Зошто тогаш го превземале името на ѓаволот? Зар не е најблаго речено,чудно,такво релативизирање? Кобајаги се поигруваме,нели? Ние сме атеисти,не веруваме ниту во Бог ниту во Ѓавол. А вистината е секогаш едноставна. Доброто е добро,злото е зло. Со обреди или само како филозофија,се знае што е сатанизам. Иако,можеби многумина во почетокот и не знаат на кого му служат.
Колку пати треба да се спомене дека идејата за сатанист е векови постара од Лавеј и неговата црква, за конечно да разберете дека не полага основаната во 1966 - Church of Satan, авторско право врз зборот? И во денешно време разни поединци самите себе се доживуваат како сатанисти, притоа не водејќи се по концептот на Лавеј. Ниту па мора(ло) да бидеш и да се сметаш за сатанист за некој така да те оквалификува (историјата изобилува со примери).
Вистина нека е.Но,кога ќе ги проучиш нивните основни начела,каде што себе си се ставаат на пиедестал,исто му доаѓа.
Според светогледот на христијански верник, веројатно му доаѓа исто. Но, ете на пример, Лавеј се оградувал од жртвување живи суштества како ритуал, што пак некои личности со психички проблеми, поттикнати од лични убедувања, го направиле во чест на Сатаната (не знам оти е толку тешко да се сфати дека на планетава има секакви луѓе?)
Не е воопшто тешко да се сфати. Таткото на лагата секогаш нуди најразлични,заводливи соништа. Тешко е да му се избега. Иако најчесто не сме ни свесни за тоа,најлесно е негирај и зграпчи само,што повеќе,па уште малку...живот...
Епа во тоа е работата, добро би било прво вистински да се информирате пред да влезете во дискусија. И мене до не толку одамна поимот сатанизам ми звучеше како чисто зло, ме асоцираше на жртвување, убиства и сл. Откако читнав малку објективна информација (секому достапна на Интернет), го сметам тоа за религиска определба исто како и сите конвенционални големи цркви - секако, не се пронаоѓам ни во него како ни во другите, бидејќи не верувам во натприродни господари. Дел од аргументи и сатира во видеата на еден атеистички канал на јутјуб што го следам е токму оваа интересна „логика“. Како тоа секогаш само позитивните исходи му ги припишувате на Бог, а за страдањето во светот (макар и на мали невини деца) - човекот сам си е индиректно виновен?
Зборот може да се толкува на повеќе стари јазици. Така на пример, ,,satanama" санскритски значи вистина, на хебрејски значи спротиставеност, непријател итн. Целокупната идеја за постоењето на отелотворена, крајно зла фигура ѓаволот започнува да постои од времето на создавање на Католичката Црква. Целиот тој концепт (ѓавол/сатана/демон) и неговата функција влече корени токму од постоењето на Христијанството, и никаде на друго место. Црквата со цел да ја поништи валидноста на другите многу постари религии од неа започнува да етаблира нови правила и природни закономерности во кои место му наоѓа и на..ѓаволот. Пред нив како референтна точка ја имаме митологијата, сопоставеноста на доброто и злото, (дуализмот), Демијургот, но никаде, апсолутно никаде пред почетокот на Христијанството не се спомнуваат ѓаволот и пеколот. Ние пред ренесансното доба немаме oпис на пекол со оган. Немаме цртежи каде луѓе во котел со оган, а притоа истата таа фотографија/резба да биде корелирана со идејата за тоа како изгледа пеколот. Инаку, буквално цел свет почива на дуалистички принципи. Не е само религијата овде проблем. Никаде нема да најдеш крајно добро и крајно зло. Прашањето за пролиферација на злото во светот, и прапочетоците за негово основање се многу по сложени од тоа што ние се обидуваме да го претставиме. Повторно ќе кажам - сатанизмот не е окулт. Не служат никому, не постојат ниту Бог ниту ѓаволот, како ниту една натприродна сила во нивната литература. Вие одличувате дали ќе го поминете животот во илузија плашејќи се од непостоечки фигури кои не постојат. Јас не можам и не смеам да ви судам, можам само да ве советувам, изборот е ваш.
Не ме сфати. Не ми е баш најлесно да се разберам со вас зашто почнав повеќедимензионално да гледам на овие теми , ама во случајов не пишував од духовен агол. Во многу теми сум го забележала истото, негирање на овие последните кои ги спомнав, такви кои се способни да убијат поради оданост што си ја зацртале во главата кон Сатаната* - некои форумски членови се однесуваат како тоа да не се случува и да не постои, мислам дека гледаат оптимистички на светот и тешко им е да исперцепираат до каде може да забега човечката психа. *Да прибележиме дека многу повеќе луѓе се убиени заради преданост кон Бог, но и тоа е можеби дискутабилно во зависност од светоглед.
Не ти помогнал Бог, си помогнала самата себе со плацебо ефект - убедувајќи се дека непостоечка Божја интервенција те спасила од страдањето. Млада си, но од друга страна игнорантна и своеглава. Сатанизмот теориски а ниту практично не подржува жртвување на луѓе и животни. Прочитај што пишува во нивното изворно учење! Не може да постои филозофски правец а истиот да не се етаблира во праксата на поедина религиска група. Што значи ако во литературата пишува дека треба да се жртвува живо суштество - се жртвува, ако пишува дека не смее да се прави тоа - не смее. Сите оние кои постапуваат спротивно од законите на светите книги од кои учат не ја следат религијата, и не може да се наречат сатанисти. Ако постои жртвување тоа веќе е не е сатанизам туку се граничи со окулт и магика. Уште еднаш ве молам читајте изворна литература. Ќе ви предложам по ЛП од каде да се информирате, само не пишувајте вакви глупости. Сфаќам дека сте млади, ама сепак.
@Nigredo Odor благодарам што одвои време да ме подучиш,но јас веќе бев таму каде што си сега ти. @sjdgo јас на подфорум религија,само од духовен агол гледам.
Не мислам дека го знаеш сето ова што ти го пишав. Мислам дека не само што немаш поим туку си и игнорантна. Кога вистински би знаела не би се цитирале.
Каде тоа си била, а сега не си? Девојката објективно ви кажува факти, од информативен аспект на филозофија. Очигледно ти и Ворид ниту ги знаете, ниту порано сте ги знаеле И атеистите сме биле каде што сте вие, т.е. верници (во никој случај толку навлезени како вас, но нема врска). Ништо не посочува ова, не го користете како аргумент Патем, секако дека сме свесни оти има психопати што во дејствување како окулт жртвуваат живи суштества, ама поентата е дека тоа нема врска со ниедна изворна верзија на религија, дури ни сатанизам. Единствено што тврдиме дека не постои се натприродните суштества, т.е. и Бог, и ѓаволот. (Исто како што во темана за магии поентата е дека магиите немаат реално дејство, а не дека не постојат затуцани и злобни луѓе кои пробуваат такви ритуали за да наштетат некому.) Во прашање се агресивност, психички пореметувања... за кои нај cringy е кога потоа широка народна маса ќе заклучи дека се случува оти светот се оддалечува од црквата, оти младите слушаат рок и метал и слични глупости. (Малку се забега оф-топик, кога ќе ѕирне Лелка нека премести каде што треба)
Сатанизам и Луцеферизам се само други имиња за паганските религии што постоеле пред ширење на христијанството во Европа. Термин креаиран од Црквата за сите следбеници на паганизмот. Мислам овие сега што се нарекуваат сатанисти се само едни обични дебили и attention whores фрикови.
Никој не може подобро да те научи од личното искуство. Знаењето не ти значи ништо ако не го примениш во пракса. И да сатанизмот е зло(по мое верување), само што најверојатно уште не си сретнала такво нешто во буквалното негово значење. А ти не веруваш туку само собираш информации. И тоа е во ред. Сите знаеме дека повеќе не влечат лоши работи, само лошите работи во однос на добрите ни запаѓаат во око кога нешто се случува, додека да правиш добро сигурно доаѓа од тоа да не му мислиш на никој зло , а Бог сигурно прави во нас да сакаме и правиме добро. Јас воопшто немам потреба да се убедувам туку јас верувам дека не сум сама на овој свет(духовно гледано) т.е дека Бог постојано ме гледа и ме заштитува и ме слуша кога се молам и барам помош. Верувам дека воздухот, водата, човекот, животот итн се дело на Бог во кој ти не веруваш и дека од неговата љубов зависиме сите. Јас бар тоа што го кажувам го верувам. А ти во што веруваш и што почитуваш? Немој да ми даваш знаење кое можеби јас делумно ,гледајќи од твоја перспектива, го имам. Но, гледајќи од моја перспектива ти немаш ништо од она што имам јас, а можеш да го имаш. Не знам како заклучи дека сум игнорантна?
Зарем така не гледаш на другите подфоруми? На другите животни сфери? Сепак, ако постои духовниот свет, а ние сме духовни битија, оваа тематика е насекаде... Инаку, не само поединци, постојат групи и редови сочинети од поединци - теистички сатанисти (на сатаната гледаат како на реален ентитет и божество), многу мразам изигрување просветител на форум, има литература, истражете самите. И за крај, жртвување луѓе е нелегално, само глупак може да пласира такви идеи и практики.
Ми се чини,веќе спомнав дека под сатанизам не подразбирам исклучиво ритуали сатанистички,за кои право да ти кажам,само се шушка одвреме навреме,во вид на сензационалистичка вест обично. Не би ни сакала да завлагам многу во таа тема,дури тогаш би била етикетирана од сите кои поинаку мислат,а секако се побројни. Како и да е,свесна сум дека наспроти заедништвото со Бога,стои човековото его,кое понекогаш е толку силно,што верува дека и планини може да помести. Се е тоа сатанизам,теистички,атеистички,филозофија,ритуал....се е тоа негирање на Бога,во корист на човека,во корист на глорификација на физичкиот свет. Инаку немав намера да изигрувам просветител,туку не ми е јасна таа потреба да останете само истомисленици ,атеисти на подфорум религија.
Одвоен е пасусот од репликата за тебе, пишував општо, не за тебе конкретно. По грешка се препознаваш во се што ќе напишам. Јас потполно ги разбирам твоите стојалишта и никаде не ти контрирав.
@sonuvana Мене ми се чини дека вие немате елементарно познавање од филозофски правци и концепти, иако тоа не ве спречува да пишувате неповрзани работи.. Секоја индивидуа со просечна интелигенција поседува его - јасство, (не е ова прикладен македонски термин, но го пишав за да може подобро да сфатите). Кога човек нема его значи дека нешто сериозно не е во ред со неговите механички, физички и биолошки процеси. Зошто за истите да бидат функционални и одржувани во рамките на егзистенцијалниот процес е потребно да се има его - свесност. За да ти биде појасно, ќе пробам да објаснам на што е можно поедноставен начин. Да почнеме од тоа дека ти имаш его, јас имам его, или просто кажано, сите ние на форумов и надвор од него кои имаме доволен интелектуален капацитет да сложиме неколку просто проширени реченици поседуваме его. (Пред да ме демантираш, имај обзир дека не зборувам субјективно и на памет, туку психологијата потврдува сешто е напишано). Егото е склоп на идентитет кај еден човек. Егото го одредува себе почитувањето, самодовербата и сликата која еден човек ја гради за себе. Што значи егото зависи од човековата евалуација и свест за сето она што го опкружува во околината. Всушност, проблемот со егото, не произлегува од неговото постоење, туку од медиумската пропаганда и корелацијата со злото и хедонизмот како најразвратни човекови карактеристики качени на пиедасталот на хиерархиската пирамида. Таквото медиумско истапување оддава впечаток дека човековата свесност (егото) за сешто нѐ опкружува во материјалниот свет е одлика на зло, а тоа е една многу невистината, лицемерна медиумска агенда која очигледно повеќето ја голтаат, иако е тешка небулоза. Зошто знаеш, кога не би биле свесни (или како што веќе рековме - кога би немале его), нашето постоење и светот каков што го знаеме и градиме не би постоел. Бар не во облик каков што го знаеме денес. Сите овие погоре споменати религиски правци и групи кои ги имаш набројано, во основата на учењето драстично многу се разликуваат едни од други. Сепак, заедничко за сите погоре, со исклучок на атеизмот (кој не е религија) како ни филозофијата, е дека претставуваат доктрини кои не се егзактни но, тоа и понатаму не ги прави помалку вредни за студирање и учење. Теизмот претставува верување во еден Бог кој според теистичкото учење претставува единствен создател и двигател на светот. Наспроти него, сатанизмот претставува учење во кое самиот човек - ученик (сатанист) претставува сам свој Бог, и се декларира како Бог. Како што веќе спомнав и претходно, сатанистите не чекаат Луцифер да се спушти од небото или да се воздигне од земјата, од една едноставна причина, затоа што не веруваат во неговото постоење како натприродно суштество. Сумираниот заклучок е дека медиумите во соработка со Холивуд ве натераа за сатанизмот да мислите дека е директно поврзан со ѓаволот и злото, иако тоа е далеку од вистината. Сатанистичките религиски стази и дејствија се засноваат на личен напредок, без притоа да некому нанесуваат физичко зло. Во ниту еден сатанистички спис или псалм, нема да најдеш дека се одобрува било какво девијантно или деликвентно однесување кое е насочено кон другите. Тоа е така затоа што обрасците на конкретната индоктринација не го дозволуваат тоа. Секако, теориски и критички гледано сатанизмот како и сите религии впрочем, има свои не толку силни страни но дури и покрај тоа, повторно стои тоа дека се исклучени било какви ритуални дејствувања во кои е вклучено жртвувањето на луѓе и животни. А ако тоа се случи, веројатно припадниците кои го извеле жртвениот ритуал припаѓаат на некоја Западно - Афричка племенска група како племето Tonga или окултистичките секти - Santeria и Palomajombe, а не на Сатанизмот. Имено, овие две претходно споменати окултистички групи се едни од најозогласените бидејќи се мисли дека токму во нивните редови се случувале тие нечовечки облици на тортура за виша цел, како принесување жртви, горење, сечење на човечки екстремитети итн. Односно сето она што вие мислите дека е сантанизам, а не е. Секако, може да речете дека жртвувањето е одлика на паганизам, (богомилство), вештерсто но, не и сатанизам.
@Nigredo Odor Веќе ја заборавив поентата. Иако моето смушено,а твоето елоквентно и полно податоци (да му е мерак на човек да научи нешто),мислењето твое и мое,еднакво е некако. Мало недоразбирање само. Ти мислиш дека јас не знам,дека зад зборот сатанизам,понекогаш стои цела филозофија,која воопшто не ни верува во постоење на ѓаволот. А јас ти велам,ма сеедно ми е,бидејќи таа филозофија е секако спротивна на она во што јас верувам,премногу ја воздига човековата моќ и физичкиот свет ( најблаго речено ),а со самото тоа му служи на оној во кој ти не веруваш. Така да,тоа е.Да застанеме тука.Премногу би ми било уште и за она што не е филозофија,а го користи сатаниното име да пишувам.