Дали Господ казнува?

Дискусија во 'Религија' започната од Mr. Right, 27 август 2016.

  1. n.lauda

    n.lauda Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2023
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Машки
    Така де, не со ќотек, (со ропство) некој пат и со потешки последици. Затоа што не сме послушале, ќе поминеме со потешки последици. Детето (пишав за жал некогаш е и последно средство) ќе го удриш и ќе се воздржи и ќе помине со полесни последици. Нема да го утепаш, не преувеличувајте.
     
  2. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    2.618
    Не знам дали е Господ или што, ама се се враќа како бумеранг.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    731
    Пол:
    Машки
    Точно за непочитување на божјите заповеди следува казна и окупација земи пример кај нас задњи 100 години каква морална декаденција се случува помалце за разлика од западот но сепак доволно, комунизмот иако генерално го ценам како општествено уредување не дојде туку така да не окупира духовно и да промовира атеизам, не дојдоја ниту новиве неолиберални западни трендови случајно сето тоа е производ на отпаѓање од верата и тоа што нашите предци си се понашале ноншалантно во врска со верата и не пренеле добро градиво на следните поколенија
     
  4. Футфут

    Футфут Нов член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Ако веруваш во Бог тогаш да, те казнува со грижа на совест, која што освен казна е и механизам за спас
     
    На n.lauda и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  5. gtramg

    gtramg Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2024
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Машки
    Не може да казнува некој кој Не постои !
     
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.671
    Допаѓања:
    14.138
    Лани есента слушнав како еден комшија за својата тетка коментирал „многу работи, ама ќе види, ќе добие удар“ и поминаа неколку месеци, ама не тетка му, мајка му доби удар и еден месец помина во болница. Што е најглупаво, тетката дознала дека внукот посакува таа да добие удар. Истиве се смееја на сите што немаат пари да школуваат деца на факултет, сега нивното дете се префрли вонредно на студии оти не им стигаат парите. Кога ќе видам вакви примери, сфаќам дека човек не треба да мисли лошо никому. Не мораш да правиш добро, да се жртвуваш за некој, да трошиш време за да помогнеш на некој неблагодарник, ама држи дистанца, не прави зло, не мисли лошо никому.
     
    На Трагедијаупмм, daylight, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  7. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.769
    Допаѓања:
    15.504
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm клети мисли, клета уста. Се истрчуваат после пу, пу не важи. Инаку да, вакви ситуации доста имам среќавано..
     
    На Tanjamm и GirlLove им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.671
    Допаѓања:
    14.138
    Човек треба да се плаши од сето ова. Инаку, истото семејство во минатото беше многу имотно(и денес е донекаде), па буквално секој што беше попаметен од нив и што имаше капацитет да напредува во животот го нарекуваа „заостанат“ од завист и замисли им се роди дете кое навистина има заостанат развој, тоест дете со посебни потреби. Значи, ајде и да не го наречеме Господ, постои виша сила, карма, како и да е, енергија која се враќа. Овде не се работи за некоја глупост, сме се скарале по форум, ситница, ова е директно посакување на смрт, зло, болест, пропаст и сиромаштија на луѓе кои ништо не им згрешиле и тоа им се враќа нив, злобата.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.769
    Допаѓања:
    15.504
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm да, скроз го делам истото мислење. Се враќа сето кога-тогаш.
     
    На Tanjamm и GirlLove им се допаѓа ова.
  10. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.942
    Допаѓања:
    7.745
    Пол:
    Женски
    Не знам, тешко прашање. Не сакам да мислам на тоа. Можеби казната/кармата за некого не е баш одма видлива. Можеби и не постои карма/казна. Познавам луѓе се убија од зло мислење, па правење магии да име биде лошо на блиските. И досега не сум видела казна кај нив. Можеби има нешто што лошо да им се случува а јас да не знам, можеби и нема да има.
    Знам само дека мислење на зло е отров за душата.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  11. exceptional

    exceptional Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2023
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    571
    Да! Сведок сум.

    Beloved, never avenge yourselves, but leave room for the wrath of God; for it is written, “Vengeance is mine, I will repay, says the Lord. ❤️
     
  12. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.973
    Допаѓања:
    9.769
    Пол:
    Женски
    Нема такво нешто. Луѓето сами себе се казнуваат или помеѓу себе.
     
  13. n.lauda

    n.lauda Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2023
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Машки
    Ако верувате во Господ, а верата се добива со читање на Светото Писмо, а со тоа и се запознава Бог ќе сфатите дека Господ е љубов (дефиниција за љубов) и дека не казнува, но не ги спречува последиците од гревовите заради правдата. Секој што има разум треба да го користи во согласност со Божјите ветувања и да има во животот Божји мир и радост. И ако човек бега од Бог, работи спротивно или го игнорира и вели дека не постои може само да ја нема или да ја нема доволно Божјата заштита, па кога нешто лошо ќе го снајде ѓаволот ликува кога луѓето имаат перцепција дека Бог го казнува човекот.А тој, лукавиот токму тоа го сака, луѓето да имаат погрешна претстава за Бог дека е строг судија кој едвај чека некој да згреши за да го казни.
     
    На KittyAgnes и Just_a_kid им се допаѓа ова.