Ситните риби ги казнува, крупните богами не. Е сега пошто мислам дека Господ не се "занимава" со казнување, а сум практичар, ќе кажам дека големите грешници се големи затоа што им се може и затоа што нивната моќ им дозволува да си грешат. Можат да направат кривично дело и да поминат со казна - изгуби се од јавноста на некое време додека заташкаме. Можат да направат и прекршочно дело и делото никогаш да не дојде до суд. Така да, кога закон не ги фаќа грешниве ѕверки, на нас ни останува да си дискутираме и веруваме дека Господ ќе ги казни. Е, со самото тоа ние ситните се казнуваме сами и живееме чекајќи. Тоа се вика немоќ.
Јаа не можам да сватам како "големи верници " оправдувате крадење ??? Предметот ми е алат од пред 30 години спомен од таткоми , тоа не беше од крадецот роднина !!!! Јаа не можам да сватам како оправдувате крадење ?; И тоа не станува збор за некој сиромав што би крадел за парче леб , туку за богат и лаком човек ! Па логично е кој е на страната на крадецот и тој да е крадец , друго не гледам јас Знаеш што ? Не замарај со глупости ! Јас сакам да ми се врати тоа што е мое!!! И не сакам да му гинат децата заради неговите гревови , тие не се за ништо криви , сакам само нештото да ми се врати назад !
Не го оправдувам секако, помислив дека станува звор за заеднички спомен, а и во тој случај не би оправдала кражба. Жал ми е што те разжестив уште повеќе. Сигурна сум дека со тек на време ќе бидеш сведок дека сторителот кој толку те повредил, ќе биде казнет. Одењето во црква не може да го заштити ако предизвикува болка околу себе. И јас не сум "голем верник", само верувам поради лично доживеано..
Интересно е како сте спремни да користите вакви аргументи кога се работи за крадец, а одбивате истите да ги искористите за хомосексуалци.
Не оправдувам кражба. Цитатот е во врска со темата. Хомосексуалноста како и крадењето е страст, а против страстите треба да се бориме. Тоа што како човек можеби и ќе го сакам и разберам оној кој е воден од некоја страст, не би смеело да ми биде пречка да го кажам она што е погрешно.
Не кажав дека оправдуваш, туку дека решаваш да ја спомнеш целата работа со (не)осудувањето. Случајот е свесно крадење, а не клептоманија. Никако не смееш да го ставиш во ист кош со обична љубов. Но дури и да се работи за клептоманија, самиот факт што си спремна да ја извадиш картата ,,не осудувај" за крадење, нешто што е забрането во десетте заповеди, а не сакаш да ја извадиш при муабет за хомосексуалци, кажува доволно за твојот двоен аршин.
Jas mislam deka ne toa se babini devetini ke te kazni gospod jas sum videla mn nevini luge sto patat cel zivot i nekoi kriminalci sto uzivaat.
Твојте очи шараат некои нови бараат, има Господ верувај, ќе ти плати се ..... . .....друже, се надевам нема да го сфатиш постот мој во негативна смисла
Јас мислам дека вака на пример не казнува со повредување физичко или пак губиток на богатство и сл јас мислам дека казнува само душевно дава душевна болка на грешниците.
Не сакав да отварам нова тема мислам дека мислењето е соодветно за овде. Пред одредено време случајно наидов на едно видео кое што е сведоштво на бивши сотонист. Од видеото можеме да заклучиме дека очигледно е дека многу луѓе се во заблуда за тоа дека духовноста не постои, односно не постои Бог и Ѓавол. Од видеото исто можете да заклучите дека Бог нуди спасение и вечен живот бидејќи не' сака и умрел за нас. Не сме на овој свет за :„Животот е еден проживеј го прави што сакаш еден ден ќе умреш и тоа е се.“ Многу е подлабоко значењето на животот и треба да го живееме на најдобар можен начин за самите нас и за тие околу нас. Страшно е како делува ѓаволот и преку што се служи и низ што поинуваат луѓето кои му служат него. А ние мислиме дека Господ казнува. Страшна заблуда и невистина. Свестете се луѓе постојат зли духовни сили кои се насекаде околу нас и поради тоа се случуваат болести, страдања, убиства, пијанчења, наркоманија(секаков вид зависности), проституции, самоубиства па и самата смрт... Ако не се држиме до Христа ќе не уништат овие зли сили. Бог дава надеж, сила, радост, љубов, милост, спасение. Кој ќе разбере што сакам да кажам ќе разбере, а остнатите размислете.
@worrieddd Правиш разлика меѓу изворен сатанизам и окулт? Ова што ти го имаш постирано нема врска со постулатите на сатанизмот како филозофски правец. Доколку малку се информираш ќе сфатиш дека во сатанизмот воопшто не е споменат ѓаволот како натприродно суштество. Ниту теоријата а ниту праксата се занимаваат со тоа како е претставен во митологијата, Талмудот, Тората или стариот библиски еон. Дури не го ни потврдуваат неговото постоење, што е сосем спротивно од изјавата на соговорникот во видеото.. Сатанистичките обредни дејствија не вклучуваат жртвување. Всушност сатанистите себе се сметаат за ,,Богови" и се декларираат како Itheist(и), (бар повеќето). Ова вака, чисто од култура да знаеш. И читајте ствари, не штети.
Како знаеш(болдираното)? Пола од ова што си го напишала не разбирам и не знам ни што воопшто сакаш да ми потенцираш? Јас верувам во вакви сведоштва, а и сум имала тешки ситуации во животот каде што имам лични искуства како Бог ми помогнал да се справам со некои работи и мисли од сопствениот живот кои ме мачеле и ме правеле депресивна. И сум ги победила некои работи не сама, туку со Божја помош. Општата култура не мора секогаш се да опфаќа. Пола од популацијата не знае основни работи од општа култура , а не па вакви духовни работи. Луѓето, па и јас, многу работи не знаат, туку треба малце да ги проучат. Го споделив ова бидејќи не мислам дека Господ казнува, туку дека избавува. А тоа казнувањето т.е страдањето на луѓето го прави некој друг.