1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали Господ казнува?

Дискусија во 'Религија' започната од Mr. Right, 27 август 2016.

  1. MoonHighlight8

    MoonHighlight8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    5.521
    Пол:
    Женски
    Се сложувам ...се си има свое значење и се се случува со причина...
     
    На josifova1000 и GirlLove им се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Ајајај, кои се бе мила моја тие одредени ситуации што му требаат на едно младо непркнато дете кое е силувано од монструм, педофил, што поуки ќе извлече жити Бога!??:(
    Само овој пример ми дојде на ум, инаку не го мешајте годпод таму каде што го нема, во животов на земјава каде правда нема, каде царуват сила и безумие:(
     
    На Justicija и Lella им се допаѓа ова.
  3. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.138
    Допаѓања:
    14.390
    Пол:
    Женски
    Не мислев до толку екстремни ситуации..не навлегов до толку длабоко....Ако мислиш ГОСПОД го нема и во право си ,ако мислиш и веруваш дека има правда и има ГОСПОД пак си во право.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.198
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Мојата логика на работите:

    “Is God willing to prevent evil, but not able? Then he is not omnipotent.
    Is he able, but not willing? Then he is malevolent.
    Is he both able and willing? Then whence cometh evil?
    Is he neither able nor willing? Then why call him God?”
     
    На Црна Ружа и Lella им се допаѓа ова.
  5. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Нашата совест не казнува. Го убива нашето его. Со секоја потешкотија целта е да станеме само подобри луѓе. Да се воздига духот, а да умира бедното илузорно его. Секоја казна е љубов, лекција. Како мајка кога си го тепа детето ако претрча силно по улица. Универзумот не враќа назад и не ни дава да одиме подалеку од што треба, добиваме што заслужуваме, а не што сакаме. Се со цел да го исполниме мозаикот на таа Божја игра. Да сфатиме дека сме најгрубиот дел од Бог и од грубото да се издигнеме кон најфините елементи на Универзумот ♥
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Пример, Гулаг или Логор на смртта, епидемија на Чума или Колера, како потешкотијата која резултира со смрт ќе го направи подобар чоек? Зарем лешевите можат да бидат подобри луѓе?! :devil:
    Или му умрело дете на некој од болештина, што тоа ќе направи? :x
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Секогаш додека луѓето настојуваат да ги задоволуваат своите себични и алчни чувства. Додека се препознаваат едни со други во име на расата, националноста, религијата ќе постојат такви злочини на тероризам, но тој што одбрал да направи терористички напад или геноцид како што си наведел погоре веќе го има казнето совеста и веќе го изгубил умот, тежок и трнлив пат е тоа и нема бегање од таму. И на никој од тие луѓе не им било лесно.
    Што се однесува до болест, природна катастрофа, се се случува поради баланс на Земјата. Луѓето забораваат да ја сакат Земјата, таа заборава да ги сака нив.
    Смртта на детето како пример исто е многу болна за еден човек, но се случува се на светот. Болката може да не направи ладнокрвни и злобни, но може да не направи подобри луѓе изборот е наш и што ние сакаме од животот. Човекот секогаш треба да настојува да биде подобар и да се поправа, во спротивно ќе пати, па патењето ќе го научи дека мора да биде скромен, со сочуство и добар. Знаејќи го патењето на себе ќе го препознаеш патењето и кај другите. За мене добар човек е оној во кого има љубов и сочуство спрема другите живи суштества. Луѓе, животни, шуми. Човек кој не живее по автоматизам и импулси туку мудрост и љубов.
    Примери и оправдувања можеме да најдеме многу, но живееме во општество каде што за среќа сме далеку од чума и логори, затоа треба да го градиме со меѓусебна почит и љубов. Да не се повторуваат мизерни и ниски нешта како тепачки, убиства, омраза, навреда поради националност, раса, религија.
    Нема да не казни никаков Бог, самите ние се казнуваме. Совеста не казнува.
     
    На daylight и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ако ги извадиш розовите очила, ќе увидиш дека не ти прави некаква разлика колку искрено и праведно ќе одбереш да живееш. Поточно, ако имаш верба во доброто кај луѓето, можно е да те искористат, да те наместат и неубаво да поминеш.
    Во моментов, веројатно некој криминалец завршува со куршум во чело или во друг дел од телото - некаде на друго место, човек кој чесно се прехранувал, умира тешко и бавно борејќи се со рак. Тоа е животот и тоа е стварноста. Никакви енергии, мантри и молитви не ја менуваат.
     
    Последна измена: 31 август 2017
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Не можат. Но душите кои при физичката смрт излегле од тие тела, зависно од нивниот слобден избор, можат да станат подобри битија или да си останат истите какви и што си биле.

    Духовните мистици кои имаат увид во тие сфери известуваат дека после смртта ангелите (сфатени како чисти духовни битија со совршена духовна свест, а не во некоја митолошка смисла) настојуваат да им помогнат на душите (сфатени како некогашни ангели, кои мошне одамна доброволно отпаднале) да направат анализа на сопствениот живот во сета негова комплексност (чувства, мисли, зборови, постапки...) и да согледаат како и зошто се нашле и довеле во таква ситуација за време на престојот на планетата Земја и што би можеле да направат за да не бидат изложени повеќе на исти или слични ситуации и станат повторно совршени.
    Меѓутоа целиот тој процес на согледување и работење врз себе им се препушта на нивната слободна волја. Некои души тоа целосно го прифаќаат, некои делумно, некои пак го отфрлаат - таа слобода строго се почитува.
     
    На baba Rada и Daern им се допаѓа ова.
  10. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Види, да бев верник јас ќе бев католик бидејќи тоа сметам дека е теолошки и ритуалистички најусовршена од сите превари (религии и нивни деноминации). Катехизмот на најстарата, единствената и највистинска црква (@EvAngelos читаш ли мирно:devil:? ) укажува на оригиналниот грев како извор на грешноста на рајата и не упатува кон постојано префрлање кон себеси дека сме грешни и никакви.
    Во разни модификации тоа го има изгледа низ сите религии.

    Како тоа може дете и бебе да направи бре анализа на своите постапки и да не греши понатаму за демек да не страда?!
    Зошто им веруваш на некакви си духовни мистици, от каде знаеш дека тие не се слуги на Нечестивиот?

    Една од најморбидните ствари кои религиите ги посеале на светот е и хаотичноста при моралниот суд. Власта е нели, вечно во право и секоја власт е од Бога дадена (вклучително и Сталин Хитлер, Мао, Пол Пот) и човек не смее да се буни против власт, таа е безгрешна на оваа земја и тек после смртта Бог ќе им судел таму...после второто доаѓање (Сталин во моментов е во небесен Рисајкл бин и чека судење, како и сите души од постанокот до денес)...

    Претпоставувам и ти, како и сите луѓе - се обидуваш да најдеш смисол во бесмислата, причина во хаосот, значење во маглата и затоа се ослонуваш на писанијата на разни мистици, светии, шамани...кои најмногу што можат да сторат е да кажат дека душите биле криви за страданијата, значи тотално ништо.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Бебето, детето не може. За него се одговорни родителите, старателите, возрасните во смисла дали и како ќе го згрижат, какви смерници ќе му дадат преку воспитувањето и личниот пример... Но секој човек има бестелесна душа која живее вечно. Душата постои и пред да се отелотвори во тело. Додека е на „оној„ свет таа може да бира и анализира доколку сака. Ангелите водичи се тука да ѝ помогнат во одлуката за евентуално натамошно отелотворување, одмерувајќи го сето она „за„ и она „против„ кое пак произлегува од дотогашните активности на душата но и моменталната ситуација на планетата. Но како што беше веќе кажано, секоја душа има слобода на избор тие поуки и упатувања да ги прифати или отфрли, веќе според тоа што ѝ е помило - духовниот развој кон посветли подрачја, или обиди во материјалниот свет да ги реализира своите представи (кои честопати се всушност илузии). Кога потоа на Земјата ќе се соочи со реалноста, човекот во незнаење честопати ги обвинува за тоа некои виши сили(бог, богови, духови...) или лошата среќа, или статистиката.

    Ова е навистина една од најлошите работи кои религиите ги посеале, и не е за чудење што потоа тоа истото им се враќа.

    Дека наводно власта била од Бога е голема заблуда. Тоа нема врска ниту со Бога ниту со божествениот свет. Не случајно и Исус одбил да биде политички водач. Тоа се „игри„ кои ги имаат измислено луѓето и душите кои отпаднале од Бога и сакале и сакаат самите да бидат богови, што пак во реалноста е невозможно.
    Душите не чекаат во рисајкл бин, туку повеќето живеат во астралот. Оттаму тие можат ако сакаат да се развиваат кон подготвителните подрачја за влез во небесните светови, или да стагнираат, или ако сакаат да се вратат на земјата. Меѓутоа каде и да се наоѓаат, порано или подоцна им пристпаува жетвата на нивната сеидба, реакциите од нивните некогашни акции кои не биле благовремено препознаени, окаени и исчистени преку простувањеи молење за прошка и поправање. Како последица тоа може да содржи разновидни страдања.

    Судот не е ништо друго туку она што беше кажано - анализа на сопствениот живот во сета негова комплексност (чувства, мисли, зборови, постапки...) за да согледаат како и зошто се нашле и довеле во таква ситуација за време на престојот на планетата Земја. Изворот на енергијата за тоа е Христос. Но бидејќи голем број души не сакаат да се спознаат, да се погледнат себе си, да се замислат над своите ставови и постапки, тие тоа го доживуваат како страшниот Христов суд. Во реалноста тоа е страшно за илузиите на егото бидејќи по согледувањето на вистината би дошло до будење во реалноста, и илузијата би исчезнала.
     
    На Daern и baba Rada им се допаѓа ова.
  12. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Според католичката веронаука постои чистилиште кое е нешто као ничија земја, таму душите кои имаат некаква шанса за рајо се шмирглаат од вишокот гревови и после некое време, зависи од душа до душа, после 123 години одат во рисајкл бин кој секако постои.
    Рисајкл бинот ќе биде отворен на судниот ден, после второто доаѓање Исусово кога ќе бидат одвоени, едни ќе одат кај харфите и херувимите (небески конобари) а остало кај казаните и огнените езера на вечни маки.

    Е сеа ти имаш некаква своја претстава за Исус, њу ејџ ситуација и тоа си е ок, секој си го претставува Исус по свои желби и вкусови, но каноните на рисјанската теологија кажуваат за Судот како дешавка која тек треба да се деси, значи кој и да умре сега или утре или вчера или било кога во овие 6021 година од постоењето на светот према рисјанската космологија - сеуште не е осуден на вечни маки или па ужива во рајо. Тоа тек треба да се деси. Овоземните страданија не се поврзани со овозените дела, добри или лоши.

    А за останатото пак ќе се навратиме на другарот Џугашвили, ликот е одговорен за барем 20 милиони мртви, направил ненормално зло, живеел во раскош и умрел на старост.
    Од друга страна во моментов, додека си муабетиме, некаде по третиот свет умира дете кое нема да јаде или било каснато од комарец (маларија) или пиело загадена вода (колера).

    Дали можеш да видиш колку бесмислен е секој обид овоземните страдања да се гледаат низ призма на причина и последица, казна од виша сила, универзумот или Герет Бејл?
    Нема смисла, нема одговор, нема причина, манијак кој убил 111,000 раја ќе ужива цел живот и нема да биде казнет, ќе умре на 94 години опркужен од раја која му се диви, а јадно дете кое не згрешило никому ќе умре во најтешки маки.
    А за тоа да се промени, треба Симонов и Калашњиков а не Буда и Исус.

    И ти си навлегол во религиската замка на драматично лошо алоцирање одговорност и страданијата биле демек со причина. Не се. Одговорни се разни пасихопати и социопати, економски модели и општествени системи кои се застарени и идиотски. Омразата, презирот и борбата против вистинските причини за страданија се почеток на немир во душата, на сомнеж, на конфликт.
    Е сеа сите сакаме да ни е мирно на душичката, да се онадиме ама да не ни влезе и затоа ќе си бараме смисол во бесмислата...:devil:

    Луцифер ја донел светлината и глеаш какви муабети му извадиле :devil:
     
    На sjdgo и Gosh им се допаѓа ова.
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Токму тоа може да биде другарот Џугашвили, но во едно ново руво кое потпаднало под дејството на причина и последица и повеќе ја нема истата констелација на можности кога можел да изиграва „бог„ и кога можеле мрачните сили да го користат за остварување на своите цели.

    Во таквиот случај на ред се сегашните возрасни и оние кои можат да сторат нешто во духот на христијанската љубов кон ближните за да на тоа дете му помогнат и физички (храна, лекови, облека, дом) и духовно (со вистинско знаење и личен пример). Со тоа кругот на страдање би се прекинал бидејќи таа душа би можела да дојде до спознание и поинаков пристап кон себе си и околината.
    Ова е додуша точно, но зошто некои потпаѓаат под истите, другите само делумно, третите не? Само случај?!

    Тоа е последица на слободниот избор и не почитување на законитостите за њубовта кон ближните, кое како што и се гледа преку акција и реакција доведува до страдање или избавување.

    п.с.
    Тука ти е грешката. Ти кажаното го сфаќаш како некаква казна.

    Внимавај, јас никаде не реков дека тоа е некаква казна од виша сила или универзумот. Само последица... Излегуваме на Сонце, посветло е и чувствуваме топлина, влегуваме во сенка и забележуваме дека е потемно и поладно. Глупост би било да се помисли дека тоа нас сонцето нè казнило со светлина и темнина - НЕ, тоа е само реакција на од нас превземената акција! Ништо повеќе...
     
    Последна измена: 3 септември 2017
    На Daern му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Учењето на @daylight е далеку од религиска замка. Истражи повеќе или и да не истражиш преку искуство со текот на времето ќе сфатиш дека тие доктрини се единствениот начин за излегување од секоја замка.
     
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Зарем другарот Џугашвили по слободен избор би се реинкарнирал во дете од третиот свет? Зошто било кој би избрал да се роди некаде по третиот свет да го демнат болештини и глад? Ова не ќе да е толку слободен избор, after all.
     
    Последна измена: 3 септември 2017
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не е казна него последица? Исто ти е, само што е малку спакувано во њу-ејџ речник.
    Значи нероденото дете во претходен живот праело зулуми и сега како последица на тоа ќе пати и ќе умре.
    Дали тоа значи дека Џугашвили ќе умре 20 милиони пати во маки во новата инкарнација или како оди тоа, не се поклопуваат бројките никако.

    Имам правено муабет многу пати во друштво на оваа тема, ботом лајн е дека сите се плашат од бесмисленоста, бесцелноста а не треба. Затоа што немањето виша цел, божанска промисла остава простор за самиот поединец да си направи своја цел, своја причина за постоење која не мора да биде којзнае каква, може тоа да биде собирање конзерви од пијалаци и повторно, ќе биде поавтентична од било каква "армагедонштина", преку онаквото од тие пресметки добро зло, сите во некои заблуди дека живеат ептен битен живот па ако сечат пенис или клиторис или ако не јадат свиња или ако целиваат парче дрво дека прават нешто УАУ леле го менуваат светот, во договор се со творецот на космосот, имаат цел појака од нив самите, вечи су од животааа...

    А тоа ги плаши луѓето, таа одговорност да се биде креатор на цел на живеење, полесно е да се прочита нешто во свети книги, списи, денешно време во некое клипче на нет...:devil:

    (не е ова упатено кон тебе лично, онака само)
     
    На Lella, Bender Rodriguez и Gosh им се допаѓа ова.
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Не, 20 милиони туку 20х20 можеби бидејќи не се работи само затоа што некои починале, туку сето тоа извршило серија промени во животите и на преживеаните... Многу се поклопуваат бројките, само што тоа е многу покомплексно отколку што изгледа за да може едноставно да се објасни и разбере. Но крајно е неблагодарно за тоа да спекулираме.

    Тоа што го велиш покажува само колку сериозно оптеретување може да си нанесат големите моќници. Освен тоа треба да се земе в предвид дека тие никогаш не дејствуваат сами, туку имаат разни соработници и послушници, верници, војници, шрафови во системот, и тн. Ако тие дејствуваат на штета на луѓето и природата, тогаш создаваат тнр. колективна вина.
    Воопшто не е исто, ниту пак е тоа некаков њу-ејџ. Тоа попрво би било all-age ;) . Имаш ситуација каде владата по одредени дискусии и гласања или своеволни диктаторски одлуки пропишува санкции за одредени постапки, но ако никој не го види прекршокот никој нема ниту да биде санкциониран. Од друга страна го имаш сонцето кое постојано свети - како последица на тоа некаде водата ќе испари, некаде ќе стане посветло, некаде ќе се загрее воздухот и тн. Но сонцето не вели јас сега ќе изгреам за да испари водата или за да се раздени во Јапонија... тоа едноставно си свети.
    Доколку правовремено не било простено и замолено за прошка, и не било поправено било во текот на претходниот живот било во астралните подрачја (таму останува само можноста за покајување и простување) и доколку времето созреало за тоа, тогаш може да дојде до тоа.
    Но тие и не мораат да се родат 20 милиони пати на Земјава за да се ослободат од некое оптеретување (грев). Последиците можат да настапат и во астралните подрачја, но таму душите сето тоа го доживуваат далеку потешко и подолго бидејќи таму владеат поинакви околности отколку на планетава.

    Но, за разлика од некои источни но и њу-ејџ учења, Исус не велел батали го нека си страда, самото си е криво. Напротив Исус подучувал за несебична љубов кон ближните и за тоа дека едниот треба да му помага да го носи товарот (симболично крстот) на другиот, а не да спекулира дали кога и како згрешил тој што страда.

    Тука стапува на сцена како што беше кажано претходно - одговорноста на возрасните - како тие СЕГА, денес, сакаат да му пристапат на детето? Ако тие се водат според златното правило „Она што сакате да ви се прави вам, правете им го и вие на другите„ и обратно тогаш би се раздвижила позитивна ланчана рекација и многу страдања би можеле да бидат укинати, без да мора истечат оптоварувањата од душата во физичкото тело.

    п.с. И токму ова знаење укажува дека среќата во крајна линија сепак лежи во наши раце, не во рацете на „боговите„ или статистиката.
     
    Последна измена: 4 септември 2017
    На Daern му/ѝ се допаѓа ова.
  18. clen1

    clen1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2016
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Машки
    Гледа Господ сите ќе го добијат своето кога ќе дојде времето
     
    На Bitter-Sweet и Nalutena1 им се допаѓа ова.
  19. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Едноставно е. Правиш лошо некому, а во животот е природно и тебе некој да ти направи лошо. И се казнуваш сам себе со болка и страдање поради тоа што ја гледаш сопствената сенка во другата индивидуа. То ест, мразејќи го другиот го мразиш неговото дело што тој ти го сторил бидејќи и ти си потенцијален сторител на истото. Совеста те казнува поради нешто што како фантом го имаш скриено во себе и не сакаш да работиш да го подобриш тоа со добри дела.
     
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Зборувате како да има некаков ред и поредок во животот, а светот е во хаос, правдата е минимална... ајде кај животните барем функционира правилото на посилниот или побрзиот, ама кај луѓето ниту најсилен, најпаметен, најубав или најдоблесен, не ти е никаква гаранција за ништо. До кога ќе се залажувате со фантазии? Дали немате капацитет да се соочите со реалната слика, или ви е полесно на другиот начин, не знам, не е ни важно... Какви тоа души, какво право на избор, какви еднорози? Кој сака да му биде лошо? Кој избрал да се роди со гените кои ги има, кој избрал да биде психопат, кој избрал да стане некаква жртва, кој избрал да се разболи? Знам пример на починат од рак што живееше на здрава исхрана, спорт, вежби, медитации... Се сами сме си правеле себе, абе ајде...
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.