Да, казнува. На нас луѓето (зборам за верниците) ни е тешко да почитуваме 7 Божји заповеди и некогаш свесно или несвесно правиме работи спротивни на нашето религиско учење. Господ простува и помага онаму каде што има изразено вистинско каење и сигурност за не - повторување на слични дела. Онаму каде што еднаш е подадена рака и продолжи да се прават истите работи, спротивни тогаш мислам дека Господ казнува на некаков начин.
Мене па ми е многу интересно она кога некој човек ќе стори нешто лошо ондак не е до господ пошто он му дал слободна волја на човек, ама човеков не ја користи као шро треба. А кога некој добро ќе стори, ондак господ го пратил. Или ако избегнеш несреќа за малку, господ те спасил. Инаку за другото, не е до него.
Не, Господ не казнува. Доволно го казни Исус на крстот за сите наши гревови. Тој е како родител, не подучува, ни ја чисти душата, ни го храни срцето и како судија дозволува некои непријатности и лоши работи да се случат.Тој има совршен план за нашиов живот и затоа го создал секој каков што е, ништо не е случајно ниту бесцелно...но овој свет е паднат а човеков без Бога е слаб и не секогаш работите идат како што треба...Среќа Бог е трпелив и никогаш не не напушта. Тој не се радува на нашата мака,но ако ние се одалечиме самите од него тогаш немаме никаква заштита од овој свет и полека пропаѓаме. Е таа е таа казна која нема врска со Бог.
Ако постои и е семоќен, логично е дека казнува или се изживува според свои критериуми, инаку од каде толку страдање и несреќи во светов на кои им нема крај. Е сега, може и да не постои (во таа форма во која го замислуваат повеќето) и да не е семоќен и да е само еден од многуте итн., а страдањето да се должи на други фактори, на пример случајност.
Секое добро е од Бог, секое лошо е од злиот, како нашиот Тоше вика секое лошо за добро е, има приказна за кинески фармер на кој му избегал коњот, мора да ја прочитате многу е добра. Нашиот избор на постапки не доведува до казнување или спасување. Надприродни несреќи. Добро или лошо? Кој знае?(така се вика приказната за фармерот).
Нема нешто многу чудно тука, човекот сам ги носи одлуките со разумот и слободната волја што Бог му ги дал, прашање само во кој правец и како човекот ги развивал. Ако го бара Бог, Тој ќе биде со него, ама човекот ќе си ги сноси последиците. Бог му го сочувува животот.
Чудни се патиштата господови ..да казнуваше немаше до ова дереџе да дојде човештвото . .на сите нас не ни е јасно како може да се случуваат вакви неправдини и топ да не ги бие
Во темава се водеа дискусии и дискусии за ова, сега ми текна дека може едноставно и накратко да се објасни. Дали Господ казнува? Не. Тоа што луѓево го нарекуваат казна, не е казна. Тоа е лекција и шанса да се покаеме и поправиме. Казната за гревот е само една - смрт и пекол. За да не дојдеме до тоа, ќе ни се случат некои работи тука, се' со цел наше покајание и враќање кон Бога.
Не казнува затоа што љуби. Детето мало го караш понекогаш и удираш кога упорно ги нута рацете во штеќер или фаќа кај пто не треба затоа пто го сакаш, не е тоа казна.
Баш дека казнува се случуваат сите овие работи низ светот некој што прави зло и неправда ама го гледате како ужива во материјални земни работи не значи дека е награден баш напротив тоа е казна таквите луѓе се духовно слепи без никаков морален компас и совест и ако не во овај живот ќе си го добијат заслуженото после смртта се што можеме да направиме ние е да гледаме ние лично да живееме во покајание и да не правиме зло и неправда
Дете не се удира. Светот е ужасно место поради вас кои ги трауматизирате децата, а после krivi se satanata i gre6nata priroda na 4ovekot.
Се удира и тоа како кога има потреба. И Бог го удирал својот народ со ропство и болка кога забегувал и требало да се свести. За жел некогаш тоа е последното средство.
Но очигледно тоа освестување не се случило. Тоа дека Бог удирал е лага на сатаната со цел да ги исплаши луѓето всадувајќи им лажна замисла за Бога, а кој всушност е вечноструечка љубов. Родител кој е полн со љубов, мудрост и разбирање како прво нема да излезе од такт поради постапките на своето дете, како второ ќе умее да најде начин како на детето да му ја предочи грешката и му го покаже правилниот пат. Бог не ги казнува луѓето, но не се вмешува во последиците кои прозлегуваат од причините кои ги поставиле самите луѓе. Слично како што сонцето грее подеднакво и за житото и за плевелот, но не е сонцето тоа кое го садело плевелот.
Не станува збор за излегување од такт. Бог не удира дирекно, ама ја тргнува заштитата. Сите поробувачи на Израелците низ историјата се Божји камшик за нивно освестување. Ние како Божји деца имаме разум и затоа ги носиме последиците (но и тогаш Господ е со нас), за разлика од малите деца кои сеуште не се свесни какви можат да бидат последиците.
Точно, ама постои поинаков начин да му посочиш на дете дека нешто не во ред отколку да го тепаш. Господ не не казнува туку ни дава лекција, и не со ќотек.