Инспирација за темава добив гледајќи вчера Канал 5 каде што во „Здраво Македонијо“ гостуваше еден поп за утрешниот празник и во текот на разговорот напомена дека Бог не казнувал, на никого не мисли лошо и дека само нè учел на лекции. А јас со оваа негова констатација воопшто не се согласувам. Сметам дека Господ казнува, можеби не мисли на никого лошо, ама казнува според стореното дело. Како што се вели меѓу народот, може Господ да забави, ама нема да заборави. Дали ние самите себеси се казнуваме или пак навистина Господ казнува?
Знаејќи дека правиме грев, свесно и упорно целиме кон тоа што не треба , сами се казнуваме, па потоа Господ. Господ казнува, но со искрена молитва за проштевање на грев Господ знае и да помилува.
Интересна тема,тема што сите ние треба да размислиме Имам еден пример,што една жена почина пред една недела,и ми е многу тазе пример Таа особа,не беше верник,така бар се изнасуваше,не поштуваше ни празник ни делник.Да не ги набројувам сите нејзини недела На крај дојде таков момент,кога сите нејзини блиски,се молеа Господ да ја земе,затоа што имаше страшна смрт.Една недела умираше и се изнамучи Е сега дали од тоа што правела и не почитувала ништо и никого,незнам ама тој случај ми покажува дека на некој начин Господ казнува
Помислив и на исповед ама не сакам да бидам погрешно сфатена . Да се исповедаш да , ама кај свештено лице кое е безгрешно. Кај нас колку ги има такви ?
Бог не казнува и многу убаво е пишано дека ако нешто се љуби од страв, тогаш тоа не е љубов. Ако Бог го гледаме како тиранин, како судија, тоа е голема препрека во верата а знаеме дека прво Бог ги љубеше лугето а не ние, он нас прв не сакаше.
До празников е изгледа,почнав многу чудеса да слушам вечерва А кој бил тој без грев освен Самиот Христос? Сите сме смртници,грешници.Само некој е помалце некој повеќе.Некој греши без око да му трепне,а некој греши исклучиво ненамерно и се кае. “Признавајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да бидете исцелени.” (Јаков 5:16)
Она што сакав да го кажам погоре: Дали Бог ме казнува? И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите! Делотворната молитва на праведникот има голема сила. (Јаков 5:16 - Стандарден Превод) Читател на „Дејли Инкаунтер“ ме прашува: „Можете ли да ми објасните зошто се чувствувам толку мизерно, виновно и несреќно од фактот дека не го исполнив моето ветување на Бог дека ќе престанам да пушам? Чувствувам дека Тој ме казнува за неуспехот и за прекршувањето на ветувањето“. Не, не, не, не, не! Бог не е таков. Тој не е татко којшто казнува, како што прават некои од татковците во овој свет - или можеби како што постапувал твојот татко кога си бил/а дете. Бог е многу поголем од тоа! Всушност, казнувањето доаѓа од нас самите! Откажувањето од пушењето или која било друга зависност - мала или голема - тешко дека би се реализирало само со давање ветување некому, вклучително и на Бог. Коренот на зависноста е симптом на поголем и подлабок проблем - и таа честопати се користи како средство за да се избегне вистинскиот дефект! Како што веќе многупати било кажано, симптомите се плод на длабок корен. Да се потсетиме сега и што рекол некој: „Бог е милостив - кога имаме неразрешени проблеми, ни дава (или ни дозволува да добиеме) симптоми!“ Секако, многу е важно да не го занемариме справувањето со симптомите, но она коешто Бог навистина го сака е да нѐ исцели на многу подлабоко ниво, онаму каде што е коренот на нашиот проблем. Симптомите треба да ни бидат аларм да ја побараме неопходната помош. Затоа, најпрвин, треба да се молиш со вистинската молитва. Ако се бориш со зависност или со лоша навика, побарај Бог да ти даде увид и храброст да ги видиш причините за тој проблем (зависност или навика) - односно, зошто воопшто се појавил. Но проси и да видиш дали проблемот е бегство од соочувањето со некое неразрешено прашање во твојот живот? Побарај Бог да те соочи со вистината зад твојот проблем - односно со коренската причина, без разлика колку болно тоа би можело да биде за тебе. Второ, барај Бог да те поведе кон помошта којашто ти е потребна за да ја надминеш зависноста, без разлика дали медицинска или психијатриска помош, како и да ти помогне да дојдеш до поддршка, без разлика дали во некој клуб на лекувани алкохоличари и слично. Запомни, ако ги исповедаш своите неуспеси на Бог и ја побараш Неговата прошка, Тој секако ќе ги прости - секогаш, секогаш и секогаш! Исус рекол дека на оние коишто ќе ни згрешат треба да им простуваме седумдесет пати по седум, односно бесконечен број пати - а така и Бог ни простува нам... Но тоа не е оправдание за нас да се однесуваме како што сакаме, туку израз на Божјата љубов која ќе нѐ облее секојпат кога ќе ги побараме Неговата помош и избавувањето. Од „Daily Encounter“ на Ричард Инис. Авторските права припаѓаат на ACTS International. Преземено и обработено со дозвола. Copyright by ACTS International. Used by permission.
Нормално дека Господ не сака да не казни, затоа нели и ни дал покајание и исповед, за да се поправиме, да ни биде простено и да не прими во царството небесно, е ама ако не го направиме тоа тогаш нормално дека секој си ја добива заслугата. Се што правиме ни се враќа како бумеранг. “Но ако не постапите така, ќе згрешите пред Господа и за гревот свој ќе претрпите казна, што ќе ве стигне.” (4. Мојсеј 32:23)
Ако Бог казнуваше тука на земјава, па тогаш немаше човек да остане. Бог многу ги сака грешниците а го казнува гревот!..не ми оди нешто тука
Се соглсувам со @Bitter-Sweet и во продолжение би додал дека Бог како апсолутно праведен и свет не може да прогледа низ прсти на човековиот грев и затоа мора да го казни гревот. Но од друга страна, Божјата безусловна љубов сака да го спаси и поштеди грешниот човек од казната и затоа Бог смислил мудро решение како да ги исполни сите три (праведен, свет и љубов): Бог го испрати Својот Син Исус Христос во светот и Тој се отелотвори во човечко тело и доброволно се жртвуваше за човековиот грев на крстот. Казната за нашиот грев падна врз Него како што беше пророкувано стотици години претходно (Исаија 53та глава, Библијата). Преку Исус Бог ја покажа Својата љубов кон човештвото, кон тебе и мене, со тоа што Исус ја зема казната за нашите гревови и плати за неа со смрт, за ние да не мора да бидеме казнети, туку преку вера во Исус да имаме ослободување од таа казна и живот вечен. Ова звучи како добра вест за нас нели? Епа зборот „евангелие“ токму и тоа значи - ев ангелион = добра вест.
Постои и поинакво дисциплинско казнување кое најчесто го добиваат верниците. Еве ќе цитирам од Библијата: „Сине мој! Не презирај го Господовото укорување, ниту ослабувај, кога те изобличува, зашто Господ го казнува оној, кого го љуби, а го бие секој син, кого што го прима." Ако трпите укорување, Бог постапува со вас како со синови.“ (Евреите 12:5-7, Библијата) Јас за себе можам да кажам дека во мојот 13 годишен христијански живот многупати сум навлегувал во некои гревови од кои Бог ме вадел преку дициплински мерки. Прво ми говорел преку совеста и сум знаел дека тоа што го правам е погрешно, но сум продолжувал да го правам тоа. И кога совеста ми закоравувала, Бог превземал дисциплински мерки. Во времето на укорувањето, тоа за мене значело болка. Но подоцна ретроспективно гледано - во тоа ја гледам Божјата љубов и грижа. Истото би го направил утре и јас за мојот син или ќерка. Ако си игра на прометна улица, прво ќе му кажам со збор. Ама ако не послуша, ќе добие и дисциплински мерки. Не затоа што го мразам и сакам да му/и нанесам болка, туку затоа што го/ја сакам и не сакам да биде удрен/а од кола.
Јас лично не верувам во Господ. Јас во тоа што верувам не ме казнува никогаш, и не е над мене туку до мене. Само ми дава лекции и ме води кроз животот, не ме тера да ја постигнам перфекцијата за да бидам лик негов, туку сум тоа што е и ТОА. Никогаш нема да кажам дека ме казнува. За мене се е игра на карма и на лекции, енергии и ниски и високи вибрации.
Бог не казнува , гледам тие со најголеми гревови си живееат одлично , а добриот починува млад . Јас верувам во Господ но чудна ми е неговата практика .
Како рекле, Господ забава ама не заборава. Се во свое време, ако лошите не платат преку самите себе ќе платат преку нивните најмили. Неговата практика и логика е сосема на место.
Па и тоа ми е нелогично , зошто гревот да се плати после 100 години на третото поколение , а тој што го направил да си нема галје ? Добриот човек секогаш ке патит
Ена работа не ми е логична, ако знаеш да ми ја објасниш..на пр.ако мајката била примерен верник а има дете кое било злосторник или ете направил гревови или на пр. мојот татко е грешен а јас сум без гревови(мало морген) и сега мајката оди во рајот или јас а детето гори во пеколот нели со татко ми, па нели ние во рајот ке тагуваме за тие што се во пеколот..јас по таткоми, мајкта по синот? Се надевам дека ме разбра
Мислиш, кога би се разделиле еден на едната а друг на другата страна? Не го знам ова ама мислам дека не би тагувале еден за друг. На пример јас сум грешник но покајник кој се надева ќе заслужи свое место во царството небесно а моите најблиски се грешници кои не се каат и јасно ми е дека нивното место нема да биде таму и не ми е жал бидејќи ја почитувам божјата волја и казната која треба да им следи. А на нив повеќе би им било жал за себе, за нивната грешна душа отколку за мене.