Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали Господ казнува?

Дискусија во 'Религија' започната од Mr. Right, 27 август 2016.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ако го поддржуваат тој дел од религијата, го мислам и за нив :D
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.062
    Допаѓања:
    268.812
    Иначе атеизмот е отсуство на религија, не е "друг вид" на религија.

    Атеистите не мора да имаат допирни точки освен една - не веруваат во бог.
    Апсолутно ништо друго не мора да имаат заедничко, што не е случај со религиите.
     
    На busybee, daylight, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  3. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Ништо не е случајност, се е дело на природата, на сопствените постапки, на сопствените сетила и перспектива. Од секогаш постоело верување во нешто семоќно со цел да се објасни непознатото. Целиот мој живот е производ на моето творештво, и доброто и злото. Мојата верба е сконцентрирана кон самата себе, јас сум свој Бог на сопствениот свет. Секогаш имаме избор, разликата е колку сакаш да се потпреш на себе за да бидеш одговорен за сопствените постапки. Полесно е да се потпреш на некоја виша сила и да го бараш одговорот, не е лесно да си препуштен сам на себе и да седиш на пат со милион насоки.
     
    На Ahoy, Elf, Herrera и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.376
    Допаѓања:
    126.350
    Пол:
    Женски
    Прво,да кажам дека не ми е целта да навредам некого.Само ќе го кажам моето мислење.
    Проблемот е што и едните и другите често не сфаќаат дека понекогаш мора да се бираат зборовите.Она што е кажано/пишано можеби за едните не е навредливо,но за другите е навредливо.
    И двете страни често претеруваат.
    Различни луѓе сме и имаме различни гледишта и мислења.Ни двајца атеисти мислат потполно исто,ни двајца верници мислат потполно исто.Првите може да се согласни во тоа дека не веруваат во Бог,но да имаат различни ставови кон верниците.Вторите може да се согласни во тоа дека веруваат во Бог,но да имаат различни ставови кон атеистите и верниците кои се од друга религија.
    Колку што не е во ред верник да му рече на атеист „ќе гориш во пеколот“,толку не е во ред атеист да му рече на верник „тешко на сите кои Бог ги чувал“,и едното и другото е потсмев.Потсмевот не е во ред.
     
    На Ahoy, busybee, Elf и 3 други им се допаѓа ова.
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.228
    Допаѓања:
    13.110
    Пол:
    Женски

    Заканата за верниците секогаш биле "верниците", никогаш атеистите. Христијанството си страда баш од "верници" никако од атеисти.
     
    На Luciferka, Biljarkata и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  6. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Требал подобро да го чува 12 годишното девојче вчера затрупано под рушевините у Хрватска.
    Волја му беше така? Ондак воспевате психопат.
    Или се додека твојот газ е на безбедно, добар е ?

    Неговиот план бил ти да живееш со тоа што си избегнала да те прегазат на улица, и исто така негов план и волја било 12 годишно девојче да биде столчано до смрт ?
     
    На Tan4ence и hermosa им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.801
    Пол:
    Женски

    20201231_012845.jpg

    Ако ти сметаат толку луѓе кои немаат допирна точка со тебе, во тебе ќе да е проблемот.
     
  8. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Што све прочитав? :fubar:
    За што потрошив 4ри минутки од мојов живот за читање? :drunk:

    Не ти текнува дека сега можеби на подобро место е?
    Волјата негова била таква.
    Добро ние "воспеваме психопат", ама затоа вие атеистите сте неверници.
    Колку сакаш навреди се тоа е реалноста .

    Не чува, семоќен е.
    Сите ние со текот на времето вака или онака плаќаме за грешките.
    Еве конкретно за вирусот, некои луѓе несвесно се заразуваат, додека пак други ги казнува на тој начин.
    Баш оние кои несвесно, или воопшто не го фатиле вирусот ги чува. Полесно ќе го поминат.
    Под несвесно подразбирам несовесни луѓе, коишто не почитуваат правила.
    Пр. Позитивни сѐ и се шетаат слободно.

    Друга работа.
    Јас имам право да верувам во што сакам и како сакам.
    Никој нема за право да се наметнува, навредува, и понижува со неговата религија и верување.

    Благодарам :)
     
    На Elf и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Дали си ти нормална ?
    Како ме навреди уф..
     
    На CameliaMiller и Asparagus им се допаѓа ова.
  10. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    А зошто да не бидам?
     
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.801
    Пол:
    Женски
    Ќе бидам избришана, ама морам ова. Ти само тоа мислиш, навредување треба. Те знам каков член си, се виде и мене како ме нарече, затоа знам точно на кој вреди да му се реплицира, на кој не. Ти одиш на лични навреди, секогаш го правиш тоа.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.432
    Пол:
    Женски
    Верувам у Бог. Мм верува у универзумот.
    Имаме дома вижн борд, си го следиме и фала богу доста работи си остваривме по него.
    Он плус си веруе у некои си буди што ја неам везе која е и што е, па ако почнам да ви раскажувам у што се веруе ќе речете скроз неарен е.:D
    Али мене баш ми е гајле шо рекол овој на фемина, комшијата или некој друг .8)
    ФАЛА БОГУ си иам некој кој ВЕРУВА у мене.

    П.с. вреѓање покажуе само скала на простотилук.
    Колку повеќе вреѓате толку повеќе си го покажуете лицето.
     
    На Ahoy и Elf им се допаѓа ова.
  13. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.585
    Она што мене ми пречи е кога на пример ќе се рече: каде беше Бог кога 12 годишното девојче беше столчено, тогаш нема никаков одговор, Бог не е виновен, тоа нема врска со него, злобата е создадена од нас и затоа такви работи се случуваат или уште полошо.. оти така сакал, така требало.

    А кога пример се работи за нас, кога ние ќе се "спасиме" од нешто или некој наш близок, тогаш се вели слава му на Бог, тој не спаси, тој ни помогна - заслугите му се препишуваат на него. Зошто?

    Јас не сакам да навлегувам многу во дискусии со верници, зошто некои од нив си го доживуваат тоа како личен атак доколку поставиш прашање за нешто, се спротиставиш на одредена констатација/верување и си дадеш аргументирано мислење за нешто, поткрепено со логика и факти. И ќе ти речат пример: Зошто Бог така сакал/доколку Бог или попот вели дека тоа е погрешно и не треба да се прави тогаш јас му верувам и не поставувам никакви прашања. И тука ако го предизвикаш кажаново, ти си против Бог, ти ги напаѓаш и навредуваш и нив и нивните верувања.

    Секако, не се сите верници вакви, со некого навистина можеш да седнеш и да дискутираш и двете страни аргументирано да си ги приложат своите мислења.
    За крај, секој има потполно право да верува во што сака и не треба за тоа да биде навредуван, понижуван, да му се заканува некој, но исто така треба да биде подготвен дека некој друг може да има поинакво мислење од неговото и истото да го даде, се разбира на културен начин.
     
    На SURF, Vittoria, LadyC и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ако е подобро, да отидеме сите?
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.085
    Допаѓања:
    12.825
    Mногу луѓе кои беа лоши, со години свесно и намерно нанесуваа штета на други, и мислеа дека се семоќни дојдоа до тоа да паднат ниско, да немаат пари, да се разболат, децата да им бидат несреќни. Навистина Господ казнува. Можеби доцни, но стигнува. Едноставно гледајќи го нивниот пример, не сакам да правам зло. Ако не сакате да помагате секому, подобро не нанесувајте штета никому, на крај сите плаќаме за грешките.
     
    На Ahoy, Elf, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Грешката што дел од верниците ја прават е што слепо се држат за догматското верување (дека Бог се лути и казнува, или дека си има некакви свои тајни причини) кое на посериозните боготрагачи но и на љубопитните атеисти не им нуди некои задоволувачки одговори по однос на прашањето зошто страдаме.

    Од друга страна грешката што дел од атеистите ја прават е што сите верници ги ставаат во ист кош и не продолжуваат да бараат одговор, бидејќи барањето одговор значи и да се одвои малку време и се слушне, прочита и научи нешто ново. Не сите учења даваат ист одговор, и не сите верници веруваат дека Бог казнува.

    За да може тоа да се сфати мора да се вклучи знаењето за причина и последица (Исус зборувал за сење и жнеење и дрвјата кои раѓаат соодветно на својот плод) а кое пак добива на смисла само ако се вклучи и правилното знаење за реинкарнацијата, имено дека човечката душа не живееме само еднаш и дека ние самите си дробиме во манџата која подоцна ја сркаме, а не Бог. Бог напротив, само дава опомени и ги покажува чекорите кои би можеле дасе превземат кон излезот од тој лавиринт на страдање.

    https://www.rec.co.rs/knjige/bozje-prorostvo/dusa-na-svom-putu-ka-savrsenstvu/
    Reincarnation - Life's gift of Grace
     
    На dayla, Elf, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Да. Бог е нешто како сеопшт механизам и самиот подложен на правилата кои ги создал, па кога негова жива креација не е во склад со нив, таа сносува последици.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Според погоре спомнатата духовна литература материјалниот свет воопшто не е Божја креација, затоа и содржи страдање. Тој настанал како последица од одвојувањето од Бога.

    Попрво би можело да се каже дека Бог е како Сонцето кое непрекинато зрачи, а ние со нашето однесување сме како фотоволтаични соларни панели кои е потребно да се насочат кон сонцето за да примаат енергија. Погрешното насочување или држење во сенка предизвикува недостиг од енергија а со тоа страдање во форма на судбински удари, болести, изложеност на елементарни непогоди и сл.

    Имено не е сонцето тоа кое одлучило да престане да свети, тоа си свети и понатака непроменливо, туку ние ги прекриваме панелите со нашиот погрешен начин на мислење, говорење и постапување и се чудиме зошто настапува сенка или темнина.
     
    На dayla му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Ако е така, што е со сите оние деца кои умираат?
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    А душите наши, чија креација се? Оти душата страда, тело без душа скапува.
    Заклучокот ни е ист, но не и начинот на кој сме дошле до него, што е помалку важно.
    Не е толку важно дали Бог казнува, колку да се стави крај на страдањата, а за тоа очекувања има во многу верски учења.
     
    Последна измена: 2 јануари 2021