1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали Бог го создал ѓаволот?

Дискусија во 'Религија' започната од Farasha, 20 февруари 2011.

  1. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Го создал неговиот најсилен и најубав ангел ,кој заслепен од своето его ја посакал Божјата семоќ и не се покорил на Божјата наредба ,па бил протеран во пеколот.
     
  2. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Хипи и јас имам така слушнато. А пеколот е под земјата, зашто не може од горе со тоа котелот да не поливаат! :^) :D А рајот е горе, на облаците, е таму живеат ангелите :)
     
  3. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Христијанството вели дека ѓаволот е паднат ангел кој бил протеран од небото бидејќи се спротиставувал на Бога. Додека Заратустризмот како религија вели дека ѓаволот не е создаден од Бога бидејќи Бог создава само добри работи, а ѓаволот е лош.
    Според ова, секоја религија си дава свое значење како е создаден ѓаволот, на нас ни останува само да веруваме во онаа што сметаме дека е точна.
     
  4. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Еве го одговорот. Инаку Рај и Пекол, не постојат. Постои добро и зло. Никаде во Библијата не се спомнува рај или пекол. Бог е доброто а Луцифер,Сатаната, Ѓаволот или како сакате е злото. Бог е оној кој што владее и никој не е помоќен од него. А Ѓаволот е оној кој се обидува да го донесе само злото на земјата и да го надвладее Бог,но тоа не е возможно. Бог создава добро а Ѓаволот се обидува тоа да го направи зло. Ѓаволот е омразата,стравот, срамот, нервозата, тагата, несреќата, солзата, болката. Тоа е Ѓаволот. Па сеа вие видете што е Бог. :)
     
  5. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.491
    Допаѓања:
    8.292
    Пол:
    Женски
    ludoto,ме пресмеа :rofl: .инаку,од христијанска гледна точка,предбрачниот секс и прељубата се грев,а позите никако си немаат врска со тоа.е сега народот свашта си измислил ,и ова за позите е човешка измишљотина,цц не смеело друга поза освен мисионерска :lol: .во секој човек има и добро и зло,јас така мислам тука е таа борба,и секој човек сам ќе одлучи кому ќе му служи ,на бога или на сатаната.
     
  6. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Сигурно сте ја виделе рекламата за Алберт Ајнштајн.
    http://www.youtube.com/watch?v=ywbl0oVRLAA
    Според тоа, Бог не го создал ѓаволот, ѓаволот е некој кој има недостаток на добрина, како да кажам. ;)
     
    На ariela09 и Jule.Sk им се допаѓа ова.
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Бог не го создал ѓаволот, туку создал ангелски битија од кои еден дел посакале да станат богови и одлучиле да се свртат против Бога и неговото создавање. Бог тоа го дозволил бидејќи на секое од Него создадено битие му е дадена слободна волја, слобода на одлука: за или против Бога. Дали и кога ќе се предомислат таквите оставено им е исто така на нивната слободна волја.
     
    На EvAngelos, Hipica, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Gentleman..D

    Gentleman..D Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    44
    абе појма немам ама јас сепак верувам дека господ постои и за ѓаволот исто така.. :^)
     
  9. skenco

    skenco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    49
    кај нас се казува дека несакал да му направи сеџда на алах и тој го направил налет т.е.го проколнал
     
  10. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Да и јас го знам ова и Луцифер си го сменил името во Сатан :devil:
     
  11. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Ајнштајн не верувал во религија и во таков бог како што таа го претставува.
    Верувал во Спиноза бог.
    И ајнштајн самиот бил агноцист,а не бил религиозен.
    http://en.wikipedia.org/wiki/Religious_ ... t_Einstein
     
  12. ARainbow

    ARainbow Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Да.

    Господ создал се, па како не го создал и Сатан?

    Кога Господ го создал светот, ги создал и ангелите. Луцифер бил еден од нив. Луцифер бил убав, паметен, добар - совршен во очите на Господ. Но тој бил премногу совшен. Бил премногу паметен. Сакал да го надмудри и надмини Господ, но Господ дознал и го казнил. Му дал дом, пеколот.

    По некое време Господ го создал и човекот, Адам, и потоа и Ева. Луцифер, повторно пробувајќи да го надмудри Господ, ги убедил Адам и Ева да каснат од јаболкото. Потоа ги зел во пеколот. На Адам и Ева тоа им било забрането, па така пеколот станал место за сите што нешто згрешиле.

    Ова не е целата приказна. Постоеле ангели и во стариот тестамент, а во новиот е „вистината“ изменета. И од тогаш е препишана, па препишана, па изменета, па препишана.

    Но, сепак, зошто мене би ме слушале кога не верувам ни во Господ ни во Луцифер.
     
  13. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    http://www.amazingfacts.org/media-libra ... 0%BE%D1%82?

    Tука најдетално е објаснето се во врска со ова прашање. ѓаволот бил најсветлиот, најмудриот и најубавиот ангел меѓу ангелите, се додека не посакал да го симне Бог од престолот..Од тука почнува се.

    ^ И за сите што пишуваат дека пеколот е домот на ѓаволот, баш напротив, Земјата е неговиот дом. Во линкот најдетално е објаснето се во врска со ова.
     
  14. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    3.498
    Пол:
    Женски
    Да.Јас верувам во уверувањата дека господ создал се, тоа значи дека и во тоа СЕ според мене,спаѓа и ѓаволот.


    Ретко ја отворав оваа тема(воопшто оваа категорија)затоа што никогаш не можам да пронајдам вистински одговор за некои прашања, и стално останувам со подотворена уста кога станува збор за вашите податоци,мислење во врска со оваа тема.Интересни податоци и факти и што ли уште не и сакам да кажам дека секој коментар што го прочитав,ми ја расчепка имагинацијата и ме натера да размислувам уште повеќе за Бог и таа неопислива природа.
     
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Она што е споменато во линков, делот поточно каде вели дека ѓаволот го искушувал Христос во пустината, конкретно се мисли на негативната енергија која може да се појави кај човекот.Со самото тоа дека тој бил ангел кој се свртел против Бога, доволно зборува за создавање на зло ( или негативна енергија).Со оглед на тоа дека Исус сам бил во пустината, чинам се велеше по 40 - те дена поминати во пост и молитва, Исус се вратил во Галилеја.Бидејки се работи за духовност, а не физичко тело.

    А тоа каде е пеколот, па поголем пекол од војни, болести, страдање нема.
     
  16. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Не постојат ни едниот ни другиот :yawn:
     
    На ennaz му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Господ создал се, па и него, затоа секогаш е доброто над злото и светлоста над темнината.
     
  18. Goticarka

    Goticarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    хех,Бог не го создал " ѓаволот" Бог создал ангел како и сите други ангели, но тој се завртел против Бог и сакал он да владее затоа станал толку лош и му оди контра со тоа што прави злобни работи. Читајте мачку повеќе убаво е да се знаат такви работи, не мора да верувате во тоа но убво е да имате некакви информации
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Е јас велам НЕ! Ѓаволот се созда сам себеси. Тој сам стана ѓавол. Инаку добар си беше тој.
    Значи вака, пред да постојат човечките суштесвта, постеја џинови. (се сеќавате на Аладин, genie)? Тие имаат слободна вољја, што е многу важно. А ангелите, го немаат тоа. Тие, сакале не сакале, го обожуваат Алах и ги слушаат Неговите наредби. И сега, и на тие џинови им биле пратени пророци, но тие ги убивале, па така до некое време, до кога, Иблис, најдобриот од тие, со една армија од ангели, ги протераа џиновите по пештери, шуми, и во напуштени места...
    Иблис илјада години така живеел, со постојано обожување, додека стигнал да биде во друштвото на највисоко рангираните ангели. Е тука е целата конфузија. Тој бил во друштвото на најголемите ангели, но не вил ангел самиот. Ангелите се создадени да бидат послушни, без разлика на се. А тој не бил таков. И тој знаел дека Алах ќе одреди некој да го практикува Неговиот закон во светот. И цело време Ибљис се обидел да стигне во тоа место, како најдобриот роб на Алах, за да биде тој одбран за таа позиција, што значи дека тој не бил искрен, и кога Адем (аљејхи сељам) бил одбран за таа позиција, тој не прифатил да покаже почит кон него преку поклонување. И потоа му рекол на Алах дека Тој е причината за која што тој скршнал од Вистинскиот Пат. И направи молитва за да живее до Последниот Ден, за да може да му докаже на Алах дека ние не сме способни за да живееме според Неговиот закон. И рекол дека ќе ги чека синовите и ќерките на Адем на Вистинскиот Пат за да ги одврати од него. Е сега, ако вели дека го изгубил Вистинскиот Пат, како знае каде е? Сам себеси се докажува дека ова го прави од ароганција. Затоа секое дело треба да биде за Него, бидејќи ако е за да се импресионира некој друг или самите себеси, нема да бидат тие, и нема да бидеме ние тие што наградуваат на оној свет, нели? Па затоа од него учиме да бидеме искрени, да се чуваме од него, особено молитвите пред спиење (тие кои имаат досадни соништа секоја ноќ, ова е спас!) Или кога се будат за клањање сабајље, една специфична молитва е поефективна отколку кофа со вода, и најважно кога се чита Книгата, пак истата молитва. Многу секти се имаат создадено само поради превртеното разбирање на книгата, само поради тоа што не било кажано молитвата пред започнување на читањето. И тоа е директна наредба од Алах, да се каже таа молитва.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Betty*

    Betty* Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2015
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    Точно знаеш :) Така е