А кој живее без компас? Јас ако кажам богдачУВА без компас сум? Узречица ми е бтв, бодгачува, да, како акцентска целост
Тоа не го реков, само кажав како го сфатив коментарот на Лав. Себе за пример ќе се земам, еве пушач сум, дебела сум. Ако утре добијам дијабет или рак на плуќа, што не мора да биде нели, ама си ги зголемувам шансите доста, кој ќе ми "помогне"? Ни бог, ни доктор, ако прво сама не си помогнам. Таа е корелацијата со секој настан "надвор од наши раце". Не значи дека нема да се случи, ама можеме да ги намалиме шансите со поодговорно однесување кон природата, навремено отстранување на дотраени градби, исфрлање од употреба на дотраени нуклеарни централи пример (баш за тоа читав денес) итн. Не значи дека нема да се случи, ама барање бог кога не сме си помогнале сами ин д фрст плејс е без врска. И да, иако атеист, и јас викам дај боже, и слично, нема врска тоа со религија, узречица е. Мислам се разбравме, ваљда.
Ама ако некој е верник не значи дека е несвесен за некои работи и дека верува само во прикаски. Значи, ние (поточно другата членка) се фативме сега за реченицата каде е спомнат Бог, значи некој има проблем со нечие верување. Од првичниот пост што ми беше полн емпатија и убава мисла, испадна некој да ме напаѓа затоа што спомнав Бог. Шта речи... а луѓето се или добри или расипани, или совесни или не, или чуваат или уништуваат, а тоа нема врска со нивните религиски верувања. Секакви примероци има.
Оф мори Каме. Да беше глобалното затоплување најголем проблем. Да, за дијагнозите делумно сме сами одговорни. Кој го тупи нсјмногу за дисциплина? Ама што кога не сме одговорни? Микропластика- ти значи нешто зборот? Нема врска со Бог, ама нема врска и со мене. Долги и широки... Ај, догодина
За ова се согласувам. Но ми е јасно од каде е револтот. Затоа себе за пример се дадов. Можам да седам и да молам бог да ослабам за да не умрам да ми помогне, или да направам нешто сама за да си помогнам. Ова ме засега само мене, ама кога еве да речеме за ситуација кај што некој треба да се казни, "бог ќе го казни" не е доволно, бараме и човечка казна. Се надевам се разбравме де
И во право си, секој води сметка за себе, не верувам дека некој што е верник остава баш се' на од Господ заштитата. Да не зборувам за другите мислења од типот, а што, Господ не ги чувал тие што умреле? Мислам, како демек ако некој е верник мисли бесмртен ќе е? Од мравка слон се направи. На крај краева не беше ни нешто негативно, ни па навредливо спрема некој тоа што пишала членката.
Така е. Само од моја перспектива реков дека го разбирам револтот, можеби Лав врска нема со моево и скроз друго мисли. Личен револт имам кога знам дека може на некој да се помогне, да се излечи, а тој ќе каже "оставам во божји раце" и ќе одбие. Секако дека има право на тоа, но ме погодува моментот на вербата во бог пред вербата во медицината тука, затоа што знам дека не мора баш да умре нели. Нема врска, скроз забегавме.
Како дојде до овој заклучок? Не, расипан си ако си полн со омраза и лоши мисли и им наштетуваш на другите.
Абе науката си е наука, сосема сфаќам. И така е. Не сакам и јас лични верувања кога ќе се испомешаат со факти. Пак ќе речам, не знам дали имаше некоја позадина контекстот, не знам ни кои се членките, ама делуваше од страна како претерана реакција.
Дискусиите за религија и атеизам никогаш немаат крај. За билдање его се и двете, кој е попаметен. Оние луѓе што упорно од петни жили пробуваат да го убедат секого дека бог не постои и обавезно ќе ти потенцираат дека се горди атеисти, се најчесто несвесни луѓенца стресени од бог, пошто тоа го прави религијата, ги стресува луѓето, за тоа е создадена, па тоа напорно убедување дека не постои бог, повеќе за себе си си го прават. Исто така, оние верници кои три чисти немаат од животот ама одат и на секого му зборат дека ќе гори во пеколот, се луѓенца кои верувајте ми треба да ги жалите пошто се полнички со гнев и убаво им е да зборуваат за страшни казни пошто само лошото го гледаат од животот, ни тие не живеат среќно и ни тие не веруваат во приказната што ја продаваат дека бог е љубов. И постојат трет тип на луѓе, што знаат дека не треба да коментираат нечие убедување и верување, го почитуваат секого и кога ќе ги запознаеш сакаш да се дружиш со нив пошто се многу кул
Мене не ми е јасно зошто многу верници се навредуваат ако го кажиш ова. Концептот за бог ми е глупост, не им велам нив дека се глупи. Исто како јас што обожавам рок музика и да се навредам ако некој речи дека рок музиката му е неубава и глупа.
Нема што да се навредуваат, за религија кој што сака може да си мисли, ама тоа што ти употребуваш "глупа" за нечие верување, повеќе за твојата култура зборува одколку за верниците, нели?
Никогаш немам употребено "глуп/а" за некој што верува и не мислам така. Како што реков, концептот за бог мене лично ми е глуп, без разлика за која религија станува збор. Воопшто немам проблем со верници сѐ додека не ми се мешаат и наметнуваат нешто. Некогаш и јас бев верник и разбирам.
И јас искрено не можам да разберам како луѓе може по оваа катастрофална година да веруваат дека некој одозгора нè чува којшто истовремено ако е семоќен логично е самиот да „праќа“ и вирус и земјотреси и сè, да мислат и заблагодаруваат дека баш нив ги зачувал додека илјадници луѓе загинаа и сл. Од тој аспект сфаќам од каде би идел револт на личности атеисти, посебно па ако изгубиле некој познат или близок. Ама па од друга страна и не може сечија психа да функционира исто и да се разбираме сите, а „да ве/нè чува Бог“ е навистина најчисто добра желба од нечиј поинаков мајндсет и речник и ништо повеќе, која лично не би ја протолкувала лошо и не би контрирала.
Знам, моето кажано беше за употреба на зборови ко "глупа" за нечие верување, што и да е тоа верување, и атеизам да е.
Постојат посоодветни зборови, на долго и широко е дискутирано во соодветните теми. Но сепак, верниците треба да научат да разграничат дека нападите кон религијата, не се лични напади кон нив. Во дадениов случај не коментирам, зборувам во општи дискусии. Можам да употребам најпогрдни зборови за религија - на пример за делот со воспитување со ќутек - и да кажам дека нечовечно, затуцано, бедно итн - тоа не значи дека го мислам и за верниците.