Модератор: Дискусијата што следи на овој пост е одвоена од темата „Сакам да кажам...“. Тешко на сите кои бог ги чувал досега и отсега.
Никогаш не сфатив зошто имате потреба да сe земаат на потсмев со нечии верувања, дури не навлагаат во вашиот живот. Некоја награда за атеист на годината да не има? Комплетно исто ми е атеист што се потсмева со верници, како овие радикалниве верници што немаат допир со реалноста. Како да менува нешто во нечиј живот во што верува некој друг. Што беше толку погрешно и страшно во тоа што го пиша членката? Зошто не можеше да се одмине само?
Која си ти, не се сеќавам да те прашав за дозвола што да напишам ? ' Радикалниве верници што немаат допир со реалноста' , кај ја браниш, уште ја дотепа. Налудничаво и безобразно е у година у која милиони мртви брои планетата од разно разни причини, да зборуваш понизно како тоа некој од небото те чувал. Кој сака нека се навреди, не може помалку да ми е гајле.
Абе види, ти што се тригерираш нешто на верници, не збори ништо за неа, ни па имам потреба да ја бранам, не ја ни знам. Реално атеистите немаат никаков проблем со верници, дури не им навлагаат во живот. Јас не можам само поривот твој да го сфатам да се оправаш на форум заради реченица во пост. Тригер.
И јас не можам да го сфатам поривот твој да се оправаш на форум заради реченица у мојот пост. Тригер.
Некои луѓе никогаш нема да ме сакаат само затоа што сум верник. Ма какво сакање, за почит не може да станува збор. Ама тоа се само некои виртуелни ликови. Каков проблем имаш ти со мојата вера? Јас со твојот атеизам немам никаков проблем. Што ако пишав Бог да не' чува сите? Што е тоа што те заболе толку во реченицата? Дали толку имаш во себе омраза кон верници па не можеш да се воздржиш од такви коментари?
Јас малку поинаку го толкувам сето тоа, можеби и неа погрешно ја разбрав, мое видување. Не станува збор за верба во богови, лична работа е. Но џабе ти е верба кога активно придонесуваме за секоја природна катастрофа што ни' се случува. Не може никаков бог да ни' помогне и да не' чува, ако сами тоа прво не го правиме. Ќе се согласиш со мене мислам: лудо е да застанеш на шини и да го молиш бог да не те удри воз, нели?
Пред да барате да ве почитуваат вас, вашите избори и вашата религија, прво научете вие да ги почитувате оние различни од вас.
Многу пробвав да не коментирам за религијата, ама во последно за се имам некаков коментар и забелешка. Не сум сигурна ни дека е добра карактеристика ова. Јазикот пуштен ... нааа Секој треба да си верва во шо сака. И се дур секој нели си се штити, а не се потпира само на божја помош - нема зошто некое „Бог да не чува“ на крај на пасус да се земи толку трагично. Па за поситни работи го слушам дома. Едноставно се бара прибежиште за ментално и емоционално да можи да се прогура ситуацијата, во случајов, земјотресите кои не можиме да ги предвидиме. И сите ова прибежиште од емоционален и ментален аспект го бараме на различни начини. Дава мир и мислам то е најважно пред се, особено во стресни и трауматични ситуации. Јас не вервам можеби во ете, божја сила и Бог генерално ама сериозно сфаќам точно шо осеќаат луѓето кои веруваат зошто сум била таму и знам колку е силна и интимна таа врска. И нема смисла да се напаѓа некој зошто верва или да се напаѓа зошто смета дека Бог ќе го заштити или бара од Бог да го заштити. Се дур некој не повикува на омраза, немир и повикува на насилство - не сфаќам како своето верување е лошо, вредно за напаѓање, токсично etc. Е сега ако некој се повикува на омраза, немир и насилство, па и дискриминација во име на религијата - скроз на скроз би ја сфатила ваквата реакција. Ама вака не. Ова беше сакам да кажам 1. Сега сакам да кажам 2. Симпатијата ми е исто така психолог инаку, ко ќе се најдиме исти ... малку опасно е. И ми се смееше и ме анализираше за ова шо во последно никако не можам да се воздржам шо мислам. И сега оти мислењево го почнав со то дека не можам да се воздржам, ај трк да му кажам дека пак морав да се искажам да ми олесни. Ќе ми се смеј пак, ама тое.
Не е џабе верба. Веруваме во Бог, во неговата волја и промисла, веруваме дека не' чува. Не затоа што сме будали, наивни, глупи. Туку затоа што знаеме што е Бог. И кога е добро и кога е лошо велиме Бог да не' чува. Нормално, нема да застануваме на шини, ни да правиме сулуди работи, кај го најде примеров. Но има работи кои не зависат само од нас.
Точно, не зависат САМО од нас. Ама зависат. А докажано ние директно влијаеме врз сите промени во светот и ја уништуваме природата, што пак, се враќа на лош начин кон нас. Аналогијата е таа, бог нема да ти помогне ако стоиш на шини, ниту ќе ти помогне ако го уништиш намерно своето живеалиште. Не знам дали Лав на тоа алудираше, тоа е моја перспектива само.
He works in mysterious ways. П.С. Немам ништо против верници (сѐ додека не ми се мешаат) и нека си веруваат, ама имам и тоа како против сѐ што исклучува логика и здрав разум. Пример мој близок да настрада од нешто и некој да ми речи "господ така сакал" епа нема добро да заврши.
Бог да чува смеам да кажам? Да си знам однапред. Друго сдк...абе кај ме наоѓаат ликови кои се чиста спротивност на она кое што го ценам како квалитет? Ете, некои работи навистина не зависат само од нас.
Пред неколку години, се случи да преминам улица на зелено, нормално. Некој автомобил поминал со голема брзина на црвено и ми помина пред нос. Можеше да ме собере. Тоа дали зависеше од мене? Можеби, ако сум се движела побрзо, а? Вакви примери има куп. Ти зеде пример каков што ти одговара, стоиш на шини, го уништуваш живеалиштето, ја уништуваш природата. Затоа реков, нешто зависи од нас, нешто не. Некои утре ќе се разбудат, некои не. Тоа од кого зависи?
Hold your horses. Толку многу работи не зависат од нас, што не знам од кај да почнам. И тоа нема врска ни со религиозност, ни со верување во господ, просто тоа е факт. И ме мрзи да објаснувам таксативно ама 1 плус 1 не е секогаш 2, тоа барем ти е јасно. Друго сдк- луѓе на туѓи јазици некогаш се разбираат, некогаш ни на мајчин јазик не може да се разберат
Ама јас се согласувам. Тоа не значи дека треба без компас да живееме, без оглед дали и во што веруваме. Само тоа го кажав.
А мене пак најинтересно ми е кога ќе ми речат: "Биди ти добра колку сакаш, џабе ти е кога не си ни верник не си ни крстена, ќе гориш во пеколот".