1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали Бог го создал ѓаволот?

Дискусија во 'Религија' започната од Farasha, 20 февруари 2011.

  1. Farasha

    Farasha Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    19
    Еве едно прашање за кое верувам ке добиеме најразлични одговори :)
    Верувам дека многу пати сме се запрашале..."Зошто Бог го создал ѓаволот" и најчет одговор ни е
    "За да не искушува преку него" но која е вистината во сево ова тек ке коментираме
    Драго ми е што на оваа тема можеме сите да коментираме без разлика на верската припадност затоа што злото е едно и се бориме против него без разлика каде припаѓаме
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Дали Бог го создал ѓаволот

    јас мислам дека ако веруваш во господ треба да веруваш и во ѓаволот т.е злобата и лошотилакот :) A дали го создал бог, е тоа не знам :) Hо, сопоред мене ѓаволот сме ние, т.е лошото што човекот го прави на земјата!
    едит---
    во секое добро има и зло, и во секое зло има и нешто добро :) на пример јас не се согласувам дека сексот е грев, и секоја поза освен мисионерската е грев |(
    Eпа ако ова е дело на ѓаволот, мене не ме инетересира, ми се допаѓа овој грев :D
    боже прости ми, ама не можам само во мисионерска :lol:
     
    На sangvik и miss.pretty им се допаѓа ова.
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Е ај вака:
    колку што сум јас запознаена, на почеток Ѓавол не постоел. Постоел Бог со неговите ангели на небото. Омилениот ангел на Бог се викал Луцифер. Тој бил најубав и најсветол од СИТЕ ангели. Но, Луцифер не бил задоволен што е најубав меѓу ангелите, па сакал да ја има Божјата моќ. Бил многу љубоморен на Бога и сакал по секоја цена да го надмини. Но, бидејќи е општо познато дека НИКОЈ не стои над Бог, Тој го казнил Луцифер и го избркал од Рајот заедно со неговите неколку придружници во Пеколот (а Пеколот е насекаде каде не е Рајот) вечно да страдаат бидејќи Рајските убавини и благодети никогаш повеќе нема да ги почувствуваат. Луцифер е паднатиот ангел (the fallen angel) т.е. Ѓаволот.
     
    На Istata od vcera, Feminka22, iloveyou29 и 21 други им се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Во книгата на Јов пишува дека сатаната бил со синовите Бозји,ја заобиколувал земјата и му поднесувал извештај на Бога и го обвинил Јов,па постапил како што му заповедал Бог во казнувањето.
    Во книгата на пророкот Исаија се вели за ѓаволот(14 од 12 до 15)
    „Како падна ти од небото,Денице,сине на зората!Се разби од земјата ти,кој ги угнетуваше народите.
    А во срцето свое си велеше „ќе се искачам на небото,ќе го издигнам престолот свој погоре од Бозјите ѕвезди и ќе седнам на гората во соборот на боговите,на крајот од северот.
    ќе се искачам до висините на облаците,ќе бидам сличен на Севишниот.
    Но ти си соборен во пеколот,на дното на адот.„
    Се смета дека бил еден од најсветлите ангели,но неговата гордост го натерала да се побуни против Бога и да биде прогонет како паднат ангел.Постојат верувања дека ѓаволот е змијата која ја натерала Ева да посегне по јаболкото од Дрвото на знаењето,како и змејот во Откровението и дека е победен од страна на Архангел Михаил во војната во рајот.
    Бидејќи Бог е творец на се‘ верувам дека го создал и ѓаволот,кој најпрво бил ангел,а ангелите се духовни битија кои ја спроведуваат волјата на Бог.
     
    На theowndemon, aerodrom, MarchelineAmaru и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.132
    Допаѓања:
    88.419
    Пол:
    Женски
    Постојат различни убедувања за тоа кој бил Ѓаволот. Според некое со Бог владееле заедно, но тој сакал да ја грабне целата моќ само за него, па бил протеран во пеколот т.е така ја поделиле територијата со Бог. Ѓаволот да владее со темните сили -пеколот, а Бог со доброто - рајот.
    Како што спомна Теодора во книгата Јов, Ѓаволот (Сатанаил) бил еден од омилените ангели на Јахве и имал големо влијание врз него. Тој го убедил Бог да го искуши својот најголем верник Јов. Да не забегувам од темава, најверојатно е дека бил еден од господовите ангели, но бил протеран од Бог во пеколот, што значи бидејќи Бог го протерал, тој и го создал.
     
  6. Farasha

    Farasha Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    19
    Бог не го создал ѓаволот туку создал ангел Луцивер (светлоносец) во кој се појавило беззаконие...
    како во еден таков совршен створ се појавило беззаконието е прашање...
    Значи Бог намерно не направил сотона кој ке не малтретира и уништува секојдневно...
    Се возгордеал поради неговата убавина и во него се појавила потреба да биде над Бога...незадоволен се обидел да ги измами ангелите..
    Замислете ангелите незнаеле што е тоа лага до тогаш..и многу било лесно да се изманипулира со нив :(
    затоа и една третина од ангелите ги прифатиле тие лаги
    Зошто Бог не го уништил ѓаволот веднаш...?
    Зар неможел...???
     
  7. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Дискутабилна тема дефинитвно :) :) Меѓутоа пред да се ставам во дискусија не би било лошо да ја знам дефиницијата за поимот ѓавол и поимот ангел? И која е разликата меѓу нив? Видел ли некој ѓавол или ангел? Доколку сте виделе - како изгледаат баш ме интересира? Вистина ли е она што говорат дека ангелот има крилја, а ѓаволот рокчиња. :) Нели Бог е олицетворение на доброто..? Зошто тогаш се поставува прашање дали Бог го создал ѓаволот? И на крај краева млади девојки - штета што се преокупирани со вакви проповеди и цитати од Библијата. Религијата се почитува, одењето во православен храм дава мир на душата, разните христијански обичаи барем мене ми претставуваат задоволство( лепче со паричка за Бадник, бојадосување на јајца за Велигден, фрлање на крстот во Вардар, венчавање на младенците во црква итн.... ) Но, опседнатост со вакви работи не е во ред. Впрочем, се што е претерано не чини. :|
     
    На crazyinlove19, Kika30 и del-fin им се допаѓа ова.
  8. Farasha

    Farasha Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    19
    Бог можел секако само да помисли и да го уништи ѓаволот...
    но ѓаволот што ги наговарал ангелите дали знаеме..
    тој им велел дека Бог е диктатор кој воспоставува правила...

    Ако Бог го униште ѓаволот уште во истиот момент што ке си помислеле Ангелите...?
    Дека навистина Бог е диктатор...затоа оставил да тие сами одлучат и видат дека сотоната паднал во грев..беззаконие..

    Дали и ние сме оставени на нашата слободна волја што мислите ??
    Ајде ве повикувам да размислуваме на оваа тема :) Секое мислење моше само поблиску да не донесе до вистината :hai:
     
  9. Farasha

    Farasha Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    19
    Милки

    Ако ти прераскажам неколку искуства од верници невервам дека ке ми поверуваш затоа што нема да биде во согласност со твоето размислување а при тоа ке добијам и негативни критики затоа што истите не ке можам да ги докажам...а како што гледам ти сакаш нештата да бидат верифицирливи и ти да ги видиш со свое око :)
    Нека биде и така еве ке се обидам да одговорам на твоето прашање како изгледаат ангелите
    (кога повеке од 1 без нивно договарање ги опишуваат ангелите а и по Библиски опис тогаш се ставам на размислување дека ангелите навистина изгледаат така)
    Една од моите добри другарки која имаше проблеми за кој нема да зборувам во оваа тема по големата борба со злите нешта што и се случуваа во тој период таа не се предаде при што виде Ангел кој го опиша овака
    Била седната до зидот во нејзината соба..пред неа имало маса..а таа плачејки забележала огромна светлина..се преплашила да погледне веднаш...кога се охрабрила да погледне ..тоа бил Ангел кој бил мноооогу висок (во Библијата се вели дека Адам и Ева биле дури по 4 метри) имал многу убави крила :) и бил клекнат на колена со споени раце(дланка на дланка) како за молитва...ја погледнал и и рекол : Одиме понатаму....Слава Богу
    Едно друго искуство вели дека маж и жена биле на колена за молитва пред да легнат да спијат..тогаш жената осетила дека нешто (во случајов нејзиниот маж )дошло премногу блиску до неа...(знаете кога сте со затворени очи и осекате дека некој е до вас) Помислила дека тоа е нејзиниот маж кој завршил со молитвата..и за момент ги подотворила очите и измеѓу нив на колена се молел Ангел со споени раце(дланка на дланка) кој бил висок и имал огромна светлина....Слава Богу :)
     
    На theowndemon, okcenzi и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  10. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Не би се согласила со тебе дека ѓаволот сме ние,имам прочитано во ми се чини Папокот на светот беше, нешто вакво:"господ бог е душа и тело,тој се наоѓа во секој од нас,ние сме негово дело",ние сме создадени од бог, искушенијата што се појавуваат на нашиот пат се божји искушенија,поради тоа што бог сака од секое искушениее да излеземе како победници, а не да вратиме со очај.Бог е населен во секој од нас.А сексот и тоа како е грев.А за тоа дали господ го создал ѓаволот немам коментар,не знам.
     
  11. tamaramuv

    tamaramuv Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    5
    :rofl: Извини ама ова последново за мажо и шената шо се молеле дан не бил измеѓу нив комшијата, кој искачал од под креветот :devil: па жената го убедила мажот дека е ангел, или може сварно ангел бил , Ангеле комшијата од 4 спрат :rofl:
    Додека сме на темава да си прашам со Дедо Мраз шо правиме ? него кој го создал немојте само да речете дека непостое крв до колена ке има :rofl:
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Бог го створил. И нема "дали" бидејќи нема кој друг, Бог го изградил светот со сите негови маани и предности.
    Значи тој така го воспитал.
    Јас ако сум растела во некое американско гето, сигурно нема да го имам ова однесување и овие размислувања.
     
  13. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    хммм... но што ако ѓаволот е некој протеран од Рајот, кој го изневерил Бога?. :^)

    јас не верувам дека Бог го создал ѓаволот...
     
  14. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Девојки, да не бидете во дилема сега ќе ви кажам јас што знам од татко ми што ми кажувал. Пред Бог да го создаде светот, морињата, земјата, растителниот и животинскиот свет и човекот постоело Божјото царство. Во него Отецот бил вршителот, а Светиот дух нарачаталот. Тогаш, Отецот т.е. Бог живеел во рајот заедно со сите ангели, меѓу кои бил и Луцифер најсилниот ангел. Тој сметал дека може да му се спротистави на Бога велејќи дека е посилен и помоќен. Тогаш небото се отворило и ангелите заедно со Луцифер започнале да паѓаат надолу. Биле испратени во најтемното, најдолното место. Сите тие паднати ангели станале следбеници на Луцифер, а кога небото се затворило Бог решил да го создаде човекот. Човекот е создаден (според Џон Милтон) во хаосот каде со слободна волја одлучува дали ќе му служи на Бога или ќе падне под искушение на Ѓаволот. Значи заклучок: Бог не го создал Ѓаволот, тој го создал најсилниот ангел кој му се спротивставил и од тогаш неговото уво не ја слуша Божјата заповед...
     
    На GirlRose, elisabeta, MarchelineAmaru и 2 други им се допаѓа ова.
  15. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672

    значи моето размислување е најблиску... :)
    браво за ова :clap:
     
  16. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    Па колку што знам Бог го нема создадено злото. Тој создал ангели и сите нели имале некои различни способности ама најсветлиот од нив Луцифер му бил љубоморен на Господ зашто тој ги немал неговите моќ и да ја скратам приказната Луцифер паѓа од небото и затоа и се нарекува паднатиот ангел и започнува борба со Господ. Значи Господ не го создал гаволот туку еден од неговите ангели самиот станал злобен.
     
  17. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Јас знам дека Луцифер бил главниот меѓу ангелите и му бил прв ангел на Бога. Ама еден ден се полакомил и сакал тој да биде Господ. Кога го посакал тоа, Господ му ги земал крилјата и Луцифер паднал од небото толку силно, што како што удрил со главата во земјата направил толку голема дупка за сите грешници да се сместат таму (според Пеколот од Д.Алигиери) :)
     
    На MarchelineAmaru и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  18. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    Ѓаволот бил ангел најубавиот, ама тој сакал да биде како Господ и не бил задоволен па Господ го казнил и ѓаволот рече ќе видиш сите што се понизни кон тебе ќе ги направам свои робови и значи така тој е искушение не испробува на секој начин.Јас така знам.
     
  19. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Нормално дека го создал зошто нема кој друг...но не го создал како сатана туку како ангел кој сакал да го достигне бог и да стане подобар па бил протеран...
     
  20. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    да токму така! го создал ама не како ѓавол.