Точно. Никој не избрал дословно така да му биде! Меѓутоа индиректно и несвесно тоа го прават многумина. Сите тргнуваат од тоа да им биде добро или подобро и комфорно, но во потрагата по среќата многумина не ја согледуваат поголемата слика и при тоа прават грешки, на пр. им прават штета на другите но себе си не се препознаваат во тоа туку исклучиво ја бараат вината кај останатите. Оние кои ја согледуваат целината (на пр. ангелите, вистинските Божји пророци и тн.) сè што можат да сторат е да им укажат и да информираат дека тоа не би требало или би требало поинаку да се прави, но ако некој не сака да ги прифати и примени укажувањата затоа што цврсто се држи за своите сфаќања и претстави, тогаш тие укажувања одат „во ветер„. Тоа е како кога некој патник водичите или месните жители го предупредуваат дека по таа пруга или пат не се стига во одредено место или дека е дури и опасно, но тој/таа се убедени дека знаат и можат подобро, или дури воопшто и не сакаат да ги сослушаат бидејќи тие не ги признаваат или не им веруваат. Е сега, иако тој/таа не сака, нема желба да страда, поради упорното движење по погрешна патека (по одредено време) се губи или паѓа во „провалија„ т.е. страда. Но страдањето не е казна од укажувачите, ниту е статистичка случајност. Тоа е последица на направениот избор. Патникот не сакал да се изгуби, не сакал да падне во провалија но поради упорното следење на својот избор тоа завршило со таква последица.
Човекот сам на себе си е казна, кога се чувствува казнето, нормално. А кога се работи за Бог, останала народната "од Господа казнет си."
Јас првите 17 години од животот го поминав во планина крај блиска шума со моето семејство... Интернет добив откако се преселивме во градот .. и не знам што е тоа Господ ? Инаку според тоа што го знам сами си се казнуваме.. зарем не сум во право ? П.С. Што ти е турено у мозокот низ таа призма гледаш
Не! Прво се додека гледам со свои очи неправдини за мене господ не постои! Пред некој ден мојата сестра го видела наш роднина во нашиот дом како краде , успеал да го украде едно наше непроценливо богаство , значи нештото немаше цена , тоа беше спомен .... Се би дала да ми се врати тоа .... А нашиот роднина е богат , децата све средени цакум пакум , све му е средено но е ненаситна личност .... Но постојано оди по цркви , оди да се причести ..... И ке ми кажувате за некаква божја казна или за некаков господ пфффф Се додека гледам вакви неправдини не постои ништо горе!
Па, што верник, е тој, убаво си пишува во десетте Божји Заповеди, меѓу кој и не посакувај она што е туѓо. Ако чекаме ние Господ да ги казни, нечесните, каде ни е крајот. Туку, си има институција за тоа, ако тој тврди дека не го украл он, си има вештачење, отисоци, Крим Техника, Судот ќе цени дали е он крадецот или не. За нашиот народ само Суд. Никој друг не ги решава овие неправедности, оваа злоба и пакост.
Сестра ми го фати на лице место но тој веке си го пикнал некаде во палтото , од после пребарувавме што има земено и го немаше тоа што го баравме . Не повикавме полиција бидејки сме блиски роднини и да не ја правиме големата ,а и не му е прв пат да кради од дома , само што сега го фати сестра ми Па божја казна е темава , каква казна какви бакрачи
Ја скоро имав направено една неправдина. Извини што поради таквите како мене твојата верба во Бог е загубена. Ме интересира, дали ти имаш направено неправдини во животот?
Немам крадено до сега , а и од сега не планирам да украдам , посебно нешто непроценливо , така сум воспитана! Свака ти част што оправдуваш крадење на нешто непроценливо , и со едно извини ке го решиш проблемот Ако имало господ зошто непроценливото не ми се врати назад? Јас верувам само во она што со свои очи ке го видам , не сум имала никогаш верба за да сега ја изгубам , немам докази дека такво нешто постои . Темава е божја казна , а не како сте изгубиле верба , го наведов примерот за да докажам дека не постои божја казна.
Се е до воспитувањето од мала возраст, како единката ќе ги прифати моралните норми и вредности и какво влијание ќе има надворешната средина на нејзиниот развој. Вината што некој ја чувствува за сторена неправда е емоција. Таквите што не чувствуваат вина и прават дури и потешки неправди се нарекуваат социопати и психопати. Постои и нешто што се вика момент на афект. И за се ова се одговара. Постојат казни, а ги спроведува државниот систем, а не Бог. И истиве, најчесто се неправедни.
Имај трпение и гледај... Порано или подоцна се враќа. Јас денес се уверив, ни на душман не би му посакала и покрај тоа што личноста е гад! Барав врски во болница за негова блиска. Иако не се мирисаме воопшто, многу ми беше жал, но ова е низа од казни што ги добива и не е свесен. Не сум само јас "жртва" на овој бездушен, но јас барем не му посакував лошо ама ете...
А кого да го казни госпо и зошто? Како јас да имам дете, да не успеам да го воспитам, да не му го пружам потребното, потоа згора на се, да го казнувам. Не би било тоа виновно ако забега, туку пропустот е мој.
Па биди упорна, врати си го. Ако има верба како што викаш ќе се замисли. Ако си 1000% сигурна дека е тој. Тој што сеел тоа ќе си жнее.
А само крадењето ли е неправдина? Немаш ни излажано? Не си била себична до сега? Немаш никого искористено за нешто? Воопшто никого не си повредила било со збор или дело?
Едно е, пример, да украдеш за да ограбиш, друго е да си клептоман. Интересно ми е како госпо си поигрува со некого, уништувајќи му ја психата, а потоа преку него си игра и со другите... господ ... зарем уште верувате во такви работи...
Се истрошија камењата изгледа ЕвАнгелос нели беше ти закоравен атеист од кајгана што наеднаш ги искушуваш истомислениците да се преобратат во верници? Прашањето е дали Господ казнува.Јас би прашал дали казнува на овој свет,или ќе пати некое мое внуче,или јас памтам зашто пра-дедо ми заклал 4 турчина на спиење. Нели гревовите ги плакаме на оној свет?
Поентата ми е дека никој од нас не е безгрешен и сите ние сме обични грешници секој на свој уникатен начин. И наместо да се буниме зошто Бог не ги казнува грешниците, подобро е да благодариме што не не казнува нас и што ни дава уште време и шанси за покајание. А Суден ден ќе има. Во Библијата пишува: „Господ нема да задоцни со својот суд, како што некои мислат, туку долго време трпи, бидејќи не сака да изгинат некои, туку сите да се обрнат кон покајание” (2 Петрово 3:9, Библијата)
Кога дете во прво одделение ќе го прашаме колку се два плус три, тоа спремно ќе одговори пет. Но, ако го прашаме колку е два минус три, веројатно ќе мисли дека се зафркаваме со него, бидејќи тоа нели на негова возраст не е можно. Аа не сум јас толку мал, не ме зафркавај, ќе ни рече. А за само неколку години истото дете, лесно ќе го знае тој "невозможен" одговор. Така е со многу вистини. Добро е да не се негуваат предрасуди, добро е секогаш да се обидеме за миг да бидеме во "кожата" на оној кој го осудуваме, да барем видиме дел од неговата вистина, која во целост му е позната само на Бога. Тоа не значи дека тој што го осудуваме не е за вистинска осуда, само ни помага да добиеме мало смирение. Со тек на време ако правилно расудуваме, често можеме да видиме како Бог казнува или можеби поправилно е да се каже опоменува. Бидејќи вистината се открива преку срцето, но тие мигови на свесност лесно можат и да исчезнат ако не се трудиме да ги живееме. @Justicija ако тоа непроценливо како спомен е нешто што само тебе ти припаѓа, зошто некој друг би го посакал? Или станува збор за заеднички спомен или е непроценливо материјално во прашање? Секако дека не мораш да одговориш, не се обидувам да го оправдам сторителот, само се обидувам да погледнам од неговиот агол, да разберам што некого би го мотивирало да украде туѓо "непроценливо" освен ако не се работи за материјална добивка, која е секако помалку битна, во крајна линија.
А кои се тие некои што Бог не сака да изгинат, а напротив гинат други, невини? Некој нема време ни да се покае, оти несреќи. Родители остануваат без деца, сестри без браќа и обратно. Постојано елемнтарни непогоди, насекаде. Што е со тие што не успеале на покајние? Што е со неправедната смрт? зарем не е вината во нас самите?