Казнува господ, мене ме казни. Некои остава неказнети, калимеро нема правда али ништо не постигнувам ако се жалам.
Господ не казнува ! Самите се казнуваме со нашите постапки. И секогаш, ама секогаш другиот ни е крив. Ако добро размислиме ќе видиме дека самите сме си виновни за се. Плус, мислам дека 'казна' се добива и преку нашите предци ако правеле грешки, не напразно некои колнат до не знам кое колено. А, гледам мноштво луѓе само се жалат како правда немало, а самите тие не се гледаат што прават. Пример имаме една жена в комшии која само пакости прави и секој ден се жали по нас како била добра и таквите ко неа пателе.
Ова ми е најконтраверзната изјава од страна на духовниците. Зошто, и според што тоа е зол физичкиот материјален свет? Зошто секогаш се настојува да се стават во негативно светло убавините по кои сите ние копнееме, како храна, секс, гардероба, раскош? Навистина нема потреба да се ограничуваме во животот, секако додека тоа некому не нанесува зло и не ни штети на нас самите. Овде ќе се надоврзам и кажам дека многу погрешно е верувањето дека колку по скромен живот ќе водиме овде толку повисоко ќе бидеме рангирани во задгробниот живот. Што се однесува до воздигнувањето на човековата моќ во материјалниот свет таа најчесто не се случува поради отсуство на духовност. Баш напротив, во голем број случаи се покажало дека токму духовниците се најголемите шарлатани и имаат најмногу богатство. Додека оние духовници кои не го поседуваат истото се во заблуда дека не им е потребно. Материјалниот свет не е зло, мора да го сфатиш тоа.
Не се сите молитви добри. Ако не сте го гледале филмов тогаш гледајте го.Можеби е стар и интересен ама многу кажува за молитвите на луѓето.
Храна јадеме за да преживееме, а не живееме за да јадеме. Дека некој умрел од потреба за секс до сега не сум слушнала. Еве јас со ризична бременост преживеав речиси цела година. Таа "потреба" се притиснува од одвлекување на некое внимание, исто како со храната. Дали јадеш само леб или најскапа порција морски плодови, стомакот е полн. Гардероба, битно е да не си гол и да не ти е ладно. Самата кажа копнеж. Со години можеш да копнееш по невозможна љубов, на крај негативен ефект добиваш ти. Раскош можеш да имаш во изобилие, ама здравје не. Копнеејќи по сите овие работи и тежнеејќи по некои идеали губиш само здравје, било ментално или физичко. Кога човек ќе се засити од малку, тогаш ја сфаќа суштината на ситните работи, се радува како на големо нешто, а се плус е награда. Нема потреба од филозофии, се е толку просто и едноставно.
Чиви се овие правила, Божји? Кој го одредува квалитетот и квантитетот на хедонизмот освен самиот човек? Во дамнешното минато е разбирливо да не биле барани храната и комфорот, затоа што средновековието изобилува војни, глад и сиромаштија, но денес повеќе не е така секаде и нема причина зошто да се поттиснува стремежот за повеќе материјални добра ако постојат можности да се стигне до нив. Светот почива на материјални принципи.. Заврти се околу тебе, ќе видиш дека сè е материја. За некого една корка леб е доволна, додека за друг со поинакви потреби за дневен калориски внес може таа порција да не биде. Истото мерило важи и за останатите вредности. Не е нужно да се има огромно количество на сè, но нема потреба ниту од ограничувања. Човекот сам ги создал и наметнал овие правила и ограничувања. Поимот за среќа и илузорната перцепција за Бог немаат врска со тоа.
Пo страшниoт зeмјoтрeс вo Антиoхија, Златoуст му гoвoрeл на нарoдoт: “Гoлeми сe плoдoвитe на зeмјoтрeсoт. Пoглeднeтe гo чoвeкoљубиeтo на Гoспoда, Кoј гo пoтрeсува градoт и ја утврдува душата, Кoј ги кoлeба тeмeлитe и ги укрeпува пoмислитe, Кoј ја пoкажува слабoста на градoт и ја прави вoлјата силна! Сврти гo вниманиeтo на Нeгoвoтo чoвeкoљубиe: Oн пoкoлeба за малку – а утврди засeкoгаш; зeмјoтрeс – за два дeна, а благoчeстиeтo трeба да oстанe за цeлo врeмe; сe oжалoстивтe накраткo – а сe утврдувтe за навeк… Мајката сакајќи да гo oдвикнe свoјoт младeнeц oд навиката чeстo да плачe, силнo ја затрeсува нeгoвата лулка, нe за да гo пoгуби туку да гo исплаши. Тoчнo така и Гoспoдарoт на сè, Кoј ја држи вo Свoитe рацe Всeлeната, ја пoтрeсува нe затoа за да ја разурнe, туку да ги oбрати кoн спасeниe oниe (луѓe) кoи живeат нeзакoнски”. Eтe какo свeтитe Oтци, стoлбoвитe на Всeлeнската црква, знаeлe да гo oбјаснат чoвeкoљубиeтo Бoжјo и нeсрeќата, истo oнака какo и благoдeјанијата и нeсрeќата, истo oнака какo и срeќата. Да сe пoсрамимe ниe, кoи смe спoри вo благoдарнoста кoн Бoга кoга Бoг ни дава и кoга смe брзи вo рoптањeтo на Бoга кoга Бoг ни зeма. https://bigorski.org.mk/kalendar/maj/sv-apostol-andronik/
Затоа што е милостив, ни дава многу шанси да се покаеме.. Е кога ќе чукне тој час, после на кантар се, за сите.
Јас мислам дека секој сам си се казнува со направените постапки ако изневери ке дознаат ке го остават, ако убие ке лежи затвор. Така да веке во 21 век ова прашање е смешно како прво прашањето е дали постои Господ..
Бог е максимално толерантен и на сите би им дал нова и нова шанса, само се случува кога е лут и гневен, некој не толку виновен да си го однесе, иако од тој некој има каде-каде поголеми грешници.
Не казнува. Колку само неправди поднесов и никој не беше казнет. Напротив, јас го издржувам тоа што ми го правеа пред 10 години, тоа што се случувало пред 20..... Многу сум разочарана. Кога Бог би ми дал шанса толку многу добри работи можам да направам но Бог нема слух за мене. Понекогаш помислувам дека нема Бог но незнам зошто е тоа така некои без оглед на се да патат некои да се среќни ако не постои Бог за едните.л
Не може да те казни некој што не постои. Мислите само вие сте на светов и оние што ги познавате? Кој би можел сите да ве прати и да ви дели правда? Ако беше така зошто многу луѓе неправедно страдаат, а некои што не заслужуваат уживаат во се што посакале? Луѓето се казнуваат сами меѓу себе. Постои и некоја карма. Си сносиме последици за некои постапки и тоа е се.
Незнам според која религија ви се ова мислењава. Значи не можеш да знаеш една религија доволно само затоа што луѓето околу тебе се неракуваат верници и ти ги гледаш што тие прават. За да знаеш одредена религија доволно треба да читаш литература, да видиш што навистина е таа а не да ја споредуваш со суеверија и традиции.. Не, нашиот Бог не казнува, туку сами си бираме вечен живот. Ниту пекол ниту рај постои според Библијата, кој има читано знае. Луѓето сами се казнуваат помеѓу себе. Дојдени сме до тој левел каде што не треба да веруваме дека Бог ќе не казни. Има држави кои имаат толку нуклеарно оружје што целиот свет би можел одново и одново 5 пати да се уништи.. Не, не казнува Бог, самите се казнуваме.