог. Моето сведоштво го имаше и на интернет порталите неодамна:
    http://mkd-news.com/svedoshtvo-na-patsient-od-onkologija-mene-bog-me-izlechi-od-rak/

    Интересно е што моето сведоштво (кое го пишав во 2008 на друг форум) од новинарите беше презентирано со икона од св. Петка и постирано на фејсбук групата „Чуда во светото православие“ :)
    [​IMG]

    И потоа, откако им го докажав мојот идентитет, им пратив и продолжение на сведоштвото:
    http://mkd-news.com/zhiv-i-zdrav-i-denes-ova-e-zlatko-patsientot-od-onkologija-kogo-bog-go-izlekuva/
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  7. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Смислата на нашиот живот е совршена заедница со Бог, а тоа се учи преку Богородица Која совршено ни дава пример за тоа. Ете затоа ја сакаме и почитуваме Пресветата Пречиста Преблагословена Славна Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија. И самите себе, еден со друг и сиот наш живот на Христа Бога го предаваме.
     
    На Bulgarian, Rama, HUNK и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Ќе се најдеш со човекот да ти кажам каде да го најдеш :D?
     
  9. Philippa

    Philippa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски


    Слава Богу за се' Евангелос. Чудни се Божјите патишта. Секој нов ден не е ништо друго, но уште една шанса и дар од Бога да се покаеме, исповедаме и да речеме како и светиот апостол Павле кој дотогаш бил најжесток гонител на Христијаните:„ и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене. А тоа што сега живеам во тело, живеам со верата во Синот Божји, Кој ме засака и Себеси се предаде за мене“. (послание до Галантјаните 2.20)
    И Јуда кога би се покајал би можел да стане свет.
     
    На HUNK, Orthophill, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Бог помага на секого па и на лошите за покајание.Многумина кои побараа од Христос лек,добија.Но им беше речено не прави повеќе гревови за да не те снајде полошо.
     
    На korisnichka, Rama, Philippa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Од многуте одговори што ги прочитав тука видов дека вие коментирате врз база на прочитано. Библијата многу пати е прераскажана, самата лично ја читав библијата, читав за Ное, за Адам и Ева. Ако веќе барате длабока рецензија односно исказ за прашањето одговорот лежи во самите корења.
    Дали Богородица воскреснала?
    Прво се поставува прашањето која била Богородица? Таа била една од најизбраните девици кои како мали деца биле избрани да одат во ерусалимскиот храм на девици. Таа била избрана од самиот Господ Бог да го носи во утробата синот спасител на земјата. Била девица!
    Таа била внука на прадедото на Адам, била родена во Назарет и таа била таа која ја уништила клетвата на Ева ( Ева го скинала јаболкото на дрвото ).Била уништена древната измама и на новите луѓе им засветлила радосната вест, затоа што преку престапот на жена биле истерани од рајската градина, но сепак сега преку Рожбата на жена, повторно ќе бидат вратени во рајот. Ева го послушала советот на змијата, а Пресветата Богородица го родила Христос - убиецот на змијата.
    Богородица во ерусалимскиот храм се занимавала со молиствено толкување.
    Луѓето кои што преку молитвата доаѓаат до чистота на умот, достигнуваат огромна отпорност и непобедливост во страдањата, тие се непоколебливи пред злото, пред нив демоните отстапуваат и таквите луѓе не подлежат на променливите закони на овој свет. Откако Дева била приготвена, кога дошло време, архангелот Гаврил и благовестил на Дева за две големи чудесни вести. Главната вест е дека во Неа бессемено ќе се воплоти Единородниот Божји Син роден предвечно од Бога Отецот и дека Таа ќе го роди во тело како Син Човеков.
    Таа била првата денствена жена која му останала достоинствена на Бога, единствената која била спремна да му се посвети целосно. Од неа се родил Синот Божји, но бидејќи тогаш во Израел не било познато такво нешто, свештениците/апостолите решиле да и пронајдат маж кој достоинствено ќе биде покрај неа без да ја допре, ќе ја штити додека го носи нашиот спасител. Изборот паднал на постариот Јосиф.
    Јосиф храбро и пристапил на задачата. Исто така, постојат записи каде се раскажува дека раѓањето на Дева Марија не било случајно, пред се нејзиното раѓање лежи во коренот на нејзините родители. Родители на Дева биле од две еврејски лози Давидовата и Ароновата. Од Давидовата лоза произлегувале еврејските цареви, а од Ароновата Старозаветните просвештеници.
    Цитирам: „Во тоа време меѓу малкуте праведни луѓе во градот Назарет биле и родителите на Пресвета Богородица, Јоаким и Ана. Јоаким бил од царскиот род Давидов, а Ана од родот на првосвештениците.“

    Се враќаме на прашањето Дали Богородица воскреснала?
    Зборот воскреснала не е соодветен збор, Богородица се успокоила. Зборот успение значи мир, спокој,потонување во сон, заспан. Според преданијата Богородица често одела на гробот Господов и во една од таквите посети, пред неа застанал Архангел Гавриил кој и го најавил нејзиното преминување од овој свет, во вечниот живот небесен. Како доказ, Архангелот и дал палмова гранка од рајот, која светела со светлина на Царството Божјо. Богородица почнала да се подготвува за своето заминување. На апостол Јован, таа му ја покажала светлата гранка и му оставила аманет, да ја носи при нејзиното погребение пред поворката. Сите тие биле тажни, но таа сепак ги тешела, сакала да се радуваат на нејзиното заминување т.е. успение.
    Оставила аманет, нејзиното тело да биде погребано во Гетсиманската градина, каде што била и гробницата на нејзините родители и нејзиниот свршеник.
    Кога дошло времето за нејзиното преминување, одајата во која лежела, ја осветлила неискажлива Светлина на Божествената Слава. Се вели дека Самиот Цар на Славата, Исус Христос, се симнал од небото, придружуван со мноштво Архангели, Ангели и заедно со праведните души на Праотците и Пророците кои го пророкле Рождеството на Пресветата Дева. Тогаш започнало радосното архангелско и ангелско пеење. А Херувимите и Серафимите со радост ја прославиле средбата со душата на Пресвета Богородица. Оплакувајќи го земното збогување со Мајката Божја, Апостолите го завршиле погребението на Нејзиното Пречисто Тело. По Божја промисла, на Апостол Тома не му било судено да присуствува на погребението на Богородица. Кога дошол третиот ден во Гетсиманија, со горчливи солзи се свртел кон гробот и гласно изразил жалење што не бил удостоен да го прими последниот благослов од Богомајката. Апостолите се сожалиле и одлучиле да го отворат гробот за да му овозможат да се утеши со последното поклонение пред остатоците на Дева. Но, отворајќи го гробот, ги виделе само Нејзините погребни овои од кои се ширеле небесни мириси, па на тој начин посведочиле за прекрасното вознесение на телото на Пресветата. Истиот ден, додека Апостолите вечерале, едно парче леб го оставиле за Господ, па во тој момент се појавила Мајката Божја и им порачала да се радуваат, бидејќи таа е со нив за навек. Така е воспоставен чинот на подигнување на панагијата, односно подигнување на леб во чест на Мајката Божја, чин кој до ден денес е сочуван во манастирите.
    „ Пресвета Богородица се упокои на 15 август, во третиот час од денот, како што и однапред и благовестеше архангелот Гаврил. За Своето успение се подготви сама, со најревноста богокопнежливост, со оглед дека одеше кај Оној по Кој цел живот копнееше.“

    На тој ден, Мајката на Животот преминала во вечниот живот, отворајќи ги рајските порти за човековиот род. На тој ден, Мајката на Господ Бог се издигнала од долниот Ерусалим, во горниот и небесен град на вечното царство Христово.

    @EvAngelos последните денови Богородица ги поминала во домот на Апостол Јован Благослов, а во негово отсуство Пресветата живеела во домот на неговите родители. Богородица секогаш била весела и радосна, не подлегнувала на огорченоста,била милостива кон сиромашните и била исполнета со побожност.
    Дали сега ти е јасно дека Богородица се успокоила мирно или спрема тебе воскреснала е соодветен збор, за мајката која го носела нашиот Спасител, Синот Божји?

     
    На korisnichka, Orthophill, lovemme и 2 други им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    А не е добро тоа што коментираме врз база на прочитано? Во какви корења лежи одговорот?

    На кој Адам мислиш? На мажот на Ева?

    Во Библијата обратно пишува т.е. дека Марија била веќе свршена за Јосиф кога ангелот Гаврил и соопштил дека ќе биде осенета од Светиот Дух и дури потоа зачнала. А апостолите доаѓаат на сцена 30 години после раѓањето на Исус, бидејќи Исус тогаш ја започнал својата јавна служба при што избрал 12 ученици за апостоли.

    „А во шестиот месец, Бог го испрати ангелот Гавриел во галилејскиот град, по име Назарет, при девица свршена за маж, по име Јосиф, од Давидовиот дом. А името на девицата беше Марија.“ (ев. Лука 1:26-27, Библијата)

    „А Тој - Исус имаше околу триесет години, кога почна да проповеда“ (ев. Лука 3:23, Библијата)

    Ме интересира од каде цитираш, ако може референца да пишеш за да видам кој ти е изворот. Нас за обични семинарски не тераа референци и извори да пишуваме, а не па за дипломска :)

    Кои се тие преданија? Кои се изворите за овие информации што ги пишуваш?
    Исус во таа гробница поминал само 2 дена, од петок поручек кога бил симнат од крстот до неделата рано наутро кога воскреснал. Потоа Исус повеќе не бил во тој гроб, туку 40 дена постојано им се појавувал жив. Зошто Богородица би одела во тој гроб? Мртвите имаат гроб, живите немаат гроб.

    Библиските пророштва ми се одлично познати. До сега не сум сретнал пророк кој го прорекол раѓањето на Богородица. За раѓањето на Исус има пророштво (Исаија 7:14 и Исаија 9:6), но не и за раѓањето на Богородица. Можеш да ни кажеш на кој пророк и кое пророштво се мисли тука?

    Дури и датумот и часот се знае? Ептен ме интересира од каде ти се овие извори? Да не е од некое најново археолошко откритие на некои манускрипти од тоа време?


    Исус е Тој што ги отвори рајските порти за човековиот род при Неговата смрт со која ја плати казната за гревот. Исус на разбојникот што се покаја му рекол: „„Вистина ти велам, денес ќе бидеш со Мене во рајот.“ (ев. Лука 23:43, Библијата) Рајските порти се отворени за човештвото уште од велики Петок. Непочитувачки спрема Исус е да велиш дека Богородица ги отворила рајските порти.
     
    На Sky-butterfly, baba Rada и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos нема да ти откријам ништо повеќе од напишаното.
    Бидејќи самиот кажа се ти е познато.
    Сметам дека моите извори треба да останат мои.
    Има доста преданија,патем нели ти беше запознат со се?!
     
    На korisnichka и HUNK им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Не сум запознаен со се и за овие лично твои преданија прв пат слушам. Еве на пример од тебе за прв пат дознав дека првиот човек на земјава Адам имал прадедо. Ја до сега знаев дека Бог го создал Адам од земниот прав. Исто така од тебе за прв пат дознав дека блажената Марија забременила, па после тоа апостолите и бирале маж Јосиф да и биде. Ова е еурека за сите христијани, бидејќи ние во Библијата читаме дека Марија била свршена за Јосиф кога Ангелот и соопштил дека ќе биде осенета од Светиот Дух, го раѓа Исус и дури после 30 години Исус ја почнува јавната служба и избира 12 апостоли.

    И замисли сега да дојде некој нов член на форумов каже нема врска ова сите вие што пишувате овде сте у грешка, ја у мојата магистерска напишав дека Богородица после смртта на Исус отпатувала до Шпанија и таму заедно со Кристофер Колумбо со брод се упатила кон Америка за да им сведочи на муслиманите и го поставила за епископ свети Абдула Џемаили чудотворец кој цитирам бил прадедо на Авраам и доказ за неговото копнежобогство била една печурка што мирисала со небесни мириси итн итн.

    На што ќе личи форумов?
     
    На Sky-butterfly, Bender Rodriguez, Херкул и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Не би рекла дека сум нов член.
    Не би се фатила за тоа, добро знаеме дека секој се труди да изработи нешто.
    Од др гледна точка размисли дека се работи за години студирање и собирање податоци.
    Она што ти сега три дена го натегаш.
    Патем заклучив дека си атеист.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Не.
     
    На Bender Rodriguez и EvAngelos им се допаѓа ова.
  17. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    @EvAngelos напорен си братче..
     
    На Bulgarian и buba4e89 им се допаѓа ова.
  18. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    А Господ е толку тивок, ненаметлив, добар, предобар, седобар.
    И Господ не се докажува, не е теорема, не е теза, Вечно Жив Творец е, Него можеме само да Го сведочиме, ако сакаме, се разбира. Ти некаде претходно напиша за слободната волја. Е па за тоа и јас ти зборувам. Нашата слободна волја е или насочена кон Него или се одвраќаме од Него за да си угодиме на своите страсти, на пример да се докажуваме колку сме паметни и познавачи на верата итн. Сепак, не бива созданието да Го образложува Создателот, не може глината да Го обликува Грнчарот...

    Исто важи и за Богородица, бидејќи преку Неа Господ дојде на земјата. Без нејзиното: „Ете ја слугинката Господова, нека ми биде според зборовите Твои“ немаше да биде тоа што бидна, немаше да се воплоти Логосот, немаше да дојде Христос Спасителот на земјата. Од преголема љубов Тој слезе на земјата, но пак не сакаше да ја наруши нашата слобода. Чекаше некој да рече „да“. Тоа беше Богородица. Без Богордица ништо ќе немаше. Затоа не се буни кога викаме Пресвета Богородице спаси не'. Богородица има посебно место во целиот домострој на спасението, ете затоа. Прости ако со нешто те навредив. Помоли се за мене, ќе се помолам и јас за тебе и за сите форумџии да ни даде Господ да заживееме во мир, Христовиот мир. (Да, да ни даде, оти секој совршен дар е одозгора, од Отецот на Светлината) По тоа ќе не' познаат дека сме Негови ученици. Христос помеѓу нас!
     
    На Bulgarian, Rama, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  19. mula

    mula Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2016
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    2.443
    Пол:
    Женски
    Која е потребата од чукање празна слама и од претурање од полно во празно? Нешто како Македонија до Индија муабет. Се замарате со нешто што нема врска со животов.
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  20. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Ај ти кажи за што да зборуваме тогаш :$
     
    На Bulgarian му/ѝ се допаѓа ова.