1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали Богородица воскреснала?

Дискусија во 'Религија' започната од EvAngelos, 28 август 2016.

  1. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Извини Мулче, нема да гњаваам многу но ми избега преги мислата, дека сведок значи маченик. Ме потсети денешното житие на светиот маченик Андреј стратилат
    Светиот маченик Андреј Стратилат

    [​IMG]Беше офицер-трибун во римската војска во времето на царот Максимијан. Роден е во Сирија и таму беше на служба. Кога Персијанците го загрозија со војска римското царување, на Андреј му беше доверена војска во борба против непријателите. Во таа прилика го произведоа за војвода-стратилат. Бидејќи беше потаен христијанин, иако уште некрстен, Андреј се понадева во живиот Бог и од мнозинството војници ги избра само најдобрите и со нив појде во битка. Пред битката им рече на своите војници дека ако сите Го повикуваат напомош единствениот вистински Бог Господ Исус Христос, нивните непријатели како прав ќе се распрснат пред нив. И навистина, сите војници вдахновени од Андреј и од неговата вера Го повикаа напомош Христа и извршија јуриш. Персиската војска беше наполно сотрена. Кога победоносниот Андреј се врати во Антиохија, некои завидливци го обвинија како христијанин и царскиот намесник го повика на суд. Андреј отворено ја изјави својата непоколеблива вера во Христа. После тешки измачувања намесникот го фрли во затвор и му пиша на царот во Рим. Знаејќи го угледот што го имаше Андреј кај народот и кај војската, царот му нареди на намесникот да го пушти на слобода, но да демне друга прилика и друга причина за да го убие. Во откровение од Бога Андреј дозна за таа царска наредба, па ги зеде со себе сите свои верни војници, две илјади петстотини деведесет и тројца на број, отиде со нив во Тарс Киликиски и таму ги крсти сите епископот Петар. И овде прогонуван од царските власти, со својата дружина Андреј се повлече далеку во ерменската планина Таврос. Овде во еден теснец, додека сите беа на молитва, пристигна римска војска и ги закла сите до еден. Никој од нив не сакаше да се брани, а сите беа желни за маченичка смрт за Христа. На тоа место каде што се излеа потокот од маченичка крв, изби извор со лековита вода, којашто исцелуваше од секакви болести. Епископот Петар дојде потајно со свои луѓе и чесно ги погреба телата на мачениците на она место. Сите чесно пострадаа и стекнаа венци на бесмртна слава во царството на Господ Христос
     
    На Bulgarian, Rama, HUNK и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што си ја победил болеста.
    Но во текстот пишува дека ти си одел на терапии, си се лечел, а тврдиш дека Бог те излекувал?!
    Како некоја да стави силикони и да тврди дека Бог и ги зголемил цицките.
    Се извинувам за офтопик, сега гледам дека темата е друга.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  3. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Па токму тоа ти кажува човекот. „Залудно ќе се трудат градителите ако Господ не ја соѕида куќата“
    Ние во нашиот говор велиме, мило ми е што си ја победил болеста, но всушност Бог е Оној што направил болеста да исчезне. Се разбира дека треба да се трудиме и да ги слушаме лекарите. Но и самите лекари знаат да кажат, он нас толку, повеќе од Господ.
     
    На Bulgarian, Rama, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Дали за секој што не се согласува со твојата таканаречена „дипломска работа“ велиш дека е атеист?
    Дали за секој што не се согласува дека првиот човек Адам имал прадедо велиш дека е атеист?
    Дали за секој што оди според Библијата и не се согласува со тезата од твојата дипломска дека апостолите и го наместиле Јосиф на Богородица велиш дека е атеист?
     
    На theowndemon, LivingGlam и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  5. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    За болеста има лек,ама за "болеста" нема.
     
    На HUNK му/ѝ се допаѓа ова.
  6. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    @EvAngelos туку ова со сведоштвово,и тогаш пропагираше Анти-Православни работи? Мислам пред да заболиш од канцер.Чисто информативно.
     
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Јас пропагирам библиски работи, изворно христијански работи. Пренесувам што поучувале, што кажале Исус и апостолите со директни нивни цитати од Библијата. Се разбира, пренесувам и што не кажале. Се што пишувам аргументирам со извори и аргументи. Никогаш не сум пишал некое тврдење и да речам: „тоа е така затоа што во мојата дипломска работа така пишува“. Референците намерно ги ставам со црвена боја, да бидат јасно видливи и проверливи.
    На пример кога велам дека Исус и се обраќал на Богородица со „жено“, тоа не е анти-православна работа, туку тоа се Христови зборови. Ако некој има проблем со тоа, тој нема проблем со мене, туку со Исус. Јас не му наложив, ниту можам да му наложам на Исус како Тој ќе се обраќа кон одредени личности.
    Кога велам дека ниту апостолите, ниту некој друг христијанин во првите векови на христијанството не спомнал ништо за воскресението на Богородица јас не кажувам анти-православни работи, туку кажувам што тие не кажале, а се очекувало да кажат. Јас не сум воопшто крив што тие не спомнале ништо за воскресението за Богородица. Јас не им реков да молчат.

    И за крај, ја воопшто не се замарам што православието или католицизмот или протестантизмот пропагира за воскресението на Богородица. Јас сум следбеник Христос и мојата вера ја полагам врз Исус, од Него избраните апостоли и од Него потврденото Божјото Слово - Библијата. На Судниот ден јас нема да се појавам ни пред папата, ни пред архиепископот, ни пред некој протестантски пастор, туку пред Исус. Затоа се трудам да живеам и поучувам согласно Неговите заповеди и учење запишано во Библијата и сеедно ми е дали некој тоа ќе го нарече православно, католичко, протестантско, муслиманско, атеистичко итн. Мене ми е важно Исус што ќе каже, а не луѓето.
     
    На Sky-butterfly и baba Rada им се допаѓа ова.
  8. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Од едно просто прашање,напиша два параграфи со тотално различна конотација.Значи прашањето е
    И треба да одговориш со Да или Не.Не те прашав за мислење пред кого ќе излагаш на Судниот Ден така :)? Многу некако покажуваш фобија од Арихепископи и Православие.. баш се чудам зашто.
     
    На Rama, Orthophill и korisnichka им се допаѓа ова.
  9. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    На Rama, Bulgarian и HUNK им се допаѓа ова.
  10. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Вие ја имате само библијата,а не и нејзиниот извор.Православието е изворот на библијата.Без православието неможе да се каже дека имате изворна библија.Туку само библија.А штом го немате изворот неможете да кажете дека изворно аргументирате.Затоа што за да аргументирате изворно треба да го поседувате изворот или да знаете барем за него.Вие го немате изворот .Ниту па нешто знаете за изворот.А изворот на почетокот беше .......Изворот на почетокот не беше буквата запишана на книга.
    Така да неможе да се каже дека библијата е сама по себе извор за себе.Таа има извор од каде што потекнува.Тоа значи неможе оној што го негира изворот да вели дека изворно аргументира.
     
    На srcence1607, Rama, korisnichka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Тој за изворен се кажува ама непара на Изворот бил..
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Автор на Библијата е Бог, а писатели се пророците и другите Божји луѓе во стариот завет и апостолите и евангелистите во Новиот Завет. Тие се изворот на Библијата, преку водството на Божјиот дух. Тие немаат допирна точка со православието. Православието доаѓа на историската сцена со векови подоцна, се разбира постепено.
     
    На theowndemon и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  13. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Е затоа преемството го има од почетокот.Православието го има преемството и преемството зборува кој го има благословот од почетокот.Вие го немате преемството,вие го немате ни благословот.Вие се појавивте сега во последните 2 века.Вие сте без преемство и без благослов.А само колку е битен и благословот кој можеш да го сретнеш и кај Авраам и кај Мојсеј и кај Давид како се дава благословот низ сите поколенијата,па продолжува и кај новозаветните се до денешни дни.Не џабе е кажано елате вие благословени од мојата десна страна.Позанимавај се за благословот и преемството.
     
    На Rama, Orthophill и HUNK им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Православното преемство е измислица на православните цркви, поточно копи-пејст од веќе постарата Католичка црква. Сепак Исус Христос и апостолите никаде не кажале дека правата Христова вера магично ќе се пренесува со ракополагање. Библиското ракополагање нема допирни точки со „православното преемство“.

    Во Стариот Завет Бог склучил завет со Авраам и го благословил него и неговото потомство, според синот на ветувањето и верата. Затоа евреите, од тогаш па до ден денес, со голема ревност ги редат долгите листи на имиња од родословијата за да го покажат нивното крвно родство со Авраамовиот син Исак и со тоа да покажат дека се вистинското Авраамово потомство, избраниот народ на Бог.

    Но, на нивно големо изненадување, Јован Крстителот - оној за кого Исус рекол дека никој меѓу родените од жена не се издигнал повеќе од него, им рекол: „Немојте да говорите во себе: ‘Наш татко е Авраам’, зашто Бог може, ви велам, и од овие камења да му издигне чеда на Авраама” (ев. Матеј 3:8-9, Библијата).
    А Исус пак уште построго им се обратил велеќи им:
    „Знам дека сте Авраамово потомство, но пак барате да Ме убиете, зашто Моето слово нема место во вас... Ако бевте Авраамови чеда, ќе ги вршевте Авраамовите дела... Вие поттекнувате од вашиот татко - ѓаволот и сакате да ги исполнувате желбите на татка си.“ (ев. Јован 8:37,39,44 Библијата)

    Позанимавај се со тоа дали овие евреи биле чеда на Авраам или чеда на ѓаволот :devil:

    Значи Исус не негирал дека тие по тело навистина поттекнуваат од Авраам, но потоа им објаснува дека тоа нема никакво значење и дека вистински потомци на Авраам се оние кои ги вршат Авраамовите дела.
    Слично е и со верниците денес кои сакаат да се накалемат на апостолите и тврдат дека „поттекнуваат“ од нив. Исус и денес би им го порачал истото на таквите: Ако бевте чеда на апостолите, ќе ги вршевте делата на апостолите!
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Добар пример колку не ти е познато што значи преемство.Мешаш преемство со крвно сродство.А тоа се два различни поими.
    Инаку преемството не е измислено од православието бидејќи тоа го има и кај католиците и кај ерманската црква и кај коптската црква.Тоа значи дека преемството постоело уште пред да настане големата шизма и да се поделат на католици и православни,значи преемството егзистирало уште во вековите кога се знаело само за една христијанска црква и тоа онаа црква од почетокот.
    Вие сте новотарија која се појавува скоро и која добива пастир на "црква " без преемство и благослов ,непозната практика низ вековите од почетокот.Чиста новотарија.За преемството и во библијата може да се прочита за таа практика.А има и пишани книги уште од времето на Иринеј ,а и на Вселенски Собори кои зборуваат за тоа и ја оградуваат верата со преемството.
    И пак ќе те прашам прашање од изворот,зошто му веруваш на Иринеј за составот на библијата ,а не му веруваш кога зборува за преемството?
     
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  16. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Е многу сте изнапишале и уште побеќе сте промашиле. Исус Христос е второ лице на Света Троица, три лица една суштина. Словото Божјо Кое се овоплоти од Дева Марија и Светиот Дух. Он е Бог. Неговите ученици оставале сѐ и оделе по Него. Како денес монасите. Што им рекол Исус на Неговите ученици апостолите? - им дал власт да отпуштаат и задржуваат гревови. Апостолите добиле сила одозгора кога се симнал Светиот Дух. Тие самите станале учители на оние кои нив ги следеле. Па овие по нив итн. Ете преемство. И не ми се пишува веќе, ја утепавме дискусијата. Дај ми Господи да си ги видам моите гревови. Само тогаш и мојот брат ќе има подобар увид во работите. Ете православие. Ај со здравје.
     
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не залудно во евангелијата е даден и овој пример на Исусов следбеник:

    „Јован Му рече: "Учителе, видовме еден, кој во Твое име изгоднува демони, а не нè следи, па му забранивме зашто не оди по нас." А Исус рече: "Не бранете му! Зашто нема никој кој би правел чудо во Мое име, а да може веднаш потоа лошо да зборува за Мене. Зашто, оној кој не е против нас, тој е со нас."“ (ев. Марко 9:38-39, Библијата)

    Овде гледаме еден обид на апостолите да направат монопол со верата и да добијат еклузивно авторско право на Исус Христос. Демек ако некој не е под нивна капа (јурисдикција), тогаш тој не смее да биде христијанин. На овде гледаме како Исус ги укорил апостолите заради ова.

    Исто така гледаме пример каде што апостол Павле кажува дека некои од оние кои биле поставени за пастири/епископи ќе отпаднат од правата вера:

    „Внимавајте на себе и на целото стадо, во кое Светиот Дух ве постави за епископи, за да ја пасете Божјата Црква, која Тој ја придоби со Својата крв. Јас знам дека по моето заминување, ќе навлезат меѓу вас свирепи волци, кои нема да го штедат стадото; а и од вас самите ќе станат мажи, кои ќе зборуваат изопачено, за да ги одвлечат учениците по себе.“ (Дела 20:28-30, Библијата)

    Од овде гледаме дека:
    1. Благодатта на Светиот Дух не зависи од апостолите, туку лично од Бог Исус Хритсос.
    2. Дури и оние кои биле поставени за епископи директно од апостолите можат да отпаднат и да станат еретици. Ткн. „апостолско преемство“ не гарантира никаква чистота во верата и учењето на тој што се фали дека го има ткн. „апостолско преемство“.

    Тогаш како се станува Христов ученик? Исус јасно кажа:

    „Исус им рече на Јудејците кои Му поверуваа: "Ако пребивате во Моето слово, навистина сте Мои ученици..." (ев. Јован 8:31, Библијата)


    „Јас Сум лозата, а вие сте прачките. Кој останува во Мене, и Јас во него, тој дава многу плод; зашто без Мене не можете да направите ништо.“(Исус, ев. Јован 15:5, Библијата)

    Од овде гледаме дека:
    1. Исус ги нарекува Негови вистински ученици оние кои пребиваат во Неговото слово (кое е запишано во Библијата)
    2. Поврзаноста со Исус, а не со некаква институционализираната организација е тоа што не прави христијани со жива вера која ќе даде плод (наспроти мртвата вера која ниту дава плод, ниту е спасоносна)
     
  18. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Е ај ти кажи како се пребива во Словото?
     
    На Rama, Bulgarian и Orthophill им се допаѓа ова.
  19. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Добра реченица кажана дека оној кој не е против нас тој е со нас.А ти си против нас и против црквата.


    Добра реченица повторно дека епископството го има во библијата запишано,на кое ти велеше дека нема таков збор и таква функција во црквата во првите векови.
    Реченицата означува дека треба да ги почитуваме епископите кои се поставени од Бога,а не да се противиме и роптаме против нив како што ти правиш.

    Ова е добра реченица која може да се замисли само како убаво се опишува пророштво за појавата на Мартин Лутер и сектите слични нему.



    Кажано е исто ,како што Отецот ме праќа и јас ве праќам...Кој ве слуша вас ,мене ме слуша....И тоа е пребивање во словото, кој го слуша свештеникот благословен е од Бога.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ноуп. Јас не сум против вас, туку вие се свртевте против мене кога изложив аргументи дека Богородица не воскреснала. А штом сте против Христовата црква, значи не сте со Христос.

    Ноуп. Јас велев и сеуште велам дека човечко свештенство нема во Христовата црква. Таков збор и таква црковна функција нема да најдеш во целиот Нов Завет т.е. во Христовата црква.
    Епископ значи надгледувач, некој што ги надгледува верниците како што овчарот си ги надгледува овците. Синоним за зборот епископ е пастир.
    Додека свештеник е нешто сосема друго. Свештеник на грчки е хиереј, а првосвештеник архиереј. Хиереј е посредник меѓу Бог и луѓето. Тоа се старозаветни титули кои ги нема во новозаветната Христова црква.

    Исус вели кој пребива во Моето (Исусово) слово е Христов ученик, а не во словото на некој си ткн. „свештеник“ во 21ви век. Има голема разлика меѓу Христовото слово и словото на тој „свештеник“.