Не е потребно, но бидејќи настанало поради оддалечување, истото може да се искористи и обратно т.е. за доближување. Во ред. Но ако имаш подобро објаснување, повели напиши. Со црковното христијанство нема, со изворното христијанство има многу.
Каде е тогаш божјата праведност? Зошто би требала ти да бидеш одговорна за гревовите на, да речеме твојата баба? Па баба ти не те прашала како да размислува и постапува, не си била можеби ни родена кога грешела. А кога ти страдаш, таа можеби е веќе почината па не може да те види како страдаш за „нејзините„ гревови. Таквите верувања дека Бог казнува па уште и идните поколенија потекнуваат од времето на многубоштвото кога луѓето не ги познавале доволно духовните но и природните законитости а и тоа малку што го знаеле згора на тоа погрешно го толкувале. Ако некои идни поколениа страдаат тоа може да биде само затоа што душите на тие луѓе веќе во некое од претходните отелотворувања ги поставиле погрешно работите. Последицата во меѓувреме зреела но кога конечно го донела својот плод, тие души веќе стапиле во нови тела во друга епоха и веќе не можеле да се сетат што некогаш правеле и во своето незнаење го обвинуваат Бог или лошата среќа.
Велиш дека Бог не казнува бидејќи е добар, но дека не интервенира да го спречи злото кое човештвото постојано си го нанесува....тоа не е своевидна казна? Како и да ја вртиме, на истото се сведува.
Директно не интервенира затоа што би се вмешал во слободниот избор на кое имаат право сите Божји деца. Но индиректно безброј пати се вмешувал испраќајќи опоменувачи - Божјите пророци. Тие ги објаснувале и живееле за пример божествените закони кои нудат излез вон страдањето. Меѓутоа на луѓето е дали тие опомени и објаснувања ќе ги прифатат и, што е најбитно, постапат според нив или не.
Бог е семоќен и сеприсутен. Само природата е семоќна и сеприсутна. Природните закони. Природата е Бог. ... за мене Не казнува, едноставно се случуваат нештата, според физички закони.
Или то, или ќе горат во пеколот. Нема искупување за нив Да не знај чоек дали да плачи, или да се смеј
А тогаш што сме јас и сите жени виновни за гревот на некоја си Ева да трпиме болки при пораѓај? Религијата е најголем непријател на жената, факт.
Или со пари се искупувале. Во социјалистичка Романија за време на диктатурата на Чаушеску (1970-1980те) жените кои по одредена возраст немале деца, биле парично казнувани - независно дали немале од лични или здравствени причини.
Се фаќате на збор? Има по светот толку напуштени или гладни деца, милостината не е ограничена како ни чинењето добри дела... Тоа си е твое мислење за жал, нема јас да те убедувам во спротивното нити пак ти мене. А најголем непријател можеш да си бидеш самата на себе а не религијата. Секако зависи од капацитетот кој го имаш да ја разбереш или не. Тоа ти е веќе екстремизам кој нема никаква врска со православието. Имало доста примери во историјата па и денес кои таквите цели ги перат со Божјата волја
Не ми одговори зошто сите жени се осудени да трпат големи болки при пораѓај само заради гревот на Ева? Не измислувам ништо, во самите верски книги пишува дека мажот е над жената и дека таа треба да ќути и да му биди покорна и послушна, ама тука веќе во друга тема се навлегува.
Да, баба Божица казнува кога како, злопамтило е и таа како мене, ама не секогаш има време да врати по мерка у пм. Али простено и е, јер божица, па за тоа каде таа не враќа и некој ми должи, јас си го враќам кусурот во дадена прилика. Долгови гледам да не оставам, во двата правци. Сарказмот на страна, верувам во тоа дека што ќе посадиш, тоа жнееш подоцна. Што даваш од себе, тоа доаѓа кај тебе. Ако мислиш и правиш пакости, како очекуваш спокојно да живееш?
За се во природата после акција има и реакција ете затоа. Со самото тоа што се протерани од рајот ја губат бесмртноста а со тоа доаѓаат и сите зла меѓу кои и болката. Меѓу тоа јас никаде не кажав дека се осудени на болка, туку е тоа дел од самиот процес, а Бог не дава повеќе од тоа што може да истрпиме. Јас мислев општо на целиот процес кој го носи родителството и одговорностите кои ги има жената а ти мислиш дека целата работа е да истрпиш болка на пораѓај? Друго е тоа што му е кажано на мажот и кои се неговите задолженија и маки кои ке ги има штом ја послушал жената. И уште нешто, во книтите кај мене дома меѓу кои Библијата пишува дека жената треба да го сака и слуша мажот, да го гледа како Бог, а мажот да ја почитува и љуби како црквата. Не коментирам за други учења и религии, а секако овој однос се постигнува со задничка љубов, смиреност и Божја стравопочит, која првично се учи кон родителите.
pa ne samo zenite trpat bolka pri raganje tuku i site zenki od rodot cicaci i tie li se "procistuvaat" od grevot na eva? ili (da ne e ) vo prasanje evolutivniot pat i razvoj? samo edno ne mi e jasno ..bog gi stvoril adam i eva (a i zivotnnite) i znaci na eva i adam im "obezbedil" zivot ko vo "raj" ama bez svest (neli duri otkako eva izela "zabranetoto ovosje" se svestila i videla deka e gola ,dobila svest, cuvstva itn ..sto bile pred toa? zivotni vodeni od instinkt? i aj ja "prokolnal" no sto pravime so zivotnite ? i zs zmijata ne ja prokolnal ? ili ne mozel toj vid ne se cicaci? a i dr me "maci" zs jademe jabolki ?
Се согласувам, тоа е воедно и злоупотреба на името Божјо. Површно гледано нема, но суштината е иста: жените се (наводно) колективно виновни за нечиј туѓ грев(било на Ева, било на природата) и морале да отплаќаат со раѓање. Од божјите објави дознаваме дека секој отплаќа односно жнее само за она кое самата/самиот го посеал. Разликата е тоа што жетвата не созрева односно не станува видлива секогаш веднаш, но тоа воедно дава шанса навремено истата да се препознае и искорени ако е лоша.
Не треба да страдаат децата за гревот на другите. Но, сум видела примери дека оние кои нанесувале зло, им се враќа. Знам семејство кое цел живот прави зло на други, се грабаат за една нива, како да е златна, а денес жената е болна, преживеа мозочен удар, иако се грабаа, на старост живеат од мала пензија, децата им се со лоши бракови, од 5 внучиња, 2 се со здравствени проблеми.
Прашања кои ме мачат зошто секој ден умираат по 8000+, деца од глад? Што згрешиле тие деца? Чиј тоа "грев" враќат? Зошто умираат млади деца од рак? Зошто бебиња умираат што згрешиле тие? Дали ако цел живот го живееш нездраво пиеш, пушиш исхраната ти е лоша а си верник кој ќе е крив ако се разболиш? А што правиме ако баш некој што цел живот го живеел нездраво не се разболи а тој што пазел се разболи? Би сакала искрени, разумни одговори не од типот епа така требало да биде оти тој знае што прави.
Бебињата баш дека не згрешиле ништо, тие ќе го наследат Божјото царство. Исус рече: ‘Оставете ги децата и непречете им да доаѓаат при Мене, зашто на такви е царството небесно’“ (Матеј 19,13-14) Повеќе треба да се жали некој возрасен што не ја следи Божјата волја и си ја тера својата и своето его, бидејќи тој пат води во погибел. Никој не живее засекогаш. Еден ден сите ќе треба да одговараме пред Бога. Со болестите многу луѓе се спасиле и се во Царството Небесно. Што ќе ми е убав живот овде на земјата ако во вечноста сум без мојот создател?! Сами си го бираме патот и мислите.