Чудо не му текна до сега на @EvAngelos да отвори тема од типот ,,Дали на Св.Јован Кристител му ја исекле главата''.Уште за него не ја искриви вистината,од се во Христијанството.. До земјотресите е.. бил потресен човекот
Доволно е земјата што се тресе, не мора и ти да тресеш глупости Никаква вистина не сум искривил. Тоа што тебе не ти се допаѓа или не ти одговара или не ти е комфорна вистината па ја нарекуваш „искривена“, за тоа ќе си се разбереш со Господ еден ден. Спремај си изговори уште од сега, „можеби“ ќе ти помине некој изговор. Во Библијата е јасно запишано дека на Јован Кристителот Ирод му ја отсекол главата. Тоа го запишале апостолите и евангелистите кои живееле тогаш и таму. Од друга страна, истите тие евангелисти и апостоли биле живи кога, според легендата, блажената Марија воскреснала но не напишале ниту еден збор за тоа. Ни тие, другите современи христијани, ни христијаните после нив, ни тие после нив, никој до 5ти век. Веродостојноста на оваа легенда е иста како и денес да се тврди дека Кристофер Колумбо воскреснал без ниту ронка докази за тоа.
Јак блинкераш сум .. Да да.. знаеме за другово,се објаснивме ние за Богородица.Неможе човек со црвена потерница на Интерпол да те најде за да одговориш некои прашања..
Ех а тајните кој може да ги искаже.. И по рождеството Дева, и по смртта жива. Така стои во Црковните химни. И Библијата и овие богослужбени химни се напишани по вдахновение од Светиот Дух. Еве нешто и за свети Јован Крстител и за Богородица од Канонот на чесната икона во Бигорски, го има на цд што неодамна излезе. Главата ти беше пресечена, но вика твојот јазик што го укори Ирода.. Велика е тајната, преславна, како Дева раѓа и останува нетлена, пред неа со трепет стоејќи и Безневесната да ја воспееме. Пострада за правда, Крстителу, отиде во адот како Претеча на Христа. И на окованите таму ти слобода им јави, тие што те чествуваат пази и сочувај ги. Ликува обителта Претечо, имајќи те покров и во тагата помошник, утврди ја цврсто во векови многу преку твојот образ наречен Бигорски. Чедо на Захарија најславно, ветен дар од Бога, радост на Елисавета.. Со радост си слушам..
Добро потсетување за денес: Дали Богородица навистина воскреснала? http://www.apologetika.mk/dali_bogorodica_voskresnala
Можеш ли кратко да одговориш со ДА или НЕ...мене ме мрзи да читам а баш ме занима твоето верување...значи само одговори со две букви. Благодарим!
Не постои единка на планетата што не доживува смрт и воскресение уште на самиот живот на Земјата. Воздигнувањето и падовите се да го припремат патот на човекот. Старото се руши за да се создаде ново, така е и со нас луѓето. Марија како библиски лик сигурно имала свои големи падови и воздигнувања доколку постоела историски
Зависи што сфаќаш под воскресение. Воскресение како поим се јавува многу порано од христијанската религија. Пример во Египет Богот Озирис е убиен од својот брат Сет, а потоа Божицата неговата сопруга Изида ги собира неговите делови, го спојува во едно и го воскреснува со помош на синот Хорус кој подоцна се одмаздува на Сет. Симболички овие приказни доаѓаат од свеста на луѓето. Така да воскресението може да е сегмент на човековото постоење само не како што ние замислуваме. Да одиме на небото да седиме со ангели хахах. Ајде да речеме, преродба
Постоела, тоа е факт кој никој не го успорува. Црковните книги историски се точни, посебно кога се однесува на опишување на настани и личности. Поточни се од голем број на учебници по историја.
Се извинувам. Црковните книги не можат да бидат точни во однос на реалноста и здраворазумното перцепирање на реалноста. Но не го оспорувам фактот дека личност како Марија која била мајка на некој си потенцијално постоечки евреин Исус постоела историски. Не знам точно од историска гледна точка и не би сакал да коментирам. Затоа реков, ако постоела
Можеби ќе биде офтопик, ама ме интересира, кои се тие критериуми што според тебе треба да ги исполнува една историска личност за да речеш дека постоела? Еве на пример наоѓаме историски документи каде што се спомнува Александар Македонски и историски документи каде што се спомнува Исус. Зошто првиот би бил сигурно постоечки, а вториот потенцијално постоечки?
Морам да признаам дека ме победи со аргументот. Да речеме дека постоеле и Марија и Исус, само нешто ми е сомлетелно во библијата зошто не се присутни евангелијата на Марија Магдалена, Филип и останатите кои се половина и повеќе уништени. Во едно евангелие на Марија Магдалена имам прочитано еден стих кои гласи: „Заблуда е дека Марија зачна од Светиот Дух, како може жена да зачне од жена“ т.е Светиот Дух го деклинираат за жена симболички. И мислам дека е добро Универзумот или Бог да се сфаќа како дуален концепт на маж и жена, а не тој патериархат да се форсира како во Христијанството. Мислам дека е во ред да се даде почит на Исус, но и на Марија Магдалена која што му била доста возљубена според библиските списи. Инаку би рекол, религија без Божица е на половина пат до атеизмот. Со почит, немој да ми замеруваш или сфатиш погрешно, секој со својата вера и убедување ♥
Не ти замерувам, таман работа, го ценам твоето мислење и истражувачки дух. Само четирите канонски евангелија поттекнуваат од 1ви век. Сите останати „евангелија“, се напишани при крајот на втори век, трети век, па дури и четврти век, а „евангелието“ по Барнаба дури и 15ти век. Еве на пример „евангелието“ по Марија Магдалена се датира дека било напишано во 3ти век. Тоа е некаде 200 години подоцна од времето кога живеела Марија Магдалена. За она навистина да била автор на тоа „евангелие“, би требало да живеела 200 и нешто години Друго, го ставам во наводници зборот „евангелие“, затоа што овие текстови немаат ни структура на евангелие. Тоа се гностички списи напишани од гностици кои сакале да им придодадат на кредибилитет на своите записи и затоа ги именувале апостолите или некои како Марија како автори.
Денес се празнува Успението на Богородица, поточно православното верување дека Богородица слично како Исус восркеснала. На следниов линк можете да прочитате мој критички осврт кон тоа верување, поткрепен со Библијата и со ранохристијанската историја: http://www.apologetika.mk/dali_bogorodica_voskresnala/ Исто така ме интересира дали денес ќе има богородична литија (парада) во чест на празникот?