1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали Господ казнува?

Дискусија во 'Религија' започната од Mr. Right, 27 август 2016.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Самата помисла дека некој што го познавам ке гори во пеколот во кој не верувам дека постои ама значи на другата страна кај грешниците, ми ја уништува и мојата среќа и престојот во рајот( ако постои)
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.038
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам дека тоа е така затоа што не ја познаваш и не ја прифаќаш божјата волја. Како што пишаа погоре дека им е нелогична. Се што е од Бог е сосема логично ама за да се сфати треба да се навлезе во суштината на Библијата а не само површно и набрзина да се читне.
     
    На Таа Сум, Rama, Mr. Right и 2 други им се допаѓа ова.
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Каде е тогаш нашата слободна волја која секому од нас Бог ни ја дал? Слободната волја подразбира и искрено да чувствуваме.

    Луѓето се тие кои поради својата несовршеност применуваат казни, наоѓајќи во тоа некакво болно пореметено задоволство. Бог не е човек па да се однесува човечки.
     
    На Someonespecial, Lella, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Вероватно во рајот тие што ќе одат нема да го паметат овој земјин свет и сите блиски свои ке им бидат избришани од меморијата:)
     
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.038
    Пол:
    Женски
    @daylight секој човек има апсолутно слободна волја да прави што сака во животот, да оди каде сака, да верува во што сака, со тоа самиот или ќе се издигне или ќе падне. Моја волја е дали јас ќе грешам без срам или ќе се поправам и ќе барам покајание. Божја волја е она кој и на каков начин ќе биде казнет за своите гревови или награден за својата послушност.
     
    На Таа Сум, Rama, Mr. Right и 2 други им се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    @Bitter-Sweet Не зборувам за време на престојот на земјава, туку за слободната волја во рајот.

    Да речеме некој/а е во рајот бидејќи слободната волја ја искористил/а за издигање, а нејзините најблиски се во пеколот бидејќи ја злоупотребиле за паѓање. Во неа во рајот се јавува чувство на недостиг, на жал... тоа чувство расте и си вели ебате рајот кога не сум со саканите. Би можела ли тогаш таа душа да појде во пеколот штом така се чувствува и ако така сака?
    Разбирливо е дека Бог кој е совршен има своја волја - совршена Божја волја. Неразбирливо е тоа што совршено битие како Бог (наводно) наоѓа за потребно и/или има задволство во тоа да казни несовршени битија како што се луѓето. Ако е некој совршен, тогаш нему/нејзе ништо не и фали!!! Тогаш нема да го допира како некои други се однесуваат, па оттаму нема ниту да има потреба другите да ги казнува!
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  7. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Викате Бог не казнува? Така викате,можете слободно да живеете без казна за вашите глупости..
    Еве истиот Тој Бог што вели....

    Зашто јас, Господ, Бог твој, сум Бог љубоморен, кој ги казнувам гревовите на татковците - гревовите на оние кои ме мразат - кај децата до трето и четврто колено, а покажувам милост кон илјадници кои ме сакаат и ги извршуваат моите заповеди“ (2. Мојсеева 20,4-6)

    “Човек кој ќе прељубодејствува со мажена жена, кој ќе изврши прељуба со жената на својот ближен, нека биде казнет со смрт; и прељубникот и прељубницата.” (3. Мојсеј (Левит) 20:10)

    „Не изговарај го напразно името на својот Господ Бог, зашто Господ нема да го остави без казна оној што го изговара неговото име напразно!“ (2. Мојсеева 20,7).

    “И оној што ќе го навреди името Господово, треба да умре, со камења да го убие сиот народ; било да е тој придојден или тукашен, ако похули на името Господово, да умре.” (3. Мојсеј 24:16)

    18. Вражачи да не оставате живи.
    19. Кој ќе згреши со добитокот, со смрт да се казни.
    20. Кој принесува жртви на други богови, освен на Единиот Господ, со смрт да се истреби. (2.Мојсеева 22:18-20)

    22. Не навредувајте ни вдовици ни сираци;
    23. ако ги навредиш и тие, негодувајќи се обрнат кон Мене, ќе го чујам повикот нивни,
    24. и ќе се распали гневот Мој, па со меч ќе ве убијам, и жените ваши ќе останат вдовици, и децата ваши – сираци. (2.Mojсеева 22:22-24)

    5. тогаш Јас ќе го свртам лицето Мое против тој човек и неговиот род, ќе ги истребам и сите едномисленици, што ќе го следат во блудството негово со идолите на тој народ.
    6. И ако некоја душа тргне по оние што гатаат на животински црева, и по магесници, за да го следат нивното блудство, Јас ќе го свртам лицето Мое против таа душа и ќе ја истребам од народот нејзин.
    7. Бидете свети, зашто Јас, вашиот Господ Бог, сум свет.
    9. Човек, кој го навредува таткото свој или мајката своја да биде убиен; тој што го злословува таткото свој или мајката своја: виновен е.
    10. Ако некој изврши прељуба со мажена жена или со жената на ближниот свој – да бидат убиени и прељубодеецот и прељубодејката.а своја да биде убиен; тој што го злословува таткото свој или мајката своја: виновен е.
    13. Ако некој легне со маж како со жена, и обајцата извршиле гнасно дело: да бидат убиени, виновни се.
    18. Ако некој легне со жена кога е нечиста од излив на крв, и ја открие голотијата нејзина, изливот на нејзината крв, и таа го открие изливот на својата крв: и обајцата да бидат истребени од народот свој.(претпоставувам дека се мисли на однос за време на менструација).
    20. И ако некој легне со роднина своја, тој ја открил Голотијата на родот свој: нека умрат без деца.
    27. Маж или жена, ако извикува духови на мртви, да бидат убиени; со камења да ги убиете, виновни се.” (3.Мојсеева 20:5-27)

    2. И ќе ти ги предаде Господ, твојот Бог, во рацете твои, и ги разбиеш, – тогаш предај ги на клетва, не прави со нив сојуз и немој да ги помилуваш;
    3. и не се ородувај со нив: ќерката своја не ја давај на синот негов, и ќерката негова не земај ја за синот твој,
    4. зашто тие ќе ги одвратат синовите твои од Мене, за да им служат на други богови, тогаш ќе се разгори врз вас гневот на Господа и Он ќе те истреби. (5.Moјсеева 7:2-4) (Oва се однесува на мешаните врски/бракови меѓу Христијани и некои од други вери).

    27. Ако и покрај сево ова не Ме послушате и тргнете против Мене,
    28. и Јас ќе тргнам против вас со гнев и седумкратно ќе ве казнам според гревовите ваши,
    29. и ќе ги јадете телата на синовите свои, и телата на ќерките ваши ќе ги јадете.
    30. Ќе ги разрушам жртвениците ваши, ќе ги разрушам ракотворните столбови ваши и ќе ги фрлам труповите ваши врз урнатините од идолите ваши, и душата Моја ќе се одврати од вас.
    (3.Мојсеева 26:27-30)

    23. Ако некоја девица, свршена за маж, ја сретне некој во градот и легне со неа,
    24. тогаш и обајцата да ги доведете пред портата на тој град и да ги претепате со камења до смрт: момата поради тоа што не викала во градот, а мажот, поради тоа што ја осквернил свршеницата на ближниот свој: така истребувајте го злото од себе.(5.Moјсеева 22:22-24)

    17. Блудница од Израилевите ќерки да нема, и блудник да нема од синовите Израилеви.(5.Мојсеева 23:17)


    Ги земам денес за сведоци против вас небото и земјата:дека пред вас ставам живот и смрт, благослов и проклетство. Затоа избери го животот за да останеш жив, ти и твоето потомство(5.Мојсеева 30:19-20)

    НО БОГ ПРОСТУВА НА ОНИЕ КОИ ЌЕ СЕ ПОКАЈАТ И ОДВРАТАТ ОД ГРЕВОТ(исповед+покајание кај Свештеник)


    “Но ако Му ги признаваме своите гревови на Бог, Тој е правичен и ќе си го одржи ветувањето: ќе ни ги прости гревовите и ќе не исчисти од сета неправедност.” (1. Јован 1:9)
    “Не сфаќај ја погрешно Божјата прекумерна добрина, воздржливост и долгата трпеливост спрема тебе! Божјата добрина ти дава време за да се покаеш!” (Римјаните 2:4)
    “Господ не одолжува со исполнувањето на Своето ветување, како што некои мислат. Тој само е трпелив, зашто не сака никој да заврши во пропаст, туку секој да се покае и да се спаси” (2. Петар 3:9)
    “И така, знај дека Господ, твојот Бог, е верен Бог, Кој го пази од илјада поколенија Својот завет и има милост спрема оние што Го сакаат и ги извршуваат Неговите заповеди.” (5. Мојсеј 7:9)
    “Ќе им ги простам нивните престапи и никогаш повеќе нема да ги спомнувам нивните гревови!” (Евреите 8:12)
     
    Последна измена: 28 август 2016
    На Таа Сум, Yolanda, A-j-a и 5 други им се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    @daylight, Бог во Библијата ветува дека во рајот нема да има тага, ни смрт, ни болести и дека ќе ја избрише секоја солза (Откровение 21:4, Библијата)
    Тоа значи дека или тагата по непокајаните наши блиски пријатели и роднини ќе помине или ќе ни биде избришана таа меморија од мислите. Или нешто трето, но сепак Божјото ветување е сигурно дека тага нема да има, ниту пак солзи таму. Се што Бог ветил до сега се исполнило, затоа можеме да му веруваме и за работите што ги ветил за иднината.

    Божјата совршена воља е пред се СУВЕРЕНА воља. Суверена значи дека Бог не мора да ја опрадвува својата воља или да бара оправдание и да се изговара пред луѓето зошто мора да постапи вака или онака. Кога би го правел тоа, тогаш Бог не би бил Бог, туку некое смешно богче кое се тресе на обвинителната клупа додека човекот стои на судсиот стол и бара одговорност од Бог зошто постапил вака или онака.
    Значи да скратам, Божјата совршена и суверена воља во однос на нас грешниците е објавена во Светото Писмо и таа јасно гласи вака:
    Сите луѓе сме грешни и осудени за вечно уништување. Сепак Бог обезбедил спасување преку Неговиот Син Исус Христос кој се жртвуваше за нашите гревови на крстот.
    Секој што ќе се покае од гревовите и ќе поверува во Исус Христос, ќе се спаси од Божјата осуда и ќе добие вечен живот во Небесното царство.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Религијата е инструмент да ги држи луѓето покорни и во заблуда.
    „Божјата казна“ исто така.
    Само вие мислете си дека Божја казна е гладта во светот, болестите, војните, поплавата во Стајковци итн итн.
    Само вие мислете си.

    :D
     
    На sparklie, blackwave, eloves и 5 други им се допаѓа ова.
  10. westt

    westt Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    163
    О да бог дава казна кога тогаш. Прабаба ми покојна секогаш велеше на мајка ми „КЕРКО НЕ ПЛАЧИ , БОГ НЕ Е ЕВРЕИН ДА ДАДЕ ВО МОМЕНТОТ,БАВЕ АМА НЕ ЗАБОРАВЕ„. (додека мајка ми плачеше кога бабами свекрва и и ја понижуваше,колнеше). Секогаш се секавам на тие зборови на пребаба ми кога ке речеше „Ке дојде ден кога ке врати бог , јас може нема да сум жива да видам , ама тие шо ке останат ке знаат зошто е така „. Е дојде ден денес златен ден богородица некам душа да грешам и бог бнека ми прости ако грешам , и даде казна на баба ми немилосрдна. Еве сега таа снаа која беше курва,недомакинка,таа која ја колнеше да и даде чаша вода.
     
    На cresa-jagoda и Outlook им се допаѓа ова.
  11. Jasminkabibibi

    Jasminkabibibi Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2016
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Тешка тема за коментирање...но не ми е едно јасно голем дел од лугето кога пагаат во тешка состојба само тогаш го бараат господ-бог напомош:(Верувам во некоја голема сила која ја поседува црквата,ми дава мир и спокојство кога ке влезам во неа...а во казни не верувам секој си ја крои својата судбина....
     
    На westt му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.991
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    Не ми баш јасен постов ама зошто Бог казнува ? Зошто мајката - таткото го казнува детето ако нешто згрешило ?
    Инаку за темава рај и пекол ... ако планетата Земја е најтешката школа од сите димензии тоа е чистилиште на Данте ... и сами доаѓаме овде и сами си одиме, како доаѓаме така си одиме голи и боси и што год да ти стават џабе е. Така што ебате рајот ако не сум со саканите малку е дискутабилно зш она што овде ти е другар во суштина во таа димензија не знаеш што ти е. Нашите мозоци сеуште не се спремни да знаат се на оваа тема.
    Инаку според мене Бог казнува и те како и г подготвува луѓето во текот на животот за она што треба да дојде. Џабе не е БОГ НЕ ТИ СТАВА ТОВАР КОЈ НЕ МОЖЕШ ДА ГО НОСИШ.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. westt

    westt Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    163
    Само верба во бога.
     
    На cresa-jagoda и HUNK им се допаѓа ова.
  14. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.991
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    Е, кога на луѓето им се кажува МИСЛИ ШТО ПРАВИШ НЕ СМЕ ЗА ДЕНЕС И УТРЕ САМО, не го гледаат тоа сериозно и нарочито денес размислуваат дека секој за себе треба да живее, а не е така и доаѓа ден си го плаќаат цекот. Сите ние грешиме затоа како е Бог никој не е.
     
    На Rama, cresa-jagoda и westt им се допаѓа ова.
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Но таа истата црква проповеда казни, и тоа вечни за сите оние кои не веруваат и не ја сфаќаат верата како самата црква.
     
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Други ти ја кројат судбината нажалост. Други одредуваат каде ке се родиш, кој ке те одгледува, дали некој на улици ке те собере недај боже и инавлид ке те стори и др. сценарии..ние имаме само можност да избереме од понуденото.
     
    На Jasminkabibibi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Jasminkabibibi

    Jasminkabibibi Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2016
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Верувам дека сами се казнуваме за грешките а не бог или црквата....
     
  18. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.499
    Допаѓања:
    33.297
    Да, најтешка казна е ако не веруваш во него, или пак се самоубиеш.

    За друго, треба само од дното на душата да побараш прошка, и ќе ти прости. Тешко ќе биде, но ќе бидне...

    Само не ми е јасно за што ги казнува сите оние деца и жени кои се силувани секој ден, сите оние кои умираат од глад и војни, или пак од тешки болести...

    Али тоа е за во некоја тема каде се користи здрав разум и логика...
     
    На sparklie, kjukli, eloves и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Jasminkabibibi

    Jasminkabibibi Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2016
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Да избираме но продолжуваме:)
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.991
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    Секоја душа пред да се роди го избра свесно животот овде на земјата, доказ за тоа се оние претчуства. Кога игнорираш претчуство и свеста надвладува тогаш се запаѓа во невољи и се учи школа.
    Кој друг избира каде ќе се родиш ?
    Никој од нас не го видел Бог ама ретко кој не ја осетил неговата моќ.
     
    На cresa-jagoda, daylight и rose60 им се допаѓа ова.